Не оти актуелната Влада на Груевски е безгрешна, извонредно ефикасна, праведна, правична, искрена итн., па и треба одбрана и „билдање“ на нејзиниот рејтинг и од мојата дребност (посебно на премиерот кој не со месеци, туку веќе со години е апсолутно најпопуларниот македонски политичар, со највисок рејтинг помеѓу граѓаните). Ама не смее да се молчи пред лагите, глупостите, па и идиотизмите што за неа упорно, често, дури секојдневно ги измислува и повторува опозицијата, пред се СДСМ.
Една од лагите е дека со надворешната политика што ја води, Груевски ја „турка“ Македонија во изолација. А од идиотизимите (кои како папагали ги повторуваат СДСМ- овските новинарски „свирчиња“, секако најголем досега е дека се врши „антиквизација“ на државата. За него во некој нареден прилог, а во овој, во продолжение за лагата- „изолирањето“ што наводно непречено, „апсолутистички“ ја спроведуваат Груевски и Владата (значи и неговите коалициони партнери, пред се ДУИ). (повеќе..)