Subscribe

На македонскиот политички „фронт“ ништо ново

март 13, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Поентар

Опозицијата ќе се врати во Парламентот (очекувано), во меѓувреме СДСМ најавува формирање на Влада во сенка, што ќе биде нејзин голем адут на претстојните предвремени парламентарни избори (предвидов); конгреси одржаа ВМРО- ДПМНЕ (со воздржавни и прилично „општи“ пораки) и ЛДП (со мошне забавни „поенти“); „брат Љубе“ и Селмани се шетаат низ селата во Македонија (а „И јас сум А1“ редовно и ревносно ги следат, но не како платен политички маркетинг); се формира „Демократска десница“; квазианалитичарите и прогонозерите „уткаџии“ најавија конечно заминување на Црвенковски од челната позиција на СДСМ (како не им текнвуа дека челната позиција е многу посилна од сенка?!), а албанските опозициони партии бараат нови изборни граници.

Да, најзначајното нешто поврзано со претстојните избори ќе биде средбата во четири очи помеѓу Груевски и Црвенковски, овие денови, а на иницијатива на премиерот. (Црвенковски се пожали дека му била „прочитана“ и „украдена“ идејата за неа- тврди дека го прислушкуваат).

Прочитај го целиот став…

Разурнувачки земјотрес и цунами во Јапонија

март 13, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Антрфиле

Се уште нецелосните проценки говорат за повеќе од 10.000 загинати во префектурата Мијаги, а засега официјалната бројка на загинати е 1.300, а како резултат на земјотресот и цунамито кои во петокот ја погодија Јапонија.

Прочитај го целиот став…

Го даваат ли победникот на предвремените избори (евентуални) моментните рејтинзи?

март 09, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Поентар

Евентуалноста поместена во заграда на насловот на овој текст е поради очигледното „дриблање“ на СДСМ со поставените услови, а моментно и со Државната изборна комисија (деновиве ќе го видиме „голот“ или „фаулот“).

Се разбира, ги имам предвид и условите што ги постави, од кои самиот знае дека еден, кој се покажува дека му е најважен (одмрзнување на сметките на А1 ТВи печатените медиуми на Велија Рамковски), е неостварлив. Затоа што станува збор за судска одлука  која не може да се преиначи со политичка. Без оглед дали се употребувал и може да се употреби „телефонот“ кој го користел Црвенковски кога бил на власт при слични „деликатни проблеми“ ( според сопствено признание, нему му е познат, а како што изјави- тврди „го знае и Груевски“).

Прочитај го целиот став…

Во корист на сопствената штета

март 04, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Поентар

Уште на самиот старт на кампањата „И јас сум А1“, што беше најавено дека ќе трае до крајот на февруари, а ненајавено продолжи и месецов- март, искажав јасен став дека е неприфатлива, немушта, инфантилна, на моменти и кловновска во нејзината реализација. На пример одењето по куќи и собирањето на потписи што, за среќа, брзо беше напуштено. Во спротивно, можеше лесно да се случи да чукнат на вратата на некој ВМРО-вец, па лесно е да се претпостави на какви непријатности би се нашле „чукачите“.

И притоа потенцирав дека колегите- новинари на А1 ТВ со тоа „одработуваат“ исклучиво во корист на сопствената штета.

Потврда на мојот став „стаса“ деновиве, а реакцијата на „засегнатите“ е нервозна и недостоинствена.

Прочитај го целиот став…

Здодевно „Оскарување“

март 01, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Петта страна на светот

Освен што не донесе поголеми изненадувања, годинашново доделување на наградите на Американската филмска академија според многумина потврди дека веќе го изгуби сјајот на врвна и неприкосновена вреднувачка и славеничка манифестација.

Прочитај го целиот став…

СДСМ-овскиот „фронт“ да ги бојкотира претстојните избори- дефинитивно!

март 01, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Акценти

Вонредните парламентарни избори да се одржат, „фронтот“- всушност СДСМ со своите „сателитски“ партии да опстојат на својот став, и тоа без оглед дали по нивното одржување меѓународната заедница (а не „фронтот“) ќе ги оцени како максимално фер и демократски или со „забелешки“.

Притоа, да потенцирам, „фронтот“ да престане да манипулира со тоа дека без нив во македонскиот Парламент ќе нема опозиција. Затоа што ЛДП, чиј рејтинг расте и сигурно наскоро ќе го преземе опоизиционото „кормило“, искажа цврст став дека ќе учествува, а не „откажаа“ и некои други.

Прочитај го целиот став…

Што се случува со храната во светот и кај нас?

март 01, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Акценти

Податоците се алармантни, загриженоста се поголема, а најголема е неизвесноста- подеднакво и на развиените- богатите, и на неразвиените- сиромашните земји.

Почнувајќи од Нова година (всушност од летото 2010), вестите не се за зголемување на цените одвреме- навреме, туку секојдневни. Во светот, а кај нас дури и „секојчасовни“.

Прочитај го целиот став…

Во одбрана на достоинството на новинарската професија

февруари 15, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Поентар

Наместо да се поддржи борбата против медиумскиот криминал, кој подразбира не само перење на пари на најразлични „груби“ и „софистицирани“ начини, не само полит- бизнсменска манипулација со јавноста,  изигрување на законската регулатива (најнапред на постојниот Закон за радиодифузија, а потоа и на „општите“ за деловно работење на трговските друштва- даночно затајување итн.), наместо вработените во А1 ТВ и весниците од „Перо Наков б.б.“ да водат кампања за поддршка на нивното новинарство како „последна одбрана на демократијата во Македонија, „последен час“ е СИТЕ ЗАЕДНО, вработените во сите електронски и печатени медиуми да започнат РЕШИТЕЛНА БОРБА  во одбрана на ДОСТОИНСТВОТО НА НОВИНАРСКАТА ПРОФЕСИЈА. Предводени од „реформираното“ Здружение на новинарите на Македонија. Со максимална секаква поддршка, и морална и материјална, од меѓународната заедница.

Прочитај го целиот став…

Час поскоро вонредни парламентарни избори во Македонија!

февруари 07, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Поентар

На големо се шпекулира дали наскоро ќе има или не вонредни парламентарни избори во Македонија (редовните се догодина). И медиуми и политички аналитичари, но и „засегнати“ политичари различно оценуваат дали се можни или не, дали се нужни со оглед на парламентарната криза- напуштањето на Парламентот од страна на најголемиот дел од опозицијат.

Некои велат дека е неспорно оти станува збор за политичка криза во Македонија, а не само парламентарна, притоа заборавајќи на нејзината суштина: таа е состојба во која темелните институционализирани вредности на политичкиот систем се практично доведени во прашање и во која рутинските одговори на системот се покажуваат како неделотворни и неадекватни (Леонард Биндер); односно тоа е криза на ефикасноста, на политичкиот легитимитет и на политичкиот идентитет.

Прочитај го целиот став…

Дали се можни вонредни парламентарни избори во Грција?

февруари 06, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: In continuo

Според грчки весници, реално е тие да се одржат во март или април, најнапред поради катастрофалната економско- социјална состојба во земјата и тешките услови од ЕУ и ММФ во рамките на договорот за помош на грчката економија. Некои оценуваат дека владата на Папандреу е веќе во целосен ќорсокак. Меѓутоа, предвремените избори се повеќе „посакувана опција“ на опозицијата и таа веќе ги мобилизира своите редови.

Прочитај го целиот став…

Почина Гари Мур

февруари 06, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Антрфиле

Од живите се пресели во мртвите музички легенди. Прерано, особено ако се има предвид генијалноста и творечката енергија кои сигурно ќе создадеа уште недоброј врвни остварувања.

Прочуениот гитарист почина денеска на одмор во Шпанија во 58. година од животот.

Прочитај го целиот став…

Последна фаза од сценарио или последен очајнички обид за спас од дефинитивен пораз

јануари 29, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Поентар

По бројните неуспешни штрајкови, пред се на земјоделци со што се правеа „удари“ врз еден од најуспешните економски програми (претходно на стечајни работници кои не можеа да прикријат кој им „кумуваше“), опозицијата се реши на последниот чекор (лесно предвидлив) во обид да се урне актуелната владина коалиција.

Еден од мариналните лидери на минорна политичка опозициона партија во својата „поетска вдахновеност“ не се ни обиде тоа да го скрие: изјави дека е дојдено време власта „ако треба“ да да се урне „и во буквална и во пренесена смисла“.

Според позицијата, сценариото е одамна прочитано: да се предизвика парламентарна криза и на тој начин да се изнудат предвремени избори. На кои опозицијата нема да победи, но ќе успее да „обезбеди“ техничка Влада, па после…

Прочитај го целиот став…

Фуере повторно „истрча“

јануари 25, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: In continuo

Евроамбасадорот во Македонија изрази загриженост оти Владата и понатаму била глува на апелите за департизација и професионализација на јавната администрација. Се разбира, тој е европски дипломат, има обврска внимателно да ги следи случувањата и процесите во Македонија, па добро знае „што е што“. Очигледно, ова е уште едно негово „истрчување“ за дневно- политички опозициони цели.

Прочитај го целиот став…

Усвоена резолуција и извештајот на Дик Марти

јануари 25, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Акценти

Очекувана вест: Парламентарното собрание на Советот на Европа ги усвои извештајот на Дик Марти и резолуцијата за трговија со човечки органи на Косово, со кои се повикува на меѓународна истрага на овие обвиненија. За резолуцијата гласаа 169-мина пратеници, 8-мина беа против, а 14-мина воздржани.

Од 19-те амандмани што ги поднесоа Албанците прифатен е само еден, па називот на резолуцијата е променет во „Истрага на обвиненијата за нехуман третман на луѓе и нелегална трговија со човечки органи на Косово“.

Прочитај го целиот став…

Русија пред решителна (и решавачка?) борба против тероризмот

јануари 25, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Акценти

Терористичкиот напад што вчера (24.01.2011.) се случи на аеродромот Домодедово во Москва, во кој загинаа најмалку 31 лице, е само еден од низата такви напади во Русија, од кои многу во главниот град на Русија.

Потсетувам, најтрагичен беше во Беслан, град 50 километри северно од Владикасвказ, на почетокот од 2004., кога при терористичка опсада на едно училиште загинаа 344 лица, од кои 186 беа деца.

Русија мора час поскоро да преземе радикални, најостри можни мерки, да отвори најширок можен фронт против тероризмот во земјата. Се разбира, тој има меѓународен карактер, па следствено и борбата не е можна без максимална поддршка на меѓународната заедница.

Прочитај го целиот став…