Subscribe

Грција во колапс

мај 11, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Нашиот јужен сосед веќе цела година се соочува со повремени штрајкови, откако Владата на Папандреу поради незапаметената економска и финансиска криза е принудена да воведува остри мерки на штедење.

Денешниот 24- часовен генерален штрајк, со засега 8-мина повредени, сигурно нема да биде последен. Реакциите и отпорот на народот од ден на ден се се поголеми.

(повеќе..)

Очекувани и логични вонредни избори

септември 03, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Вонредниоте избри во Данајската република (Грција) се логична последица или, можеби попрецизно речено, завршница на едно лошо, неуспешно, деструктивно владеење на конзервативната партија „Нова демократија“, а посебно на нејзиниот лидер и (до) сегашниот премиер Костас Караманлис. Пред се на внатрешен план, доведувајќи ја земјата до економски колапс, до политичка и социјална дестабилизација, но и на меѓународен- со маргинализација, па  и изолација еднакво поради „тврдиот“ став спрема проблемот со името на Република Македонија (блокирање на нејзиното членство во НАТО), дискриминацијата- непризнавањето на националните малцинства, пред се македонското, како и проблемите со Турција и Кипар.

(повеќе..)

Расмусен „непријатен“ за Атина

август 28, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Пораката на новиот генерален секретар на НАТО Данајската република (Грција) да престане да го блокира приемот на Република Македонија не е нова, неочекувана, а најмалку изненадувачка. „Влегува“ во рамките на неговата веќе јасно искажана целосна посветеност на политиката на отворена врата на алијансата.

Имено, Андерс Фог Расмусен по стапувањето на должноста на 1-ви август годинава на првата прес конференција изјави:

„Јас сум целосно посветен на политиката на отворена врата на НАТО. Но, членството не е право, земјите мора да бидат подготвени за него. Сепак, проширувањето на НАТО веќе ја покажа својата моќ да ја шири стабилноста и да промовира реформи. Очекувам дека тоа ќе продолжи за време на мојот мандат“.

(повеќе..)

Валканата дипломатска игра на Атина привршува

август 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Метју Нимиц си противречи на себе си со изнасилениот оптимизам од една и безизлезот, односно последниот обид со нов пакет- идеи конечно да и стави крај на валканата, неразумна, апсурдна, ступидна дипломатска игра на Данајската република (Грција) со името на Република Македонија (не уставното). Дека била таква од почетокот на спорењето (не спор, а најмалку билатерален) е и ќе биде уште не долго време, му е јасно не само на Нимиц, туку им е веќе „преку глава“ и на сојузниците на Атина во ЕУ и НАТО.

(повеќе..)

Уште еден неуспешен американско- европски „фронтален притисок“ за името

мај 18, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Европа и САД конечно „ја открија Америка“: Данајската република (Грција) нема проблем со името на државата Република Македонија, туку со идентитетот на македонскиот народ! Поради ова најново „откритие“ Атина е дефинитивно срамно „разголена“, па единствен спас гледа во евентуалното убедување на своите сојузници и пријатели по изборите во јуни; дека токму тој- идентитетот е опасен за целата западна цивилизација, а не само за неа. Не сум убеден дека во тоа нема да успее, а што, пак, од друга страна, ќе значи или „поголема флексибилност“ на Македонија, која подразбира „компромис“ околу „македонски“ (јазик, култура, корени, блиско и далечно минато- историја, традиција…-идентитетот во сета негова комплексност) или спорењето на нејзиното име (не уставно) да продолжи се до идното прекројување на регионот- негово „стопување“ во „преоден“ европски дел.

Патем, нужно е, и за нас и за меѓународниот фактор, да се „расчисти“ следнава „валканица“ на Атина: таа нема „спор“ за името на својот северен сосед, туку „го спори“ неговото постоење со уставното име (не со FYROM- БЈРМ или некое „заеднички прифатливо“). Да имаш спор и да спориш е  сосема различно. Кој не знае или не разбира нека стори напор да научи, а може   и да најде некој да му објасни (не мора да биде многу учен). (повеќе..)

Северна Македонија не е разумен компромис

април 14, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Некои новинарски политички, поточно политикантски дилетанти никако барем малку да се „смират“. Aко не можат да го контролираат својот дилетантизам, барем да не го откриваат толку често и наметливо што веќе  станува неподнослив. За жал, медиумите на кои се појавуваат, во кои се вработени, не ни помислуваат дека поради нив рејтингот им е низок, не се третираат и прифаќаат сериозно.

Најновиот дилетантски „бисер“ е прашањето кое го поставуваат, а оној од кого бараат објаснение со право не смета дека треба да го даде: што е тоа разумен компромис? Со додатно: дали тоа значи и промена на името? (повеќе..)

Неприфатлив „реципроцитет“

март 02, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Она што се случи синоќа во Охрид- испишување на навредливи графити на данајски (грчки) автобуси, е вандалски чин што секој добронамерник, просечно културен човек не го прифаќа, туку го осудува. Повеќе од јасно е дека се работи за „вратка“ на она што некои (се уште неоткриени) данајски (грчки) примитивци, заробени, идеолошки замрачени, наци- фашистички умови не така одамна на неколку наврати им го правеа на македонски граѓани (исто, слично и дури поварварско, поунижувачко). (повеќе..)

Политичко- новинарски идиотизам: „Антиквизација“

февруари 27, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Само политички и новинарски шарлатани и дегенерици, платени или не сеедно, можат да смислуваат вакви и секакви други за само и само да „лаат“ против својот (внатрешен) непријател- власта, како гладни кучиња за, пред или по фрлена коска.

Можам да приведам многу други. Неодамна предупредив на еден кој добро „му дојде“ на „меѓународниот фактор“, по што (простете на нескромноста) истиот тој брзо го заборави. Потоа „авторите“ почнаа да го молчат, се правеа на удрени како да го смислиле- измислиле некои други, се додека „сам по себе“ не се заборави: политичкиот дијалог. Идиотизам, а не незнаење, затоа што само шарлатани или дегенерици можат да „стокмат“ такво нешто, да не знаат или да не се „сеќаваат“ дека дијалог е разговор на двајца, а не на сите релевантни партии во позицијата и опозицијата. Да беа нормални, власта ќе ја обвинуваа за политички монолог, сеедно дали ќе најдеа или не аргументи за тоа. (Патем, никогаш досега, во изминатиот – се уште?- транзициски период, во Република Македонија немало толку многу политички разговори и консултации на власта со опозицијата. Ама не политички дијалог, бидејќи не верувам дека таа има време за тоа.)

(повеќе..)

Прашање на ден кога ќе падне Владата на Караманлис

јануари 24, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Што се случува кај нашиот јужен сосед? Се и сешто сведено на едно нешто: разнишана внатрешна безбедност, длабока социо- економска криза, протести, нереди, судири со полицијата, штрајкови, пораз на надворешната политика не само во однос на проблемот што го има со името на Република Македонија, несфатливи, дури непресметливи потези…

Се бројат деновите, можеби и часовите до поразот, конечниот пад на Владата која веќе предолго е на „стаклени нозе“. (повеќе..)

Нови барања и предлози на Атина

септември 21, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Владата на Караманлис и тој лично очигледно ги издава трпението. Се повеќе станува јасно дека Атина ниту барала, ниту бара конструктивно решение на нејзиниот проблем во врска со името на нашата земја, туку нова географска одредница која всушност значи бришење на националниот идентитет на македонскиот народ. (повеќе..)

Атина одби? Извонредно. На ред е Македонија.

јули 04, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Како што се очекуваше, предлогот на македонската Влада во разговорите за името да се вметне и прашањето за правата на македонското малцинство во Грција oфицијална Атина неформално го одби. Таман работа да прифатеше, па да се откриеше суштината на нејзиниот проблем со името на Република Македнија (Македонија).

Со одбивањето уште еднаш се докажува дека ЕУ и НАТО имаат во своите „редови“ недемократска земја. Зашто суштината на демократијата е владеење на мнозинството над малцинството. Кое и какво владеење кога не се признава малцинство (не само македонско)?

(повеќе..)

ЕУ на крстосница

јуни 23, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Поранешниот британски министер за Европа, Денис Мекшејн,  остро забележа дека не може да постои единствена надворешна политика на ЕУ додека „Грција ја блокира Македонија, а шпанската дипломатија лобира против Косово“:

(повеќе..)

НАТО, ЕУ и Македонија по парламентарните избори

јуни 19, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Судејќи според оценките на меѓународниот „фактор“ за одржаните предвремени парламентарни избори, Република Македонија речиси сигурно нема наскоро да добие покана за членство во НАТО. Датумот 9-ти јули е веќе „проблематичен“ поради неможноста од брзо решение за проблемот на Атина односно Данајската република со името на нашата држава.

(повеќе..)

Залуден притисок врз Данајската република (Атина)

јуни 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Со оглед на мошне краткото време за решавање- разврска на проблемот на Грција во врска со името на Републиика Македонија, без оглед на се поголемиот притисок врз Грција тешко дека САД ќе успеат да „завршат работа“. Не затоа што Данајската Репуплика (Атина) моментно се замислува ептен силна, дури посилна од САД (сегашната власт на заминување, на чело со Џорџ Буш), туку поради „данајската природа“ на Атињаните да го искористат  својот „тројански коњ“ (Барак Обама) кога ќе дојде „вистинското време“ (кога тој ќе стане нов претседател на САД).

(повеќе..)

Чудна нервоза на Атина

мај 28, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле 1 Comment →

Ништо чудно во однесувањето на нашиот јужен сосед. Чудна е се поголемата нервоза кај неговите политичари, сега и на црковни лица. А се знае: нервозата најчесто е предизвикана од несигурност, од лага, од „разголување“ на вистината, но и од фактографска инфериорност.

Нервозата овојпат ја предизвика поглаварот на МПЦ, Г.г. Стефан, кој на чествувањето на Свети Кирил во Рим изјави дека Грција уништува се што создал сесловенскиот просветител.

(повеќе..)