Subscribe

За владината поддршка на македонското земјоделство

март 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Главен заклучок на форумот организиран од владејачката партија на тема „Земјоделството – пат за развој на Македонија“ е дека реформата и владината поддршка на земјоделството на долг рок ќе дадат резултати; тоа ќе го направат конкурентно, ќе го заменат увозот на храна и ќе го вратат оптимизмот и достоинството на земјоделците.

(повеќе..)

Владата во борба против алкохолизмот

март 03, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Владата на Република Македонија усвои измени на Законот за трговија, меѓу кои и забрана на продажба на алкохолни пијалаци од 19 часот навечер до 6 часот следниот ден. Алкохол нема да се продава во трафики, на бензински станици, на пазаришта.

Трговците ќе можат да продаваат со претходно добиена соодветна лиценца во Министерството за економија. Таа е со важност од 5 години, а за неа ќе се плаќа 5.000 денари.

(повеќе..)

На удар: македонската мултиконфесионалност и мултикултура

февруари 12, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Во изминативе денови и недели следиме мошне засилена партиска актривност во врска со една иницијатива на Владата на Груевски (веќе во првична реализација- објавен е меѓународен конкурс за идејно решение), која удира врз „најмекото ткиво“ на македонскиот соживот (доколку се согласуваме дека тој се уште постои во суштинска смисла).

(повеќе..)

Очекувано: безвизен режим на Македонија со Албанија

февруари 11, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Она што подолго време се најавуваше е веќе договорено: државните секретари на министерствата за надворешни работи на двете соседни држави лесно, без никакви дилеми и проблеми, ја завршија поставената задача- го усогласија текстот на билатералната спогодба. Дотолку полесно што таа се сведуваше на „обична“ проверка дали некоја од одредбите на спогодбата не е во спротивност со договорот за визно олеснување на Македонија со ЕУ.

(повеќе..)

Поддршка од Владата на Македонија на „Сенки“ во борбата за Оскар

јануари 09, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Уште еден добар потег на Владата на Груевски со што ги потврдува грижата и чувството за националниот интерес и афирмацијата на македонските творечки вредности: за првпат се издвоени средства, во висина од 200.000 долари, за поддршка на кандидатурата на филмот на Манчевски „Сенки“ за најголемата филмска награда на светот „Оскар“.

(повеќе..)

Рекорден буџет за 2008-ма

декември 24, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Интересна, но не и неочекувана (не)реакција на нашите економски стручњаци: македонскиот Буџет за 2008-ма година е проектиран на рекордна сума досега. И толку. Ниту збор за, на пример, колку тој ќе им биде „тежок“ на оние што ќе треба да го „наполнат“, во која мера е развоен, односно дали се доволно оправдани конкретните расходни ставки во него; воопшто, дали толку големата сума ќе значи поткрепа на предвидениот економски раст, колку тој ќе придонесе за сеопштиот општествено- економски раст на Македонија, а особено на стандардот и квалитетот на животот.

(повеќе..)

Нови „популистички“ потези на Владата на Груевски

декември 05, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Издвојувањата на средства од Буџетот за конкретни проекти и кампањи за опозицијата се „популизам“, а всушност се работи за  правилно или праведно (пре)насоучвање на средства од граѓаните. Кога тоа би било „помасовно“, СДСМ и „неговите“ сигурно би измислиле нешто друго во замена за „популизмот“ на Груевски, за трошењето на средства од Буџетот да го прикаже како злоупотреба. А кој брзо не заборава, сигурно ќе се сети дека токму од редовите на најголемата опозициона партија, како и многу други нешта (меѓу другото, и „антологиското“: „Некои прашања не заслужуваат одговори“), излезе небулозата или, поточно, ступидаријата: „позитивен популизам“.

(повеќе..)

За „возрасниот“ претседател и политичката култура

ноември 19, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

По обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ дека зад потписот на Бранко Наумовски на одлуката на Уставниот суд, за укинување на неколку члена од Законот за знамињата на заедниците, стои сценарио на претседателот Бранко Црвенковски, договорено на 18-ти октомври во еден од скопските ресторани, од кабинетот на шефот на државата реагираа за изнесени лаги и инсинуации, упатувајќи простачка, никако не политичка навреда („Деца, не си играјте со државата“):

„Да се води држава не е детска игра, особено тоа не ви е дозволено вам, на кои им е доверен мандат проблемите да ги решаваат, а не да ги создаваат и да манипулираат“.

(повеќе..)

Ништо особено, ништо посебно: очекуван ребаланс на Буџетот

август 06, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

(06.08.2007.)

Стана вообичаена практика, дури и „должност“, на половина од годината во Република Македонија да се прави ребаланс на Буџетот. Притоа воопшто не се ни спомнува една „негативна причина“ за тоа: секој, па и буџетскиот ребаланс се врши поради непредвидени, најчесто објективни (со и без наводници) околности, кои Владата не можела или не била кадарна да ги предвиди.

(повеќе..)

Втора фаза од фискалната децентрализација во Македонија

јули 04, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Само 30 општини се подготвени да влезат во втората фаза од децентрализација, a 20 не ги исполниле ниту основните услови. Ваква е состојбата со општините на првиот ден од стартот на фискалната децентрализација (01.07.2007).

(повеќе..)

Најнови економски процеси, тендери, странски инвеститори во Македонија

мај 16, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Дали само „скап политичко- иунвестиционен маркетинг“?

Обемот на стоковната размена на Македонија со странство во првото тримесечjе на 2007. година изнесува 1,72 милијарди долари, при што извозот учествува со 40,2%, а увозот со 59,8%. Ова го соопшти Државниот завод за статистика, додавајќи дека покриеноста на увозот со извоз е 67,2%, а салдото на размената е негативно и изнесува 337 милиони долари.

(повеќе..)

Нов проект за натамошен развој на ИТ во Македонија

април 04, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Проектот „Интерактивна Македонија“ најавува крупни чекори во развојот на информатичката технологија во Македонија. Ако се имаат предвид и некои претходни потези, особено почнатата програма за масовно опремување на училиштата со компјутери, веќе можеме да констатираме дека актуелната Влада прави и ќе направи на тој ппан најмногу од сите досегашни.

(повеќе..)