Македонија- САД: Декларација за партнерство и соработка
Македонија потпиша декларација за стратегиско партнерство и соработка со Соединетите Американски Држави, најавувана веднаш по самитот во Букурешт. Најзначајно во неа е што САД ја реафирмираат поддршката на принципите за сувереност и територијален интегритет, гарантирајќи ја унитарноста на Македонија во нејзините сегашни граници. Тоа едновремено значи засилување на американско- македонското сојузништво.

Интересно, сето она што лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски го рече на промоцијата на кандидатите за изборните листи на коалицијата „За подобра Македонија“ засега не предизвикува никаква реакција, туку една негова претходна изјава, инаку познат став: дека за промена на името на државата треба да решаваат граѓаните по парламентарните избори. 




