Subscribe

За сеирџиите и мативодите

февруари 29, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Ако нешто позитивно забележувам во последно време кај нас, освен владиниот економски „бум“ на Македонија, што искрено ме весели ( за радување немам време оти со податоците за него ме бомбардираат секојдневно), тоа е што помеѓу нас има се помалку и сеирџии и мативоди. Првите малку повеќе од вторите. Не затоа што се намалија по „природен“ пат, туку затоа што се подисплашија, па се затаија привремено.

(повеќе..)

Кризата во владината коалиција привремено надмината?

ноември 19, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

По парламентарната пресметка помеѓу коалиционите партнери- лидерите на НСДП, Тито Петковски, и на ДПА, Мендух Тачи, а чиј повод беше интерпелацијата за заменик- министерот за внатрешни работи Рефет Елмази (пратениците од НСДП гласаа за), премиерот Никола Груевски оцени дека не станува збор за криза во Владата, туку за „недоразбирање“ односно „мали проблеми“:

„Се надевам дека двете партии ќе најдат начин да ги надминат тие недоразбирања. Ќе се обидам да ги исконтактирам деновиве, да поразговараме и се надевам дека тие мали проблеми ќе бидат надминати“.

(повеќе..)

Аргументи, факти…чекори-проекти

октомври 22, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Аргументите и фактите се за „употреба“ на опозицијата, а чекорите односно проектите за потврда на она што не може и не треба да биде поинаку кога е таа во (под) прашање: „Кучињата лаат…“.

Интересно е тоа што, веројатно сте забележале, „кучињата“ односно опозицијата, а пред се СДСМ, конкретните, инаку мошне значајни проекти на македонската Влада едноставно ги премолчува (морници ја лазат) или немушто, инфантилно, пакосно ги коментира- оценува. На пример, дека „тоа е во ингеренција на локалната самоуправа“, иако добро знае дека токму таа ја има неа стокмено да биде немоќна и да бара „помош“ од власта (Владата) до „ниедно време“.

(повеќе..)

Зошто европскиот компромис е „одличен“ за Македонија?

јуни 26, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Македонската Влада излезе со оценка дека компромисот, што го постигнаа европските лидери во Брисел, а во врска со договорот што го „замени“ Евроуставот, односно со кој се создадоа услови за темелни реформи на европските институции, е „одлична вест“. Образложението е дека со него се овозможува во 2009-та година влез на нови членки, се разбира по исполнување на критериумите од Копенхаген.

Големиот оптимизиам не е поматен ниту со изјавата на шефот на шведската дипломатија Карл Билд, кој Македонија ја стави во ист кош со Србија, а не со Хрватска. Напротив, таа се оценува како резултат на широка дебата за проширувањето, а не на некаква стратегија на Унијата.

(повеќе..)

Предвидливо- очекувано- „deja vu“: СДСМ поднесе барање за гласање на доверба на Владата на Македонија

јуни 06, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

СДСМ повлече предвидлив- очекуван потег во рамките на борбата за уривање- урнисување на неверојатно високиот рејтинг на Владата на Груевски (особено на неговиот), плашејќи се од предвремени парламентарни избори. Доцна синоќа до Собранието поднeсе иницијатива за гласање на доверба.

(повеќе..)

Следните две- три недели завршување на дијалогот со ДУИ

април 29, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Следните две- три недели премиерот најави дека ќе им ги посвети на решавање на отворените прашања со ДУИ и ПДП. Со првите тој најави дека наредната недела ќе го финишира политичкиот дијалог.

(повеќе..)

Во Македонија „владеат“ жените!

март 30, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Не е никакво откритие, изненадување, радикална промена. Едноставно, жените во Македонија тивко или молчешкум, како што само тие можат (мажите не можат да бидат такви бидејќи повеќе би личеле на жени), во изминативе години ги презедоа работите во свои раце. Засега во јавната администрација и во власта, а за се останато лесна работа- се само ќе си дојде на ред.

И не оти сме нешто загрижени, фрапирани, исплашени. Напротив, тоа многу не радува и не прави надежни.

(повеќе..)

Приоритет над приоритетите за новата Влада на Македонија: земјоделието

август 11, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Кога нешто се запоставувало со децении, воопшто не се развивало, а проблемите не се решавале туку постојано се натрупувале, многу е тешко најнапред правилно да му пријдеш, да ги поставиш, дефинираш, наредиш приоритетите, а потоа доследно, консеквентно, пред се настојчиво, со огромна енергија, па и тврдоглаво да ги решаваш. Притоа, очекувај конкретните чекори да не ти бидат разбрани, прифатени во прво време, опструкциите на оние што ја држеле состојбата статус кво да растат, да се зголемуваат. Биди подготвен да мораш да решаваш „преку ноќ“, што значи саможртвата да ти биде се поголема, а помошта од други се помала.

Едно од најголемите такви „нешта“ во македонското стопанство, со кои новата Влада на Македонија ќе мора да се соочи уште со првите „преродбенички“ чекори, е секако земјоделието. Ако не е- не биде приоритет над приоритетите, токму тоа може многу брзо да и се удри од глава, да ја доведе во криза, па и да ја натера да го „отпее“ своето.

(повеќе..)

За стартот на новата македонска Влада

август 11, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Ако се има предвид моментното расположение на граѓаните на Македонија, пред новата Влада на Никола Груевски се поставуваат многу очекувања, барања и обврски. Најмногу од она што не е остварено во изминатиот период, а претходната го беше ветила. (Многумина сметаат дека затоа СДСМ и коалицијата „Сонце“ не „поминаа“, што му доаѓа како казна).

Одговорноста е мошне голема, „Преродбата во 100 чекори“ конкретна, а посебно ќе се „мери“ ветената посветеност „за подобра Македонија“. (повеќе..)

На заминување Владата се „чисти“ од „матењето“ на Рашче

август 09, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Уште едно од многубројните „миења на рацете“ на Владата на заминување (на премиерот Владо Бучковски): откако се крена голема медиумска врева околу „задкулисното“ доделување на концесии за ископувања во првата заштитена зона на Рашче, со што се загрозени животите на граѓаните на Скопје (опасност од загаудвање на изворот), таа си наложи на себе си да ја преиспита постапката! Формира работна група со претставници на 5 министерства која ќе направи увид дали се загадува изворот, а потоа ќе предложи „спасоносно“ решение- затворање на сите индустриски објекти во зоната или издавање на дозволи работа во иднина.

Потсетувам, пред два месеца таа издаде дозвола за отворање на каменолом во истата зона. Во Инспекторатот за животна средина сметаат дека препораката ќе биде затворање на сите каменоломи во заштитениот простор. (повеќе..)

Власта договорена, протестите без инциденти

август 07, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Конечно е се договорено, па веќе нема место за манипулации и шпекулации. Во наредниве денови медумскиот интерес ќе се сврти на некоја друга „горлива“ тема, освен ако нема „втор дел“ на мирните протести на ДУИ и ПДП.

Стокмена е новата Влада на мандатарот Никола Груевски, а во неа малку непознати или недоволно познати имиња, речиси без ниедно изненадување.  Не се непознати ниту луѓето на Тачи и Џафери.

(повеќе..)

„Прикриено“ барање за конфедерализација на Македонија

август 03, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

По победа на парламентарни избори главна цел при формирањето на секоја Влада е таа да биде стабилна. Можно ли е тоа во еден нестабилен, се уште „внатрешно“ оспоруван систем на државно уредување, кога едно малцинство како „најголема немнозинска заедница“ во континуитет, со сите средства што му стојат на располагање, настојува да стане еднакво со државотворната нација (но не и со другите „немнозински заедници“), а во името на „праведноста и правичноста“? Да, мислам на стремежот за конфедерализација на Република Македонија како „преодна фаза“ кон нејзина нова делба.

Дали токму за идната македонска Влада да биде стабилна премолчено ќе биде прифатено дека штотуку завршените парламентарни избори беа „двојни“- посебно за македонскиот народ („мнозинска заедница“ и помалите малцинства („немнозински заедници“), а посебно за „најмнозинската од немнозинските“- албанската? Нели молчењето односно премолчувањето на тој „факт“, па и поддршката на „изразување на незадоволство“ (најавени протести за кои меѓународената заедница „нема ништо против“) е „малку поголемо откривање“ на геостратешкото сценарио за преуредување на Балканот?

(повеќе..)