Subscribe

Џабе премолчување. Се гледа и се користи!

април 15, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Eppur si muove

Уште една потврда на непрофесионално и неодговорно новинарство (спрема гледачите, слушателите, читателите): премолчување на нешто што е без двојба ем корисно ем убаво за Скопје.

Да се премолчи, воопшто да не се одбележи пуштање во сообраќај на 17 нови нископодни и првиот двокатен автобус низ улиците на Скопје (барем како занимливост) нема врска со тн. опозиционерско новинарство, туку единствено со теснопартиско, што ќе рече неслободно, еднострано, насочено, заробено. Токму тоа- таквото новинарство е проблемот кој се држи како „дежурна тема“ за „меѓународна употреба“: слободата на медиумите.

Прочитај го целиот став…

Храната и нафтата

април 15, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Економикс

И покрај потврденото опоравување на светската економија, очигледно е дека светската економско- финансиска криза се уште не е помината, а постои опасност таа дури и да се интензивира- поттикната од постојаното енормно зголемување на цената на нафтата на светските берзи и поскапувањето на храната односно се поголемото осиромашување на средноразвиените и неразвиените земји.

Прочитај го целиот став…

И официјално: вонредни парламентарни избори во Македонија на 5. јуни

април 15, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Поентар

Собранието се распушти, утре претседателот Трајко Вељановски ќе го потпише Решението за распишување избори.

Не беше неочекувано, но пратениците како да заборавија дека се собраа последен пат ЗА ДА ГО ВРАТАТ ПРАТЕНИЧКИОТ МАНДАТ добиен од граѓаните на Република Македонија на избори!

Прочитај го целиот став…

ЕУ и (не)слободното медиумско слепило

април 12, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Поентар

Проблемот на слободата и независноста (читај: објективноста) на медиумите во Македонија не е во определбата да се анализира и коментира, односно зазема позиционерски или опозиционерски став, туку да се искажува јасна партиска припадност и да се  информира еднострано, селективно, значи необјективно, па и невистинито (груба лага).

Прочитај го целиот став…

Заврши судењето во Хаг

март 31, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Поентар

Со последното рочиште помеѓу Македонија и Грција во врска со прекршувањето на Времената спогодба од 1995. година, во Меѓународниот суд на правдата во Хаг заврши судењето, а одлуката се очекува на есен.

Пресудите на судот се сметаат за конечни и обврувачки за земјите- членки на ОН, односно за страните на спорот.

До 7- ми април Грција, а до 14- април Македонија треба да ги достават последните забелешки.

Прочитај го целиот став…

На 5. јуни предвремени избори во Македонија

март 31, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Акценти

Утврден е денот на предвремените парламентарни избори во Македонија: 05.06.2011.

Одлуката на Никола Груевски воопшто не е неочекувана, но изненадува ставот на лидерот на СДСМ, односно на опозицијата- дека се откажува од сите барања со кои, според многумина експерти и аналитичари,  во изминативе неколку месеци се обидуваше да ги одбегне, а да наметне друго, „вонредно“ решение (политичка криза и техничка влада).

Прочитај го целиот став…

Уште една екс претседатeлска валканица или…

март 31, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Поентар

Лично не верувам дека од „откритието“ на „Нетпрес“ ќе се изроди нов „случај Црвенковски“, особено откако е објавен датумот на предвремените избори и со тоа почна или, поточно, продолжи незаконски предвремената предизборна кампања. Едноставно, тоа од СДСМ односно опозицијата и нејзините медиумски мегафони, предводени од А1 ТВ, веќе се „дефинира“ како уште една измислица на власта, а предизвикана од „ноќната мора“ Црвенковски.

А што е „откритието“?   Кабинетот на екс претседателот Црвенковски платил 530.000 евра за дводневен самит во Охрид. Како да не?!

Прочитај го целиот став…

Без оглед на пресудата, Македонија веќе ја доби „битката“ во Хаг

март 28, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: In continuo

Очекувано, Грција во Хаг е „приклештена“ со доказите дека во „случајот Македонија“ ја прекршила Времената спогодба, па нејзината одбрана беше јалова, на моменти дури инфантилна. Доказ за тоа е и сеопштата нервоза кај јужниот сосед, а некои експерти, новинари- аналитичари и политичари ги зафати параноја- само што уште не почнале да го пцујат својот осведочен добрососед.

Прочитај го целиот став…

27. март- Светски ден на театарот

март 28, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Извлечено-Подвлечено

Во својата годишна порака по повод Светскиот ден на театарот 27. март Џесика А. Кава, артистка, режисерка и активен хуманист од Уганда потенцира дека и покрај свеста за моќта на театарот молчиме и им дозволуваме на владетелите на оружјето да бидат нашите чувари на мирот:

Прочитај го целиот став…

„Незгодна“ ситуација

март 24, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Поентар

Белким новинарите на А1 ТВ и весниците „на Велија Рамковски“ конечно ќе се сепнат, ќе се пресметаат и ќе ја зашвршат неколкумесечната кловновијада пред Владата на Македонија, а ќе се посветат на борбата за достоинство на новинарската професија, пред се против манипулациите, шпекулациите, вовлекувањето на новинари во криминални дејанија итн., односно против инструментализација од страна на „големите газди“.

Белким конечно сфаќаат дека беа и се (зло)употреувани за лукративни политички цели, а „во името“ на медиумската слобода, независноста на новинарството, демократијата…

Се разбира, едновремено и да се обидат да се извлечат што помалку извалкани од калта во која длабоко зацапале.

Прочитај го целиот став…

Војна со далекусежни последици

март 21, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Акценти

Кое е официјалното образложение на одлуката на Советот за безбедност на ОН за напади врз Либија?Да се прекине насилството во оваа северноафриканска земја, да се спречи хуманитарна криза, да се поддржи хуманитраната помош и да се заштитат либиските цивили. Но во воздушните напади, освен воениот арсенал на Гадафи, страда токму цивилното население (стотици жртви)!

А „неофицијалната“ цел? Засега само воздржаност и претпоставки на воените аналитичари и експертите: спречување на нова светска економска криза со енормното, голипарчко зголемување на цената на нафтата, односно продолжување на нејзиното скорешно исцрпување (некои проценуваат дека ќе ја нема по 20-тина години). Се шпекулира и со стратегија, односно ставови на САД изнесени уште во 2000 година.

Прочитај го целиот став…

Реално: предвремени парламентарни избори во Македонија пред почетокот на годинашново лето

март 21, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: In continuo

Не е нереална ваквата прогноза само поради постигнатиот „извесен“ напредок на синоќешните- ноќешните разговори на четворицата лидери на (нај)релевантни политички партии кај претседателот на државата, како и закажаната нова средба утре, а не и само поради тоа што СДСМ и Црвенковски лично се се повеќе „во тесно“.

Треба да се имаат предвид и климатските услови. Таман работа граѓаните на Република Македонија вонредно да се потат и препотуваат поради политичари и кандидати за пратеници на кои треба да им се прифатат-  изгласаат нивните лични и семејно- пријателски кариеристички амбиции.

Прочитај го целиот став…

Денеска уште еден природен феномен

март 19, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Петта страна на светот

Месечината, најголемиот природен сателит на Земјата, ќе биде  најблиску во последните 19 години. Таа вечер ќе биде посјајна од вообичаено, зашто според астрономите влегува во „лунарен перигеј“.

Овој феномен ќе може да се посматра со голо око, а околу 20 часот Месечината ќе биде толку блиску што ќе биде можно да се гледааат нејзините планини и кратери.

Прочитај го целиот став…

Медиумска лага во „рамки“

март 16, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Поентар

Кога ти минуваат- мислиш дека ти минуваат многу лаги како вистини, а е се поочигледно дека се тие „употребно орудие“, отворено опозиционерско, а не независност односно објективност, како што постојано прикажуваш, убедуваш, се обидуваш да наметнеш, една откриена го урива „системот“.

Станува збор за срамна лага чиј ефект е долгорочен. Не само за новинарот, кој згора е еден од првите, највозрасните, најавторитетните во медиумот (електронски- телевизија), туку и за просторот кој го има освоено и „менторите“ за кои веќе отворено „работи“. За кредибилитетот кај корисниците- гледачите…

Прочитај го целиот став…

Лидерска средба без никакво значење

март 16, 2011 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Поентар

Не е јасно врз основа на што некои аналитичари и новинари (медиуми) ја подгреваа надежта дека нешто многу важно ќе се случи, а секако најважното- СДСМ да се врати во Собранието и да започне интензивна подготовка за вонредните парламентарни избори. Особено ако се има предвид дека од ултимативните барања како предуслов за тоа едното е „проблематично“, а другото невозможно да се исполни.

Јасна е само веќе разнишаната „пуста“ надеж дека колегите од А1 ТВ и од печатените медиуми „на Велија Рамковски“ ќе „ќарат“ одмрзнување на сметките и „колку- толку“ ќе ја покријат кловновијадата пред Владата на Македонија секоја вечер веќе два и кусур месеца. (Ако се негови, тоа е спротивно на Законот за радиодифузија кој прецизно го дефинира „медиумскиот монопол“.)

Прочитај го целиот став…