Корупцијата не може да биде услов за прием во ЕУ!
По она што се откри во ЕУ, поточно во Европската комисија, Брисел нема ниту морално, ниту какво било друго право борбата против корупцијата да ја поставува како еден од главните услови на земјите кандидати за нивно членство во Унијата. Особено не на земјите од Западниот Балкан.
Се разбира, тоа не значи дека борбата не треба да се води. Напротив. Само сметам дека ЕУ самата се покажа како „извонреден пример“ дека борбата против неа мора да се води континуирано, без можност да се постигнат „поголеми“ резултати (во однос на што или на кои?) а најмалку, пак, таа целосно да се искорени.

И по 5 години од потпишувањето (13.08.2001- ва) коментарите и оценките за неговата вредност односно неговите придобивки се различни, спротивставени, дури контрадикторни. Особено ако се има предвид дека досега на никој од неговите меѓународни „креатори“, фалејќи го, честитајќи (си) на успехот, не му паднало на ум да го препорача како решение за други исти или слични „случаи“ во европски и воневропски земји.




