Subscribe

Вонизборна партиска успешна приказна

ноември 27, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

На 09.06.2006. година под горниот наслов во електронскиот дневен весник „Дневен е-Еснаф“ објавив прилог пред почетокот на паламентарните избори во Македонија таа година, а посветен на нужноста односно налогот од „меѓународниот фактор“  за фер и демократски избори. Во него посочувам дека, како и секогаш досега, прекршувањето на Изборниот законик се случува претходно, а се однесува на неофицијалноста“ на предизборната кампања.

Деновиве со формирањето на „институтот“ ДЕМОС, според многумина „трета политичка опција“ која би трбало да го замени „ биполарниот политички амбиент во Македонија“. Потсетувањето на една тогашна неуспешна иницијатива- за формирање на политичка партија ГПМ треба да се „чита“ о тој контекст.

Интересно е што во него го бележам предизборниот „бисер“, односно „случајот“ Бучковски- Бонева кој неодамна доби судски епилог (Бучковски е осуден како виновен).

(повеќе..)

Здодевно, банално, жално и сожалувачко

октомври 25, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Се менува ли нешто на македонската политичка сцена? Несомнено не! Владејачките партии, на чело со ВМРО- ДПМНЕ, се толку зацврстени на своите позиции (тоа не го покажуваат само оние на рејтинг листите) што можат спокојно да работат до следните избори, да сработат многу од ветеното и без никаков проблем, уште помалку стравување да очекуваат нова изборна победа. Додатен голем поен за нив е евро- интегративниот процес на Балканот (не само Западниот), се разбира со нужно реализираните реформи и оние што допрва следат во интензивирањето на преговарачкиот процес за членство на Република Македонија во ЕУ. Реално е да се очекува дека проблемот на Грција со името на земјава наскоро ќе се надмине и сигурно не како „предавство, пораз, срам…“, туку како  обостран и пристоен компромис, а што исто така ќе биде впишано во позитивното конто на актуелната власт.

Опзоцијата практично не постои. Главната- СДСМ Црвенковски не успеа да ја „преврти“ од „роза“ во „тупаница“, без оглед што, како што се пофали новото раководство, е сменета околу 95% од елитата до неговото „старо- ново“ лидерство. Нејзе не само што воопошто не и одговараат „брзи“ (предвремени) избори, туку уште сега е јасно дека на следните редовни, ако не се „случи“ нешто радикално, ќе доживее нов, можеби „нешто поблаг“ пораз.

Всушност, ништо не е променето во изминативе неколку години и ништо не се менува. Тоа го потврдува и мојот текст објавен под горниот наслов во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ на 13.03.2006. Уверете се сами:

(повеќе..)

Дуел- да или не

март 14, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Оние што редовно го читаат овој блог забележале дека, освен нови, за актуелни настани, прашања и проблеми во земјава и странство, со акцент на политиката и економијата, (пре)објавувам и серија текстови напишани во 2006- та година кои имаат не само дневно- „хрономерско- хроничарско“, туку и пошироко, па и „вонвременско“ значење. Последните десетина речиси исклучиво се однесуваа на тогашните парламентарни избори во Република Македонија.

Нудам уште еден текст чија тема се (ре)актуелизира деновиве, во екот на предизборната кампања за претседателските и локалните избори, а особено од страна на опозиционите претседателски кандидати: „нужноста“ од тв дуел односно медиумско соочување. Со аргумент дека е тој „најголем израз на демократичноста на изборите“. Што инаку воопшто не е точно. Имено, тој во развиениот демократски свет е посакуван, но не и нужен. „Најголем израз“ е личното (кандидатско) соочување со гласачкото тело.

Прилогот е објавен под наслов „Дуел“, на 18.05.2006.

(повеќе..)

Не е исто, ама е (пре)многу слично

март 07, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Од серијата мои текстови во текот на 2006- та година, кои се однесуваат на периодот пред парламентарните избори, во текот на нивното одржување и по нив, а чија содржина сметам дека има и пошироко значење (хроничарско- хрономерно, а не вонвременско или универзално) е и следниов, под наслов „Нападот е најдобра одбрана?“ (30.01.2006.).

Го преобјавувам како поттик за споредбени промисли и анализи за (не)развојот на демократскиот изборен капацитет на Република Македонија.

(повеќе..)

Македонски музички „евродилетантизам“

февруари 10, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Деновиве, секој ден, на јавниот сервис МРТВ со куси „рефренски спотови“ се најавува ново издание на Скопскиот музички фестивал, односно изборот на песна со која Република Македонија по којзнае кој пат ќе учествува на музичкиот европски фестивал „Евровизија“. Иако не сум стручњак (каква стручност за забавна односно лесна музика?), верувам дека со многумина го споделувам ставот оти овојпат понудата е навистина бедна, дури срамна. Сосе „круната на бедата и срамот“ – она „Рум-дум-дум“ со нашата „дива“ Калиопи и дебилната поза и фаца на Наум Петрески. Немојте ни случајно да не гласате за нив, бидејќи Калиопи „предупреди“ оти и дава последна шанса на Македонија да ја испрати на „Евросонг“ (!).

Мојот став дека треба да престанеме со учество не е „тазе“. Како потврда нудам еден текст под наслов „Евровизија- Региовизија“, објавен на 22.05.2006, се разбира со многу поширок „контекст“. (повеќе..)

Македонија- Бугарија: „стандардни“ добрососедски односи

декември 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Што е „стандарден“ добрососедски однос помеѓу две држави? Политичарите веднаш ќе ви одговорат: кога помеѓу нив нема нерешени прашања и проблеми. Но ќе ги ставите во небрано ако им поставите додатно прашање: можете да наведете такви во овие балкански, јужноевропски, па и пшироки простори? Од друга страна, без никаков проблем, не чекајќи од нив, сами лесно можете да најдете бројни пример на „одлични“ односи помеѓу две несоседски земји, без нерешени прашања и проблеми.

Значи, одговорот на политичарите на поставеното прашање, што често го слушаме при меѓусебни средби на високо политичко ниво, не е точен. Затоа што односите помеѓу сите соседни, особено балкански држави отсекогаш биле, се и уште долго ќе бидат оптоварени со отворени и тешко решливи прашања. Најчесто поврзани со правата на малцинствата. (повеќе..)

Засега ништо од „новиот“ СДСМ

октомври 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

„Најголемата“ опозициона партија СДСМ(во наводници оти е мошне дискутабилно  односно речиси сигурно дека не е тоа, особено не во однос на значењето и улогата што би требало да ја има како „клучен играч“ на македонската политичка сцена) продолжува со стариот „манир“: да ја бара вистината од други (од Владата на Груевски) користејќи лаги и сопствени конструкции. Па и веќе „популарните“ јавни трибини (во наводници оти не се тоа, како што веројатно било планирано, туку „чисто“ партиски- на кои учествуваат и или партиски „војници“ или партиски „приврзаници“) се обична лакрдија; на нив се презентираат „докази“ за лошто владеење на позицијата кои и нејзе, но и на многу други (пред се на медиумите) им служат за мајтапење- директно или индиректно сеедно).

Сето тоа е само уште еден доказ за „вредноста“ на познатиот виц за „кризата“ на јавната куќа: не ја „надминала“ зашто ги променила чаршавите, а не…

(повеќе..)

Политичка „ТВ сапуница“: Секое чудо…

август 08, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Една од најголемите телевизиски серии на сите времиња, ако не и најголема на овие наши и туѓи западнобалкански, јужноевропски, па и светски „ТВ сапуници“, која со децении континуирано, се снима и емитува на општо (не)задоволство на рурално- урбаното население односно многупочитувана јавност, е секако серијата „Секое чудо за три дена“. Како што сугерира самиот наслов, станува збор за чуда што се случуваат на секои три дена. Одвреме- навреме, колку за освежување, за да не се попадне во здодевност, на некоја епизода и се дава поголема брзина и динамика и притоа, бидејќи насловот станува несоодветен, се додава напомената: „Ова чудо трае многу пократко- не е тоа веќе преку ноќ“.

(повеќе..)

Првиот чекор кон европеизација

јули 03, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Прилогов е објавен на 06.01.2006 -та година во „Дневен е-Еснаф“, а во него обработувам прашање од круцијално значење за „македонското време“ денешно и утрешно. Притоа имајќи предвид дека прифаќањето и прилагодувањето на евро- стандардите е услов без кој не се може само од формален аспект- членство во Европската унија. Фактички тоа значи да живееш европски живот (европеизиран) во европска држава (правно функционална и ефикасна)- според животните и работните стандарди што владеат во неа во ЕУ.

Членка на Европската Унија макар последна во „редот“, макар најсиромашна? Некои велат „да“, зашто прифаќањето и прилагодувањето на стандардите ќе оди полесно и побрзо. Јас велам „никако не“! Оти како такви- неевропеизирани ем ќе останеме (пре)долго вакви односно никакви, ем ќе им служиме на другите (побогатите) како монета (или мета) за поткусурување. (повеќе..)

„За европска Македонија“ предизборен џокер? Глупаво и инфантилно.

мај 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Токму така. Очекувано за едни или неочекувано за други, „нецелосната“ победа на Тадиќ, поточно на неговата европска опција прва (веројатно нема да биде единствена) ја (зло)употреби коалицијата „Сонце“. (повеќе..)

Лични подароци со „државно- народни“ пари?!

април 15, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

За оние со кратко паметење:

(Прилог на Љупчо Димитровски објавен во „Дневен е-Еснаф“, на 12.01.2006)

Просто е несфатливо еден министер, и тоа за здравство, да падне на толку ниско етичко ниво и за тоа воопшто да не е е свесен, туку напротив, арогантно да се брани со „норма и во законска рамка“.

Исто така е неприфатливо (освен несфатливо) веднаш да не реагира „втората“ засегната страна, да не чека некој да ја прозива и да бара од неа да го врати срамниот новогодишен подарок.

(повеќе..)

Што е што и дали никому ништо

април 09, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

(Прилог објавен во Дневен е-Еснаф на 17.04.2006)

Што му прави лудиот на збунетиот? Има едно дејание…ама не, немојте да бидете вулгарни. Лудиот се обидува збунетиот да го направи паметен. Особено ако е политичар, како во нашиве прилики и неприлики. А ако не е?

На неполитичарот лудиот се обидува да му помогне да не се распамети (дури уште има троа од паметот).

(повеќе..)

На заминување Владата се „чисти“ од „матењето“ на Рашче

август 09, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Уште едно од многубројните „миења на рацете“ на Владата на заминување (на премиерот Владо Бучковски): откако се крена голема медиумска врева околу „задкулисното“ доделување на концесии за ископувања во првата заштитена зона на Рашче, со што се загрозени животите на граѓаните на Скопје (опасност од загаудвање на изворот), таа си наложи на себе си да ја преиспита постапката! Формира работна група со претставници на 5 министерства која ќе направи увид дали се загадува изворот, а потоа ќе предложи „спасоносно“ решение- затворање на сите индустриски објекти во зоната или издавање на дозволи работа во иднина.

Потсетувам, пред два месеца таа издаде дозвола за отворање на каменолом во истата зона. Во Инспекторатот за животна средина сметаат дека препораката ќе биде затворање на сите каменоломи во заштитениот простор. (повеќе..)

Ем непримерно, ем недостоинствено

август 07, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Она што се случува во партијата СДСМ по поразот на парламентарните избори не е никакво изненадување. Се работи само за познати внатрепартиски валканици со години криени под килим, а кои, под маската на единство во редовите, особено во врвот, се сведуваат на заеднички именител: арогантен кариеризам. Арогантен како резултат на поединечната „капацитетност“ и „државотворен“ талент, а кариеризам без „наследници“ што, пак, се нарекува и самоизбраност (и кадровска „зацементираност“).

Меѓутоа, деновиве се случи нешто што е непримерно, но и неостоинствено. За СДСМ, но многу повеќе за Република Македонија. Затоа што досегашната (наводна) државничка дипломатија на најгруб, примитивен начин се „разголи“ во партиска (амбасадорска полемика за партиски прашања). Згора на тоа се работи за два светски центра кои се помеѓу најважните, ако не и најважни за Република Македонија.

Се разбира дека „разгорената страст“, која може да се разбере само доколку се искажува и покажува од партиски ровови, а не на сметка на угледот на македонската дипломатија воопшто, мора да се санкционира најостро- со отповикување. (повеќе..)