Италијанското обвинителство во Бари ја заврши истрагата за големиот шверц на цигари во последната деценија и одлучи да покрене судски процес против поранешниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ, тогашниот министер за финансии Мирослав Иванишевиќ и трговскиот претставник за Црна Гора во Италија Душанка Пешиќ-Јакниќ, соопштија црногорските медиуми.
Обвинителите од Бари, Еугенија Понтасуља и Џузепе Шелзи, ги обвинуваат за „мафијашко здружување поради шверц на цигари и перење на пари“ за период од 1994-та до 2002-ра година. Во обвинението се опфатени уште 10 лица.
Се наведува дека перењето на пари со шверц на цигари е спроведено преку сметки во Швајцарија, од каде што парите се упатувани во Црна Гора, а оттаму на Кипар и завршиле во Лихтенштајн, јави Танјуг. Се тврди дека на сметката со број 03854109703948 во кипарската банка се откриени 500 милиони евра, а тие пари се наводно користени за инвестирање во Црна Гора.
(повеќе..)