Subscribe

Македонија не е правна, туку политичка држава

август 07, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Тоа е ставот на експертот по кривично право, професорот Д-р Ѓорѓи Марјановиќ, во врска со случајот со набавката на резервни делови за тенковите Т-55 и проневерата на околу 1 милион и 800.000 евра. Од четворица осомничени, двајца- генералот Стамболиски и Менкиновски се во притвор, а од слобода ќе се бранат првоосомничениот Бучковски и четвртоосомничениот Ацо Ѓурчевски.

(повеќе..)

Македонија: поделбата на ЕСМ на 3 компании доведе до целосна конфузија во енергетскиот сектор

август 09, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

И покрај жестоките противења (секојдневни протести), како и речиси едногласниот став на домашните експерти дека продажбата на ЕСМ во најмала мера е лоша за Република Македонија, со несогледливи долгорочни последици, СДСМ-овскаста власт тоа што го науми го спроведе. А сметката од нејзината „пресметка“ веќе им се испорачува на…граѓаните.

Не само што се доведени во „незгодни“ ситуации поради неплатените долгови, па сега се соочуваат со исклучувања (што од друга страна нема никаква врска со продажбата, иако и тоа се „влечеше“ како аргумент, бидејќи стануваше збор исклучиво за неспособност, неукост, па и евтино партиско калкулантство), туку и со реалната закана од „мрачна“ и темна (без наводници) иднина. (повеќе..)

5 години од масакрот кај Карпалак

август 08, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Кај секој народ, во сечие минато постојат болни, трагични моменти, нстани и места кои, иако не смеат да бидат нерасчистени и заборавни, сите власти, непосредно одговорните за нив, но и оние по нив, ги одбегнуваат, премолчуваат, замолчуваат, ги оставаат за некои „подобни“, „подобри“ времиња. Притоа и самите не знаејќи да објаснат кои се или кои би биле тие.

Еден од нив, од најблиското минато, од „најновата“  историја на Македонија е секако убиството на 10- темина македонски бранители кај месноста Карпалак,  на автопатот Тетово- Скопје.

На 8- ми август 2001-ва година, утрото во 9,30, припадници на ОНА извршија подмолно ѕверско убиство: 10- мина припадници на АРМ изгореа, а тројца беа повредени кога конвој со резервисти од Прилеп падна во заседа. Напаѓачите им се сигурно познати, макар на дел од досегашните власти (во кои бил коалициониот партнер ДУИ), но никогаш нема да им се суди бидејќи злосторот им е простен со Законот за амнестија (!).

(повеќе..)