Резултати далеку од катастрофални, но не и за (големо) задоволство
Надворешната политика на Македонија во 2009-та постигна забележителни и значајни резултати, но многу нешта останаа за сработување и доработка. Клучни се позитивниот извештај на Европската комисија, визната либерализација и децентрализираното управување со помош на ИПА фондовите, а не е остварена поширока дипломатска активност и поврзување со земји надвор од ЕУ, а кои воопшто не се оптоварени со проблемот на Грција во врска со името на нашата земја.
Од друга страна, оценките дека резултатите се „катастрофални“, ситуацијата е „безизлезна“ и е „изгубен угледот во меѓународната политика“ се паушални, дел од опозиционерскиот критизерски манир, во голема мера несериозни и не го поткрепуваат барањето на „доза на самокритичност“.

Нашите политиколози и другите „специјално учени“ малку се занимаваат со политичкиот фолклор како феномен на современото демократско плуралистичко општество. Можеби затоа што тој не е толку препознатлив во секојдневните активности на политичките партии, пред се на нивните лидери (најчесто се „врзува“ за нивниот настап во јавноста односно нивниот вокабулар). Па, следствено, и не е „загрижувачки“.
Воопшто не е спорна нужноста од постоење и постојано- континуирано збогатување на национална- Македонска енциклопедија (не Енциклопедија на Македонија). Национални имаат многу, речиси сите нации во светот. Таквата енциклопедија е одамна „дефинирана“- утврдени се нејзините основни карактеристики: енциклопедиското знаење се групира според исклучително важен критериум- националниот, кој подразбира собирање и лексикографско систематизирање на знаењето за националните култури, достигнувањата и вредностите. Тој е мошне значаен за, како што потенцираат енциклопедиски авторитети, виталните интереси на слободата и опстанокот, особено на малите народи во современиот свет. Постои општа согласност дека во тој свет се загрозени двете најголеми придобивки на граѓанското општество- правата на човекот на индивидуална (лична) и колективна (национална) слобода.
Излегувањето во јавноста на екс министерот за одбрана Љубен Пауновски, со мошне сериозните и тешки обвиненија против екс премиерот Љубчо Георгиевски, никако не би смеело да заврши како еден од многуте мали „дневно- политишчки шокови“ со кои македонските граѓани ги „почестуваат“ одвреме- навреме нашите (по)минати и сегашни политичари, политиканти и полит- бизнис олигарси. Без оглед што тоа се однесува на веќе поодминато определено свршено време (ептен определено).
Јавната администрација е проблем кој „се влече“ уште од почетокот на независниот опстој на Република Македонија, и тоа како несоодветна и во квантитативна и во квалитативна смисла (бројна, неефикасна и партизирана). Всушност, намерно „го влечеа“ сите досегашните власти- Влади, а обидите таа да се реформира (осовремени- рационализира и модернизира) претставуваа само „шминка“ и замајување на домашната јавност и меѓународните „набљудувачи и контролори“ на процесот на европеизација и натоизација на државата.
Што очекувате од предизборната кампања за парламентарните и локалните избори што стартуваше денеска? Јас веќе одговорив (види прилог под овој): ама баш ништо! Се разбира, почитувам различно, спротивно мислење, па и она: „А што треба да очекувам? Кампања како кампања“.
На почетокот од 2006- та година (18.01.) во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ го објавив прилогот под горниот наслов, а како реакција на изјава- најавена намера на тогашниот македонски премиер за „европеизација на македонскиот народ“. Ја задржав сериозноста на пристапот (иако изјавата тогаш ја сметав и ја сметам за небулозна, дури ступидна), а се што е подолу напишано„произлегува“ од прашањето што ми се поставува(ше):
Судејќи според подготовките за фер и демократски избори (изборното законодавство) и почетокот на медиумската кампања, уште отсега едно е сигурно: ќе биде интересно, а богами и мошне весело и смешно.




