јули 04, 2011
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
(20.03.2007)
Предупредувањето на Шефер дека постои реална закана за ракетен напад на Европа изненади многумина, но во меѓувреме сомнежите се потврдија: дека зад тоа се крие оправдување односно поддршка на планот на САД да изгради систем на ракетна одбрана на европско тло, а на што жестоко реагира Русија.
(повеќе..)
мај 22, 2011
By: Димитровски Љупчо
Category: Петта страна на светот
No Comments →
Харолд Кемпинг не е кој било. Тој има 89 години, пензониран инженер е и има изградено мултимилионско медиумско царство.
Во изминатите неколку месеци испраќаше свои следбеници да ја обиколуваат Земјата, да ја делат Библијата и да закачуваат билборди со предупредување за „судниот ден“, емитирајќи ја својата порака дури на 71 јазик!
Да не го „предадоа“ годините?
(повеќе..)
ноември 20, 2009
By: Димитровски Љупчо
Category: Економикс
No Comments →
На Европа и олесна. Од вчера има една грижа помалку. И тоа не баш мала, без оглед што Брисел пред три дена на заплашените им упати смирувачка порака- дека европските складишта за гас се целосно полни, а во текот на јануари идната година ќе биде зголемен протокот на гасоводот „Јамал – Европа“. Четвртина од потребите на ЕУ од гас обезбедува Русија, од што 80% доѓаат преку Украина.
Значи, континентот нема да има проблеми со гасот оваа зима пред се благодарение на „расположбата“ помеѓу Путин и Тимошенко, односно на договорената нова формула за корекција на цените на рускиот гас за 2010- та: Украина од Русија купува гас, но и ги наплатува транзитните услуги. (повеќе..)
октомври 31, 2009
By: Димитровски Љупчо
Category: Економикс
No Comments →
Реална е опасноста со почетокот на зимата да избувне нова гасна криза каква што се случи на почетокот од јануари годинава. Причина е одново Украина, нејзината неспособност да продолжи со редовна исплата на испорачаниот руски гас, а поради длабоката економска криза.
Путин навреме ја предупредува Европа, а таа засега „глуми“ ладнокрвност.
(повеќе..)
јануари 29, 2009
By: Димитровски Љупчо
Category: Економикс
No Comments →
Во еден неодамнешен текст на овој сајт го изнесов својот став оспротивен на многумина светски економски експерти: дека годинава нема да биде „кулминативна“ за светската криза односно економската рецесија, туку тоа ќе биде идната или дури (со голема веројатност) 2011- та. Деновиве в0 некои медиуми и на Интернет имав можност да прочитам изјави на светски експерти во кои го тврдат истото- дека таа ќе потрае најмалку две- три години, а последиците од неа допрва ќе бидат „стресни“ за светот.
Сигурен сум дека Светскиот економски форум во Давос, кој започна вчера и ќе трае 5 дена, ќе потврди уште најмалку две нешта: дека рецесијата е свесно предизвикана, поради тесни „мултинационални“ и/или регионални геостратешки интереси, и оти нејзиниот почеток не беше минатата, туку е, може да се рече и допрва ќе биде оваа година. (повеќе..)
мај 10, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Антрфиле
No Comments →
По повод Денот на победата над фашизмот, 9-ти мај, руската армија одржа воена парада на Црвениот плоштад во Москва, на која за првпат по распадот на Советскиот Сојуз продефилира и руското тешко вооружување, како тенкови и балистички ракети.
(повеќе..)
април 02, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Акценти
No Comments →
Букурешт е подготвен за самитот. Отворањето ќе го означи традиционалната изложба на НАТО и самитот на владите од земјите членки и партнери на алијансата. Потоа ќе следува обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јап Де Хоп Шефер, а за денеска е најавено и пристигнувањето на американскиот претседател Џорџ Буш од Украина и на рускиот претседател во оставка Владимир Путин.
(повеќе..)
ноември 20, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: In continuo
No Comments →
Две третини од Русите ќе гласаат за партијата „Единствена Русија“ на претстојните парламентарни избори на 2-ри декември (2007.), а формацијата на претседателот Владимир Путин ќе добие значајно мнозинство во Државната дума.
Ова го покажа испитувањето на јавното мислење на независниот центар „Левада“.
(повеќе..)
септември 19, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Рускиот претседател Владимир Путин не планира да се повлече од политиката по истекот на мандатот.
„На мене ќе мора да смета секој претседател. Се надевам дека уште долго ќе бидам подготвен да и служам на својата земја“, изјави Путин, додавајќи дека се уште не знае што ќе работи по истекот на мандатот, но сигурно оти и натаму ќе учествува во политиката на Русија.
(повеќе..)
јуни 26, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Eppur si muove
No Comments →
Очекувано, на енергетскиот самит во Загреб не се реши проблемот со енергетската криза, со која се соочува регионот, но „ѕвездата“- рускиот претседател Путин најави засилена руска доминација на Балканот, како вовед во освојувањето на европскиот енергетски пазар.
(повеќе..)
јуни 05, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Рускиот претседател Владимир Путин се заложи за продолжување на времетраењето на претседателскиот мандат во Русија, но и против зголемување на бројот на мандатите што може да ги врши едно лице.
„Претседателски мандат од 5, 6 или 7 години е сосема прифатлива варијанта за денешна Русија, но бројот на мандатите треба да биде ограничен“, изјави Путин во интервју за група новинари од државите од Групата 8 индустриски најразвиени земји во светот (Г-8), додавајќи дека смета оти сегашниот мандат во Русија е многу краток. Во моментов трае 4 години и едно лице има право на најмногу 2 мандатa.
(повеќе..)
мај 18, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Балканот е вовлечен во геополитичкиот покер помеѓу Русија и Западот. Ескалирачката криза ги зафати и односите Вашингтон- Москва, во кои е вмешана и Грција, констатира грчкиот весник „Катимерини“.
(повеќе..)
мај 14, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Државниот секретар на САД, Кондолиза Рајс, на неколку дена пред нејзината посета на Москва дејствувањата на рускиот претседател Владимир Путин за зацврстување на сопствената власт ги окарактеризира како „збунувачки“ и нагласи дека односите помеѓу двете земји се комплицираат. И САД и европските партнери се „многу загрижени“ за концентрацијата на моќ насобрана околу претседателот Путин.
(повеќе..)
април 18, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Акценти
No Comments →
Русија и претседателот Владимир Путин го користат земниот гас, што го имат во изобилство, за да ја поделат Европската унија на „стара и нова“, користејќи се притоа со старата стратегија – раздели па владеј, пишува лондонски „Фајненшел тајмс“.
(повеќе..)
април 13, 2007
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Русија постепено се враќа во епохата на тоталитаризмот, оценува лондонски „Гардијан“ во еден од серијата написи посветени на Руската федерација.
(повеќе..)