Subscribe

Има ли македонската опозиција „црвена линија“ при решавање на „спорот“ со Грција?

ноември 13, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Се почесто македонската парламентарна и вонпарламентарна опозиција бара да се седне за маса и да се утврди „национална стратегија“ за решавање на проблемот што го има Грција со името на Република Македонија, „каква што има јужниот сосед“. Настрана фактот дека неговата „црвена линија“ не е „консенсуална стратегија“, особено не поставена- формулирана низ „политички дијалог“ ( една од многуте опозиционерски ступидарии, според последиците еднаква на „антиквизацијата“), а имајќи предвид неразбирливи, пред се сомнителни ставови (како што е „договор по секоја цена“, предизборното ветување за решение за 6 месеци), крајно е време таа- македонската опозиција јасно и гласно, се разбира јавно, да се изјасни:

Која е нејзината „црвена линија“ преку која не би минала, макар земјава да добие уште едно вето односно да не добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ?

Изјаснувањето е нужно, меѓу другото, за да не се губи време и залудно да не се троши енергија. Зашто, доколку е иста со онаа на власта ( добро позната- иденттитетот во сета негова комплексност, особено името на народот и неговиот јазик), тогаш чуму „нов договор“?

Меѓутоа, доколку смета дека може да се отстапи и од нив (да не е тоа „по секоја цена“?), тогаш…никакво договарање! Подобро да замолчи, да се „покрие“ за да не биде не само извикана, туку и исплукана.

(повеќе..)

Лошо режирана и опасна врева

септември 28, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Воопшто не е спорна нужноста од постоење и постојано- континуирано збогатување на национална- Македонска енциклопедија (не Енциклопедија на Македонија). Национални имаат многу, речиси сите нации во светот. Таквата енциклопедија е одамна „дефинирана“- утврдени се нејзините основни карактеристики: енциклопедиското знаење се групира според исклучително важен критериум- националниот, кој подразбира собирање и лексикографско систематизирање на знаењето за националните култури, достигнувањата и вредностите. Тој е мошне значаен за, како што потенцираат енциклопедиски авторитети, виталните интереси на слободата и опстанокот, особено на малите народи во современиот свет. Постои општа согласност дека во тој свет се загрозени двете најголеми придобивки на граѓанското општество- правата на човекот на индивидуална (лична) и колективна (национална) слобода. (повеќе..)

Маргинализација на тешки обвинувања

јули 25, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Излегувањето во јавноста на екс министерот за одбрана Љубен Пауновски, со мошне сериозните и тешки обвиненија против екс премиерот Љубчо Георгиевски, никако не би смеело да заврши како еден од многуте мали „дневно- политишчки шокови“ со кои македонските граѓани ги „почестуваат“ одвреме- навреме нашите (по)минати и сегашни политичари, политиканти и полит- бизнис олигарси. Без оглед што тоа се однесува на веќе поодминато определено свршено време (ептен определено).

Да се „обелодени“ дека Георгиевски во текот на според многу нешта пресвртната 2001- ва година сакал да ја подели Македонија, односно на Албанците да им ги даде териториите околу Дебар, Гостивар и Тетово, а Македонците што живеат во тие подрачја да ги насели во Бугарија, и тоа да се „илустрира“ со многу детално „јас реков- тој рече“, во секоја нормална држава (белким нашава е се уште таква, инаку не би и давале се уште шанса за членство во ЕУ и НАТО, на пример) би предизвикало бурни реакции, расправи- расправии, политичко- партиски кризи, па и  „судски иницијативи“ од непосредно и посредно инволвирани, загрозени, засегнати.  А докажувањето и одрекувањето би претставувале процес со далекусежни последици не само за директните „актери“.

(повеќе..)

Односи и однесување

мај 16, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Не мислам на односите спрема стварите, нивната употреба и злоупотреба од страна на човекот-човештвото, туку на дневен ред ги ставам односите помеѓу луѓето. Поточно, нашиот-личниот и колективниот однос спрема човечката средина и околина. (повеќе..)

Северна Македонија не е разумен компромис

април 14, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Некои новинарски политички, поточно политикантски дилетанти никако барем малку да се „смират“. Aко не можат да го контролираат својот дилетантизам, барем да не го откриваат толку често и наметливо што веќе  станува неподнослив. За жал, медиумите на кои се појавуваат, во кои се вработени, не ни помислуваат дека поради нив рејтингот им е низок, не се третираат и прифаќаат сериозно.

Најновиот дилетантски „бисер“ е прашањето кое го поставуваат, а оној од кого бараат објаснение со право не смета дека треба да го даде: што е тоа разумен компромис? Со додатно: дали тоа значи и промена на името? (повеќе..)

Зошто да не Потпретседател на РМ?

јули 04, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Сосема очекувано, дојде на ред и ова прашање. Можеа да не го очекуваат само оние што го читаат и спроведуваат Рамковниот договор од запирка до точка, а притоа да не смеат да додадат или одземат никаков друг интерпункциски знак. Таквите (дури и од меѓународниот фактор) ги нарекуваат буквалисти. Тие, за жал,  не го разбрале и не го разбираат неговиот дух! (повеќе..)

Груевски- „ново- стар“ премиер на Македонија

јуни 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му го врачи мандатот за состав на новата македонска Влада. Груевски има рок од 20 дена да ги заврши консултациите со партиите и до Собранието да го достави составот на новиот владин кабинет, како и неговата програма.

(повеќе..)

Предизборно касапанско сценарио

мај 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Веќе нема дилеми дека вонредните парламентарни избори во Македонија ја „инспирираа“ опозицијата (не дел од неа, бидејќи барем на тој план македонските партии се прецизно „диференцирани“) да подготви и вонредно сценарио кое ќе резултира со „уште еден пораз на Македонија на меѓународен план“. Како и се друго во изминатиот „катастрофален“ двегодишен период на владеење на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

(повеќе..)

Опасен старт на предизборна кампања

мај 11, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Не само што почна пред законски утврдениот старт, со што е направен прекршок од сите „главни“ политички партии- учесници на вонредните парламентарни избори, туку „предвреме“ и заборавија на што се обврзаа со потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори.

(повеќе..)

Односи

февруари 01, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Не мислам на односите спрема стварите, нивната употреба и злоупотреба од страна на човекот- човештвото, туку на дневен ред ги ставам односите помеѓу луѓето. Поточно, нашиот- личниот и колективниот однос спрема човечката средина и околина.

(повеќе..)

Историски „бисер“ на будала или „дунстер“ по историја

јануари 31, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

„Во македонската историја има многу противречности, па треба да бидеш будала за да не разбереш дека, доколку си Словен, не можеш да бидеш Македонец и да го присвојуваш Александар Македонски“.

Ова пред некој ден на водечката албанска телевизија „Топ Ченел“  го изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според него, доколку некој треба да го присвои Александар, тоа не се Македонците, туку Албанците, поради тоа што неговата мајка Олимпија била од илирско потекло.

(повеќе..)

Прослава на 5- годишнината на Рамковниот договор

август 13, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

По малку чудно, па и апсурдно: прослава на „заокружен изминат период на реализација на потпишан документ организира „актер“ кој се борел со оружје в рака (но не за него односно за „спогоденото“, туку за сосема други цели), а не нејзин потписник или потписниците. Не станува збор ниту за некаква „артикулација“, меѓународно правно „формулирање“ на барања или услови (суштинското на договорот е подобрување на статусот на малцинствата за кои во вооружен „конфликт“ се бореа само припадници на едно!). Што, се разбира, не значи негација на правото да го прославува за што самата не знаела дека се бори (не мислам на „општата“ цел).

Не е на одмет да потсетам дека „конфликтот“ не го предизвика и водеше политичка партија (нејзина воена формација), туку воена структура, долго време и меѓународно третирана како терористичка, од која „изникна“, „произлезе“ албанскиот политички субјект ДУИ.

Уште почудно и поапсурдно е што потписниците не само што не ни помислуваат на такво нешто (да прославуваат), туку и не ја удостојуваат прославата со своето учество. Како да чувствуваат грижа на совеста, како да сакаат да заборават што потпишале, како некој со сила да ги натерал на тоа.

(повеќе..)

Придобивките од Рамковниот договор се уште небулозни

август 12, 2006 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

И по 5 години од потпишувањето (13.08.2001- ва) коментарите и оценките за неговата вредност односно неговите придобивки се различни, спротивставени, дури контрадикторни. Особено ако се има предвид дека досега на никој од неговите меѓународни „креатори“, фалејќи го, честитајќи (си) на успехот, не му паднало на ум да го препорача како решение за други исти или слични „случаи“ во европски и воневропски земји.

Една од најнебулозните оценки е онаа на европретставникот за надвореша и безбедноста политика Хавиер Солана.

(повеќе..)