На „фронтот“ ништо ново. СДСМ како челник на опозицијата и натаму интензивно и мошне успешно работи во корист на својата штета, притоа користејќи секакви „средства“, а особено лагата со кратки нозе (експресно откриена, по што се молчи како да не била искористена- употребена). Позицијата, пак, на чело со ВМРО ДПМНЕ, засега најчесто експресно и мошне успешно ги „разголува“ кратките нозе на лагата (стануваат се пократки), но е забележливо и поставувањето на прашања кои ептен заслужуваат одговор, без оглед што не го добиваат оти очигледно се многу непријатни.
Меѓутоа, она што ни станува најинтересно на „фронтот“ во последно време е проблемот на паниката. Партијата СДСМ како папагал повторува дека ВМРО ДПМНЕ е во паника, а вторава, пак, е дури за првата неподносливо „мртва ладна“, особено кога говорат и одговараат Груевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Ај за Груевски може да е тоа очекувано (секој со спортски дух, па и поранешен боксер, мора да биде таков „како таков“), но за една млада дама со толку клучна улога во „менаџирањето“ на безбедносната состојба во земјава…
(повеќе..)