Се демократизираат (европеизираат?) албанските политичари
Станува збор за мошне значајна промена на ставот, поточно дадена гаранција на албанскиот премиер Сали Бериша, а што отвора низа прашања и дилеми, се разбира во позитивна насока.
Од нив најважната: зошто на досегашните пописи на населението на секој граѓанин на Албанија не му беше овозможено слободно изразување на етничката припадност? Што се промени толку радикално, та сега да се нема „компекси“ за својот идентитет?
Не велам дека и досега Албанија не ги почитувала своите сограѓани од другите етникуми, но кога станува збор за изразување на етничката припадност на досегашните пописи… (повеќе..)

Воопшто не е спорна нужноста од постоење и постојано- континуирано збогатување на национална- Македонска енциклопедија (не Енциклопедија на Македонија). Национални имаат многу, речиси сите нации во светот. Таквата енциклопедија е одамна „дефинирана“- утврдени се нејзините основни карактеристики: енциклопедиското знаење се групира според исклучително важен критериум- националниот, кој подразбира собирање и лексикографско систематизирање на знаењето за националните култури, достигнувањата и вредностите. Тој е мошне значаен за, како што потенцираат енциклопедиски авторитети, виталните интереси на слободата и опстанокот, особено на малите народи во современиот свет. Постои општа согласност дека во тој свет се загрозени двете најголеми придобивки на граѓанското општество- правата на човекот на индивидуална (лична) и колективна (национална) слобода.
Мистериозната смрт на клучниот сведок во случајот на големата експлозија во Грдец, Албанија, воопшто не го изненадува оној што ги следел во минатото и ги следи во сегашноста судбините на клучните сведоци на Балканот и пошироко, во регионот. Поточно насекаде каде што се случуваат политичко- криминогени процеси и случувања. Тој ретко се изненадува кога нема да се успее трагите да бидат „завеани“, сведоците да останат живи, можеби и здрави, и да ја реализираат својата „херојска“ улога. Доволно е да потсетам на ликвидираните сведоци (сите до еден) против косовскиот „недокажан“ злосторник Рамуш Харадинај, па да нема потреба од никакво дообјаснување.
Она што се случува во последниве месеци во Албанија не претставува никакво изненадување. До неодамна единствената дилема беше дали ќе биде направен радикален пресврт или ќе се примени она што е прифатено- изгласано кај нас, на што народот му даде доверба, а се вика препород (дали во 100 или повеќе или помалку чекори, тоа не е важно; се работи за „стандардна симболика“). Се чини дека е избран првиот „модел“, кој повеќе и е нужен на неразвиена, заостаната, маргинализирана земја (каква што беше и се уште е и Македонија; мојата заложба за „чекор од 7 милји“ може да се прочита во многу прилози на овој сајт). Примерот на Албанија претставува уште една потврда дека на развиениот свет тој му претставува поголем предизвик. Едноставно, светот нема време за чекање, а особено не за „препородувачко чекорење“.
„Земја која излегува на две мориња не треба да се грижи за својата иднина“. Ви звучи познато? Да не беше нешто слично со младина во едно сега веќе прилично далечно југословенско минато („Земја која има таква младина…“)? Звучи, ама не е од минатото, туку е денес, а допрва ќе важи, ќе се докажува во (ептен) блиска иднина.
Лондонскиот весник „Фајненшл тајмс“ објави дека Албанија има мали шанси брзо да и се придружи на Македонија како земја кандидат за целосно интегрирање во Европската Унија. Најавеното отворање на силен фронт на борба против корупцијата, од страна на премиерот Сали Бериша, се поврзува со предупредувањето на ЕУ: доколку неговата Влада за кусо време не спроведе сериозни реформи и не се намали корупцијата, Албанија нема да добие кандидатски статус во следните неколку години.
Битката против визното „опкружување“, а особено за укинување на шенген- визите Република Македонија ќе ја води уште долго и ќе биде се потешка и посложена. Пред се со наметнување- измислување на нови услови односно „стандарди“. Се додека не се урне „грчкиот ѕид“ што се вика проблем на Атина со името на државава, а кој таа успева да им го наметне на своите сојузници во ЕУ и НАТО како „солидарен“.




