Subscribe

Благодатите од зачленувањето во ЕУ: Бугарија со поголем извоз од увоз

јули 04, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

(21.03.2007)

Воопшто не изненадува, туку напротив, сосема очекуван и логичен е првиот резултат од зачленувањето на Бугарија во Европската унија на економски план (еден од најважните): за првпат во нејзинoто поблиско минато (од смената на системот) во 2006. година нејзиниот извоз е поголем од увозот.

(повеќе..)

Лошо режирана и опасна врева

септември 28, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Воопшто не е спорна нужноста од постоење и постојано- континуирано збогатување на национална- Македонска енциклопедија (не Енциклопедија на Македонија). Национални имаат многу, речиси сите нации во светот. Таквата енциклопедија е одамна „дефинирана“- утврдени се нејзините основни карактеристики: енциклопедиското знаење се групира според исклучително важен критериум- националниот, кој подразбира собирање и лексикографско систематизирање на знаењето за националните култури, достигнувањата и вредностите. Тој е мошне значаен за, како што потенцираат енциклопедиски авторитети, виталните интереси на слободата и опстанокот, особено на малите народи во современиот свет. Постои општа согласност дека во тој свет се загрозени двете најголеми придобивки на граѓанското општество- правата на човекот на индивидуална (лична) и колективна (национална) слобода. (повеќе..)

„Разголувањето“ на Бакојани продолжува, а и се придружи Бугарија, можеби и некои македонски…

април 29, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Одамна напишав дека, кога е во прашање проблемот на Атина со името Македонија, „првата Данајка“ толку бесрамно се „разголува“ пред своите сојузници и пријатели во ЕУ и НАТО што е веќе непријатно да се гледа. И останува само уште малку, па да остане „угул гола“. Не сум сигурен дека по последното остана на неа уште некое „крпче“. Лично (со свои очи) не можам да догледам.

Што е Дора Бакојани? Данајски (грчки) министер за надворешни работи? И јас мислам дека е, се уште, ама…Да не во меѓувреме, барем привремено, се сменила односно ја смениле во промотор на книги со „доверливи документи“. Што? Само за една употреба, за една таква? Можно. Ама „разголена“ или „угул гола“…

(повеќе..)

Наскоро одговор што се „тркала“ во и околу „Сведмилк“

април 02, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Случајот со „шведската“ млекарница „Сведмилк“ ќе остане забележан во аналите на „Invest in Macedonia“ како најтипичен пример на криминализација односно грабеж на домашно- странска инвестиција од страна на македонски полит- бизнис олигарси,  на манипулација на фармери со катастрофални последици за нив, но и за сточарството воопшто, а секако и на новинарска зависност од највисок степен („агитпроповштина“),- целосно во интерес на медиумски „тајкун“.

Независно од тоа дали Владата на Македонија може(ше) да стори нешто, да интервенира, да спречи, да помогне или не, имајќи предвид дека се работи за приватна фирма (нели приватноста е светост во „европско- светскиот“ бизнис кој, во рамките на евро- атлантските аспирации, е „консензуална“ стратешка цел на земјава), „Сведмилк“ е лоша (пре)порака за отвореноста, правната сигурност и атрактивноста на земјата како привлечна бизнис дестинација.

(повеќе..)

Една од најголемите последици на глобалната криза: распаѓање на ЕУ!

февруари 10, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле 2 Comments →

Се разбира, не мислам дека сум првиот, но знам дека сум еден од ретките кај нас и во светот кој со многу аргументи предвиде- предвидува скорешно распаѓање на ЕУ. Тие, арументите, од ден на ден се множат се повеќе, што ми дава за право да се корегирам во однос на времето: веројатно ќе биде „премногу“ брзо (во однос нa „прилагодувањето“ на оние во неа и оние надвор од неа). Всушност, може да се каже дека процесот е веќе интензивен, а „враќањето“ станува се потешко, дури невозможно.

Што се однесува на НАТО, неговото „растурање“ може да се случи буквално преку ноќ, исто или слично како Варшавскиот договор. Бидејќи е лабава и станува се полабава воена, особено не безбедносна алијанса. А сегашната воено- политичка „позиционираност“, со оглед на моќта и влијанието, е безначајна, освен кога се работи за трговијата со оружје во рамките на „НАТО- стандардите“. (повеќе..)

Дежа ву ( Deja vu ) и делумно реализирано

февруари 05, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Не знам зошто градоначалникот на Софија Бојко Борисов е моментно најпопуларен политичар во Бугарија (си знаат Бугарите), ама знам дека воопшто не е оригинален или „свеж“ кога се работи за неговите погледи и ставови спрема Македонија. Без оглед што тоа самиот го признава. И знам дека таквите политичари не се и не можат да бидат ниту „маалски“, а камо ли „европски“.

Се разбира, не мислам на „европските ставови“ на Бугарија спрема „македонското прашање“ (во „пакет“ со данајските односно грчките), што уште сега тој ги повторува како папагал, туку на веќе видената и, за среќа, се уште делумно реализираната освојувачка- агресивна стратегија и тактика на Атина. (повеќе..)

Македонија- Бугарија: „стандардни“ добрососедски односи

декември 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Што е „стандарден“ добрососедски однос помеѓу две држави? Политичарите веднаш ќе ви одговорат: кога помеѓу нив нема нерешени прашања и проблеми. Но ќе ги ставите во небрано ако им поставите додатно прашање: можете да наведете такви во овие балкански, јужноевропски, па и пшироки простори? Од друга страна, без никаков проблем, не чекајќи од нив, сами лесно можете да најдете бројни пример на „одлични“ односи помеѓу две несоседски земји, без нерешени прашања и проблеми.

Значи, одговорот на политичарите на поставеното прашање, што често го слушаме при меѓусебни средби на високо политичко ниво, не е точен. Затоа што односите помеѓу сите соседни, особено балкански држави отсекогаш биле, се и уште долго ќе бидат оптоварени со отворени и тешко решливи прашања. Најчесто поврзани со правата на малцинствата. (повеќе..)

Бугарија стана членка на ЕУ, ама не и европска земја

ноември 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

По изминувањето на рокот кој Владата во Софија го имаше за да покаже конкретни резултати во борбара против корупцијата и организираниот криминал, ЕУ одлучи на Бугарија да и укине 220 милиони евра помош од претпристапните фондови на чие користење има право до 2013- та година, до кога би требало од Брисел да добие вкупно 11 милијарди евра помош.

Потсетувам, нашиот источен сосед стана полноправен член на ЕУ на 1- ви јануари 2007- ма, и покрај предупредувањата на стручњаците дека се уште не е подготвен за влез во Унијата, а во јули годинава беше под санкции на Брисел. Сè уште остануваат замрзнати 580 милиони евра. (повеќе..)

Во близина на Софија силни експлозии

јули 04, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Во близина на бугарската престолнина Софија одекнаа силни експлозии. Детонациите се случиле во воен магацин за уништување на муниција во селото Челопечене. Беа силни и по секоја од нив во воздухот се појавувал бел или сивокафеав облак, можеа да се слушнат на неколку километри.

(повеќе..)

Младата Грнчарова и упати „мудра“ порака на Македонија

октомври 30, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Патот до Европската унија е многу тежок и преговорите не се лесна работа. Затоа треба многу да работите за да ја постигнете целта.

Ова и го порача на Македонија бугарската министерката за европски прашања Гергана Грнчарова при престојот во Скопје.

(повеќе..)

Споредбени движења и процеси: Македонија, соседство, свет

август 18, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

(18.08.2007.)

Рејтинг агенцијата Fitch го подобри долгорочниот кредитен рејтинг на Македонија од „ББ+ рејтинг со стабилен изглед“ во „ББ+ рејтинг со позитивен изглед“ за странска и домашна валута. Агенцијата ги потврди оценките за краткорочниот рејтинг во странска валута Б и плафонот за земјата БББ- (БББ минус). Со ова е добиена и највисоката оценка пред добивање на инвестиционен рејтинг (БББ-);

(повеќе..)

Какво разбирање?!

август 11, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Почесниот претседател на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски се јави со допис до медиумите, јавноста и експертите. Бара толеранција и разбирање за неговиот политички ангажман во Бугарија.

Како што наведува, не му било јасно зошто само кај нас се крева прашина за нешто што е вообичаено и во Македонија и во европските демократии.

(повеќе..)

Има ли јунаци во Македонија?

јуни 13, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! 1 Comment →

На мојата e-mail адреса  добив текст потпишан од Ристо Андов,
посетител- читател на „Паноптикум“ (и овој блог). Го објавувам во целост со мој наслов:

Има ли јунаци во Македонија?

(повеќе..)

Парадокс или логична „евро-последица“: невработеност и увоз на работна сила во Бугарија

јуни 06, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Нивото на невработеност регистрирано во минатиот месец во Бугарија достигна исклучително ниска вредност од 8,38%, соопшти бугарската Агенција за вработување.

Бројот на регистрирани невработени изнесува 310.260. луѓе, што е за 20.010. помалку во споредба со претходниот. Во однос на април 2006. година, пак, e регистрирано намалување за 68.660. невработени.

(повеќе..)

Нова балканска тутунска мафија

мај 10, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Резултат на истражување на новинарите на белградскиот весник „Политика“: на Балканот се раѓа нова тутунска мафија. За разлика од мафијата која работеше за време на санкциите од страна на Обединетите нации кон Србија, во текот на 90-те години на минатиот век, кога внесуваше цигари и ги продаваше по улиците на српските градови, новата тутунска мафија шверцува цигари за земјите од Европската унија.

(повеќе..)