Subscribe

Кампања за предвиден пораз и сигурна победа

март 20, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Токму во тоа е единствената разлика на кампањата што се одвиваше во изминатите 20 дена за претседателските и локалните избори во Македонија, в недела на 22- ри март.

Поразот е реален за СДСМ и неговите опозициони партнери, а очекувана победа се трудеа да обезбедат ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. Резултатот… (повеќе..)

Дуел- да или не

март 14, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Оние што редовно го читаат овој блог забележале дека, освен нови, за актуелни настани, прашања и проблеми во земјава и странство, со акцент на политиката и економијата, (пре)објавувам и серија текстови напишани во 2006- та година кои имаат не само дневно- „хрономерско- хроничарско“, туку и пошироко, па и „вонвременско“ значење. Последните десетина речиси исклучиво се однесуваа на тогашните парламентарни избори во Република Македонија.

Нудам уште еден текст чија тема се (ре)актуелизира деновиве, во екот на предизборната кампања за претседателските и локалните избори, а особено од страна на опозиционите претседателски кандидати: „нужноста“ од тв дуел односно медиумско соочување. Со аргумент дека е тој „најголем израз на демократичноста на изборите“. Што инаку воопшто не е точно. Имено, тој во развиениот демократски свет е посакуван, но не и нужен. „Најголем израз“ е личното (кандидатско) соочување со гласачкото тело.

Прилогот е објавен под наслов „Дуел“, на 18.05.2006.

(повеќе..)

Исто, ни најмалку различно

март 02, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Што очекувате од предизборната кампања за парламентарните и локалните избори што стартуваше денеска? Јас веќе одговорив (види прилог под овој): ама баш ништо! Се разбира, почитувам различно, спротивно мислење, па и она: „А што треба да очекувам? Кампања како кампања“.

Можно ли е да се измисли нешто ново во нејзини рамки, а да не биде откривање на „топла вода“? Се разбира, ама не го очекувајте тоа од мене, ниту од кој било што со судни маки си ја брани својата „интелектуална сопственост“. Да бев во некоја маркетиншка агенција од избраните на партиите или ангажиран во нечиј изборен штаб…

Нудам еден прилог за (пре)прочит чија содржина нема да ве буни, да ве стави во никаква недоумица, само доколку го имате предвид датумот на неговата објава (15.06.2006. под налов „Предизборна кампања“). За неупатените: се работи за почнувањето на предизборната кампања за последните редовни парламентарни избори во Република Македонија во 2006- та. (повеќе..)

Старт на предизборната кампања: ништо ново, интересно, инвентивно

март 02, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Како што се очекуваше и најавуваше, без оглед што гласачите во Макдонија за првпат ќе бидат во „необична“ ситуација- едновремено ќе гласаат и за нов претседател на државата и за градоначалници на своите општини сосе советници, уште на стартот е јасно дека се ќе биде „стандардно“, што значи веќе видено, чуено, со „сигурна и проверена“ форма и содржина. Оние што барем малку повнимателно и поинтензивно ги следат севкупните состоби во земјава и нејзината позиција (проблеми) на меѓународен план, по денешните „промотивни“ митинзи немаат причина да продолжат да ја следат кампањата, особено не преку медиумите- и електронските и печатените. (повеќе..)

Има некоја тајна врска

јануари 16, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Неретко ми се случува(ло) да прогнозирам- предвидам настани и случувања кај нас и во светот, и тоа до најситниот детал. Тоа отсекогаш сум го сметал и го сметам како резултат на континуирано следење, логично промислување, скромен „капацитет“ за антиципација, а никако не како некаква посебна дарба дадена од Бога. Особено затоа што сум „погодувал“ како „deja vu“, односно случајно совпаѓање.

Читајќи ги можностите на модерната „технологија за контрола“, понекогаш ми доаѓало да се запрашам дали е можно нашиве „горни“ да напреднале до таа мера, та однапред го читаат она што сум го напишал, а не сум го објавил. (повеќе..)

Уште една недоветност на СДСМ

јануари 13, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

За жал, уште еднаш, по којзнае кој пат, мора да се констатира дека СДСМ, партијата која во изминатиот период, од осамостојвуањето на Република Македонија до денес, беше најмногу години на власт, а во опозиција беше (веќе не е) главен фактор во политичките битки, пресметки и премрежија, е во длабока кал од која не може уште долго да излезе. Затоа што очигледно нема сили, а од ден на ден станува се понемоќна, за чекорење кон цврсто тло, излегување од неа и чистење односно прочистување.

Се чини дека најголем проблем на партијата, непосредно поврзан со кадровскиот потенцијал, е умисленоста дека е се уште „важна“, дека има една од носечките улоги на македонската политичка сцена, а што е резултат на долгогодишното „негување“ на ароганција, „државотворност“, политички игри, итроштини, манипулации…

(повеќе..)

Превентивно и последично: за политичката наивност

септември 09, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Прилогов во оваа рубрика е објавен на 22.02.2006-та година под наслов „Политичката наивност“, а се реактуелизира со веќе започнатите подготовки за локалните избори идната-2009-та година во Република Македонија (претседателските засега како никому да не му се интересни). Судејќи според она што се случува и најавува (политичко групирање и прегрупирање, првични сметки и пресметки, активности на теренот), сигурен сум дека за неа допрва ќе имаме можност да расправаме, да теоретизираме и конкретизирамеза неа.

Се разбира, конкретните нешта не треба да се очекува да бидат повторени (сепак годините си го прават своето, особено на „планот“ на созревањето), но доколку навреме односно предвреме (пред следните избори) не се надминат или спречат, „суштината“ на политичката наивност, на која укажувам, ќе остане и повторно ќе предизвика долгорочни, далекусежни последици и за позицијата и за опозицијата.

(повеќе..)

Нови сериозни обвинувања за „недржавништво“ на Црвенковски

август 13, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Не само што ќе нема прегласување на „спорните“ закони, како што бара претседателот Бранко Црвенковски, туку тој (лично) ќе мора да одговори (малку веројатно дека ќе одговара) на мошне сериозни обвинувања: дека го крши Уставот, манипулира со граѓаните и се меша во работата на Собранието и Уставниот суд.

(повеќе..)

Сериозна „ретроспектива“ на помилувањата на Црвенковски

август 10, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција презентира цел список на лица кои биле осудени и помилувани од претседателот Бранко Црвенковски, а кој пред домашната, па и меѓународната јавност (го имаме предвид неговиот углед како претседател) го ставаат во мошне непријатна позиција: дека работи и дејствува партиски (ги штити луѓето и интересите на неговата партија СДСМ), но и противуставно односно ја злоупотребува службената положба. На посреден начин мошне „проблематични“ стануваат и аболицијата на Зоран Заев и  дигнитетот на  СДСМ.

(повеќе..)

Колку му „дотежи“ на Груевски новиот „скор“ помеѓу ДУИ и ДПА?

јули 03, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Предвремените парламентарни избори генерално поминаа во мирна и демократска атмосфера, иако на некои места се прегласуваше и по 2 пати, оцени Државната изборна комисија.

„На овие две прегласувања, на коишто имаше поправен испит, граѓаните на Република Македонија покажаа и докажаа дека можат, и ДИК и граѓаните и општинските изборни комисии и избирачките одбори, во Република Македонија да спроведат мирни, фер и демократски избори“, изјави Јован Јосифовски, претседател на ДИК.

(повеќе..)

Решија неопределените? Не!

јуни 05, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Сакам да укажам на една заблуда или самоизмама што почесто имаме можност да ја слушаме деновиве, по очекуваниот триумф на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на 1-ви јуни. Ја искажуваат новинари- хроничари и аналитичари, но и политички стручњаци. Со што покажуваат не само незнаење и непознавање на постоечката политичка состојба односно клима кај нас, туку и основно неразбирање на политичката борба воопшто (секако, пред се за освојување на власта).
(повеќе..)

Или „метла“ или „бришка“

јуни 03, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Не триумфот на ВМРО-ДПМНЕ односно коалицијата „За подобра Македонија“ и на ДПА во политичкиот кампус на македонските Албанци, туку катастрофалниот пораз на СДСМ, сосе коалицијата „Сонце-Коалиција за Европа“, е очекуваниот и посакуваниот исход од вонредните парламентарни избори! Мораше да се случи токму ова за врвот на СДСМ конечно да сфати дека е во тотален колапс, а обидот за „стабилизација“ во меѓувреме, пред две години (со лидерската смена  и „подмладувањето“ по поразот на редовните избори) претставуваше само одложување на пропаста или бришењето од македонската политичка сцена.

(Не се случило никаде во развиениот демократски свет позицијата да ја порази опозицијата толку убедливо- со повеќе од 2:1, а згора на тоа лидерката Шеќеринска да се пофали дека „успеала“ да го надмине
предвидениот 3:1, од истражувањата на јавното мислење; кој патем до изборите не го признаваше, го сметаше за наместен, тенденциозен, нереален, „навивачки“. Човек да не знае дали да плаче или да се смее на ваква „лидерска“ ступидарија.) (повеќе..)

Изборна програма

јуни 03, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Клучниот „фактор“ за триумфот на вонредните парламентарни избори на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, е „Изборната програма“.

(повеќе..)

Очекувана победа- очекуван пораз

јуни 03, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Се се случи исто, само малку различно. И во однос на очекуваната убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ, односно коалицијата „За подобра Македонија“, но и во однос на причинско- последичните „релации“ што во предизборната кампања, а треба да се случат особено по очекуваниот катастрофален  пораз на СДСМ и коалцијата „Сонце-За европска Македонија“.

Се разбира, мислам на парламентарните избори во Македонија во 2006-та и на вонредните одржани вчера.

Како потврда на воведниве зборови, во продолжение следува мојот
прилог под горниот наслов, објавен во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ на 06.07.2006.

(повеќе..)

Предизборно касапанско сценарио

мај 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Веќе нема дилеми дека вонредните парламентарни избори во Македонија ја „инспирираа“ опозицијата (не дел од неа, бидејќи барем на тој план македонските партии се прецизно „диференцирани“) да подготви и вонредно сценарио кое ќе резултира со „уште еден пораз на Македонија на меѓународен план“. Како и се друго во изминатиот „катастрофален“ двегодишен период на владеење на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

(повеќе..)