За „возрасниот“ претседател и политичката култура
(19.11.2007.)
По обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ дека зад потписот на Бранко Наумовски на одлуката на Уставниот суд, за укинување на неколку члена од Законот за знамињата на заедниците, стои сценарио на претседателот Бранко Црвенковски, договорено на 18-ти октомври во еден од скопските ресторани, од кабинетот на шефот на државата реагираа за изнесени лаги и инсинуации, упатувајќи простачка, никако не политичка навреда („Деца, не си играјте со државата“):
„Да се води држава не е детска игра, особено тоа не ви е дозволено вам, на кои им е доверен мандат проблемите да ги решаваат, а не да ги создаваат и да манипулираат“.

Ако не се земе предвид „формата“, последната средба со дипломатскиот кор во земјава Бранко Црвенковски ја имаше не како проштална на претседател на Македонија и Врховен командант на нејзините оружени сили односно на АРМ, туку како прва на „старо- новиот“ лидер на СДСМ и, се разбира, идниот најголем македонски опозиционер.
Владата на Караманлис и тој лично очигледно ги издава трпението. Се повеќе станува јасно дека Атина ниту барала, ниту бара конструктивно решение на нејзиниот проблем во врска со името на нашата земја, туку нова географска одредница која всушност значи бришење на националниот идентитет на македонскиот народ. 
На 21.03.2007 -ма во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ го објавив овој прилог за една тогаш мошне „проблематична политичка епизода“. Се разбира, помина како таква, како „секое чудо за три дена“, но во моево хроичарење останува забележана, ако не за друго и повеќе, како позак и доказ на политичка култура. Можеби и за ука и поука на сегашни и идни актери намакедонската политичка сцена.
Не само што почна пред законски утврдениот старт, со што е направен прекршок од сите „главни“ политички партии- учесници на вонредните парламентарни избори, туку „предвреме“ и заборавија на што се обврзаа со потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори.
Учесниците- 16-мина претседатели и тројца специјални претставници, два дена дебатираа за енергијата и проширувањето на ЕУ, за Косово и за проблемот на Грција со името на Република Македонија.




