Subscribe

Грција во колапс

мај 11, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Нашиот јужен сосед веќе цела година се соочува со повремени штрајкови, откако Владата на Папандреу поради незапаметената економска и финансиска криза е принудена да воведува остри мерки на штедење.

Денешниот 24- часовен генерален штрајк, со засега 8-мина повредени, сигурно нема да биде последен. Реакциите и отпорот на народот од ден на ден се се поголеми.

(повеќе..)

Што се случува со храната во светот и кај нас?

март 01, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Податоците се алармантни, загриженоста се поголема, а најголема е неизвесноста- подеднакво и на развиените- богатите, и на неразвиените- сиромашните земји.

Почнувајќи од Нова година (всушност од летото 2010), вестите не се за зголемување на цените одвреме- навреме, туку секојдневни. Во светот, а кај нас дури и „секојчасовни“.

(повеќе..)

Нужно е спасување на ланскиот род на јаболка

јануари 11, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Повторно следиме еднострано, тенденциозно, манипулирачко-шпекулативно информирање за проблемите во врска со пласманот-продажбата на годинашниов род на преспанското јаболко. Се разбира, веќе отрпнавме (на некои сигурно им „лежи“-не треба да ги спомнувам), но секогаш мора да се потсетуваме на неприкосновеното правило (не само правно)- да се слушне и другата страна.

(повеќе..)

Уставниот суд на Македонија го „избрка“ верското образование од училиштата

април 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар Исклучени коментари

Следејќи внимателно и објективно (крајно непристрасно односно неутрално) што се случува по одлуката на Уставниот суд на Македонија да го укинe членот 26 од Законот за основно образование, со кој беше овозможено да се организира верско образование за основците, се наметнуваат низа прашања и дилеми од кои, особено по некои коментари на домашни експерти и сугестии- оценки на странски дипломати, две се чинат најважни: дали се работи за точно и прецизно толкување на македонскиот Устав (гарантираната секуларност) и можно ли е тоа да претставува еден од главните проблеми што ги загрозуваат демократските придобивки, граѓанските слободи и права, меѓунационалните- меѓуконфесионалните односи итн.

(повеќе..)

„Лопата маркетинг“ или…

март 23, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo 1 Comment →

Сосема оправдана е жестоката реакција на опозицијата поради тоа што Владата на Македонија односно премиерот Никола Груевски токму во периодот (не во рамките!) на предизборнава кампања за претседателски и локални избори постави камен- темелници на неколку мошне значајни пркекти- зданија. Немаше да се изгуби ништо ако тие беа одложени макар за наредниот ден по нивното завршување.

Од друга страна, пак, не може да се оспори фактот дека тие се дел од нејзините зацртани програмски заложби- конкретните проекти, но и реализација на пакетот за ублажување на ударите од светската економска криза (јавни рботи). Што ќе рече дека станува збор за камен-  темелници и во буквална и во симболична смисла, а не за „лопата маркетинг“ (со посреден ефкт да, но не во однос на претседатеслкиот кандидат на позицијата или кандидатот за градоначалник на Скопје, туку на и онака високиот рејтинг на Владата и личниот на премиерот).

Сепак, зачудува и е дилетантско барањето да се одложи изградбата на „непродуктивни“ објекти, а Владата да троши од буџетот само за „продуктивни“, и притоа да се мисли на отворање на фабрики, па дури и продавници (наместо тоа да го прави приватниот сектор поттикнат и поддржан од Владата- не со пари од државниот буџет- како што е насекаде во „капиталистичкиот“ свет)!

(повеќе..)

Се шири и засилува социјалниот бунт во Данајската република (Грција)

декември 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

По неколкунеделните протести кои никако не стивнуваат, а камо ли да запрат, јасно е дека убиството на 15- годишниот тинејџер беше само „иницијална каписла“ за социјален бунт на граѓаните во јужниот сосед. Предводен од левичари, студенти и средношколци, по Нова година се очекува во него да се вклучат и работниците организирани од нивните синдикални организации, социјално загрозените, пензионерите… сите оние што во изминатите месеци (почнувајќи од 2007- ма) демонстрираа против актуелната конзервативна Влада на Караманлис. Тоа ќе значи и нејзина неодложна оставка и принудни предвремени парламентарни избори.

Навајата за реконструкција, и тоа на почетокот од наредната година (а дотогаш?), тешко дека ќе ја смири состојбата, а граѓаните ќе се вратат на нормалниот животен колосек. Актуелната Влада нема доверба кај нив, а постојано расте рејтингот на опозициониот ПАСОК. (повеќе..)

Постојан и латентен судир помеѓу Владата и ЕВН

декември 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

ЕВН е постојано незадоволна, реагира, се закаува, македонската Влада предупредува и „се надева“, а граѓаните трпат штети поради чести прекини на струја и масовни исклучувања. За нејзиниот квалитет да не правиме муабет.

Ама сепак ќе мораме. Само ова: да, „европска“ цена на електричната енергија (и при „неевропски“ стандард), ама и „европска“ струја! Дали каде било во Европа (мислам пред се на земјите- членку на ЕУ) ЕВН би можела- би смеела да наплатува „нормална“ цена за „ненормална“ испорачана струја (со несоодветен односно „нестандарден“ напон)?

(повеќе..)

Би сакал да позборувам со некој од Владата за мак спортот!

август 05, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

(ЉупчоДимитровски, Дневен е-Еснаф, 24.01.2006)

Дали некој може да се сети нашиот премиер да гукнал макар збор за македонскиот спорт, за настапите и резултатите на македонските спортисти на меѓународната сцена?

Јас никако да се сетам. Всушност, ми текнува дека пред извесно време претседателот Црвенковски собра некои спортски работници и бивши активни спортисти, малку помуабети со нив за она што „би било добро“ да се направи во наредниот период, и толку беше. А, да, како и за многу други нешта, некои пратеници „подрипнаа“ за „смешните“ средства што се издвоија за него во Буџетот, колку да не биде без ич.

(повеќе..)

Ако е „По утрото…“ Македонија зачекорува со „полн“ чекор

август 04, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс 1 Comment →

За разлика од „дежурните критизери“- хроничари и аналитичари, во изминатиот две ипол годишен мандат на Владата на Груевски (претходната и актуелнава- на стартов) максимално поддржував секој нејзин потег, и голем и мал (во однос на ангажираните средства и очекуваните ефекти), без оглед на нивната неизоставна маркетиншка промоција. Помалку од, на пример, она што се правеше и работеше во културата (која како творец ми е посебна „слабост“) затоа што во неа доминира манифестационото над индивидуално творечкото, а со кое, пак, најнепосредно е поврзан непостоечкиот систем на вредности. Не треба да потсетувам дека бедата на духот (провинцијализмот, простаклукот) е во „папочна врска“ (меѓусебно обусловена, напоредна, а не зависна како што учи марксизмот) со материјалната, егзистенцијалната беда и сиромаштија. (повеќе..)

Нова македонска Влада

јули 31, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Собранието на Македонија ја избра новата Влада, шеста на ред од осамостојувањето на Република Македонија.

„Старо- новиот“ премиер Никола Груевски изјави дека во наредните 4 години во Република Македонија ќе има политичка стабилност, економски раст и економски развој, инвестиции во образованието, земјоделието и во многу други области.

(повеќе..)

Стокмена новата македонска Влада

јули 13, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Новиот политички дискурс што го постави или, поточно, го наметна Никола Груевски и „неговите“ од ВМРО-ДПМНЕ, кој веднаш го препознаа и поддржаа граѓаните на Македонија (константно висок- највисок рејтинг и колективно и поединечно), но не го разбраa- не го прифатија (што се сведува на исто) главните „опоненти“ , пред се од врвот на СДСМ, се потврди и со утврдувањето на новиот владин кабинет.
(повеќе..)

Позитивната енергија

април 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

(Прилог на Љупчо Димитровски објавен во „Дневен е-Еснаф“ на 13.01.2006)

Колкумина околу вас, со вас, пред вас и зад вас познавате со позитивна енергија? И колку им ја чувствувате, забележувате, колку ја восприемате?

Мислам дека сум во право кога велам дека таквите се малкумина на број. Големо прашање е дали не сте и вие еден/ една од нив. Исто така, мислам дека многу прашања и проблеми не се решаваат или се несоодветно решени токму поради недостиг од позитивна енергија. Не само кај „решавачите“, туку многу повеќе кај оние што ги трпат, издржуваат, поднесуваат, толерираат, т.е. ние. Веројатно помеѓу нас и вие.

(повеќе..)

Важна „еколошка“ одлука на Владата на Груевски

март 20, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Владата на полицијата ќе и наложи од наредната недела ригорозно да ги спроведува казнените мерки од Законот за управување со отпад, донесен во Собранието пред речиси 7 месеци.

(повеќе..)

„Гром од ведро небо“ или…?

март 13, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, изјави дека нема отстапување од неговата решеност за напуштање на владината коалиција:

„Ако мене ме прашате, таа работа е веќе завршена. Јас вечерва ќе излезам со предлог пред партиското Претседателство. Уверен сум дека тој предлог ќе се прифати“.

(повеќе..)

Знаење, стручност- импровизација, волунтаризам

март 13, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Интересно и чудно: многу ретко се зборува, пишува, ниту сум слушнал, ниту прочитал подетална анализа за учеството на знаењето, стручноста (стручни, учени луѓе и експерти), на нивниот ангажман во сите области на нашето работење и дејствување, особено во политиката; наспроти импровизацијата, волунтаризмот, кои се „темелат“ на незнаење, неукост, па и елементарна неписменост. Белким нема некој што тврди дека таква споредбена анализа не ни е потребна и оти состојбите на тој план кај нас се мошне „благопријатни“, што ќе рече дека стручњаците, компетентните- експертите постојано, „стручно“ се консултираат, а импровизацијата, волунтаризмот се присутни во безначаен процент.

(повеќе..)