Фондацијата „Рамковски“ ги додели наградите „Крсте Мисирков“ за 2008-ма
Чудно и неразбирливо: една од ретките фондации кај нас, која е мошне „жива“- постојано, континуирано е присутна со акции и активности во општествениот, пред се културниот живот, доделува највисока парична, но и „звучна“ награда, а настанот- свеченото доделување се игнорира, премолчува или за него се информира само во два- три збора или реда!
Всушност, ништо чудно ако се има предвид недостигот од самопочит и меѓусебно почитување, (само)уривањето на личното и колективното достоинство, немањето чувство и критериум за вредното и убавото, урнисаниот систем на вредности…
Во пресрет на Денот на независноста на Македонија на Универзитетот ФОН во Скопје свечено беа доделени годинашните награди на Фондацијата „Рамковски“, што го носат името на втемелувачот на македонската нација, историја и култура Крсте Мисирков.

Републиканецот Џон МекКејн и официјално ја прифати номинацијата на Републиканската партија да биде нејзин кандидат за претседател на на САД на изборите на есен, на 4-ти ноември. Тој им се обрна на делегатите на партискиот конгрес во Сент Пол, Минесота, со предупредување до политичката елита во Вашингтон оти со него „доаѓа промена“. Некои веднаш се сетија дека слоганот „промени“ беше главниот во кампањата на демократскиот противник Барак Обама.
Се разбира, не се работи за „трка“ со другите земји во регионот, особено не со оние што од поодамна ја имаат „в џеб“ Спогодбата за стабилизација и асоцијација (Македонија) или во преговарањето се во поодмината фаза, туку за поинакви услови (читај: интереси) што за неа ги има „смислено“ ЕУ. Ако се имаат предвид некои изјави на клучни фактори во Брисел по апсењето и испорачувањето на Караџиќ на Хаг, пречки „практично“ не постојат. (Спогодбата е веќе потпишана, деновиве најверојатно ќе биде ратификувана од српскиот Парламент) Освен една: независно Косово.
И покрај тоа што силата на ураганот „Густав“ беше намалена до прва категорија според скалата на Сафир-Симсон, со максимална брзина на ветровите од 145 километри на час, најмалку 12-мина луѓе загинаа во американската држава Луизијана. Ниту една од жртвите не е од Њу Орлеанс. Во меѓувреме тој ослабна до тропска бура која предизвика поплави и прекин на електричната енергија.
Наместо колку- толку да се корегира, што значи да ги пренасочи своите активности во „конструктивна“ насока, раководството на Федерацијата на фармери продолжува со своите нелогични и штетни потези и активности. Членството би морало што поскоро да се „позанимава“ со него, да испита и открие од кого е „диригирано“, да побара конкретна одговорност за штетите што им ги нанесе на големите- крупните индивидуални млекопроизводители и да го смени.
Всушност, се „читаше“ уште на самиот старт од судирот Русија- Грузија, само што беа нејасни некои детали односно меѓуредови. Не беше познато дали ќе се повторат одамна проверените, спроведените во практика. Затоа што се работи за стандардно сценарио, досега многупати, во разни конфликти реализирано, особено во времето на Студената војна чие ново издание очигледно започна
Филмскиот фестивал во Венеција свечено започна синоќа со светската премиера на филмот на браќата Коен (Џоел и Етан) „Burn After Reading“, прикажан вон конкуренција. Домаќинка на церемонијата на отворањето „Palaco Sinema“ беше Ксенија Рапопорт, една од најпознатите руски филмски и театарски глумици.

Како секогаш, во „најдемократската држава на светот“ се чини дека и овојпат до последен момент нема да се знае кој ќе биде новиот претседател на САД. Дали треба да потсетам како актуелниот Џорџ В. Буш го доби вториот мандат („местенката“ во меѓувреме се заборави)?
Што се случува со судењето на Радован Караџиќ во Хаг? Се прашува некој, го интересира ли некого тоа, особено кај нас?
Со традиционалното палење на фестивалскиот оган започна 47-то издание на СВП.
Не претставува никакво изненадување резултатот од неколкучасовниот разговор помеѓу претседателот на државата Бранко Црвенковски и претседателот на Собранието Трајко Вељановски: 5-те спорни закони ќе се гласаат по третпат. Уставната криза, што ја создаде Црвенковски со одбивање за истите да потпише укази (намерно и со „насетувачки“ цели; на пример, враќањето на опозицијата во Парламентот е „формата“, а „содржината“ односно суштината нешто сосема друго; меѓу другото повторно наметнување на „политички дијалог“ кој, поради карикатуралноста не е во „мода“, па треба да се „преименува“), се решава противуставно. Чудно, особено ако се има предвид дека пред, во текот или по разговорот, сеедно, биле консултирани уставни експерти.
Странските новински агенции постојано, од час во час јавуваат дека руските авиони продолжуваат со нападите на воената база и радарите во близина на грузиската престолнина Тбилиси, како и бомбардирањето на Гори, центарот на логистиката на грузиската армија на границата со Јужна Осетија, а грузиските продолжуваат со нападите врз цели во Јужна Осетија.
ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција презентира цел список на лица кои биле осудени и помилувани од претседателот Бранко Црвенковски, а кој пред домашната, па и меѓународната јавност (го имаме предвид неговиот углед како претседател) го ставаат во мошне непријатна позиција: дека работи и дејствува партиски (ги штити луѓето и интересите на неговата партија СДСМ), но и противуставно односно ја злоупотребува службената положба. На посреден начин мошне „проблематични“ стануваат и аболицијата на Зоран Заев и дигнитетот на СДСМ.




