ЕУ на крстопат: ветото како уцена
Приемот на нови членки во ЕУ станува се потежок, посложен и понеизвесен. Особено за оние кои веќе забрзано „чекорат“ кон неа или се на нејзиниот праг. Тоа не е ништо друго, освен одбрана на интересите на одделни членки или групи односно кругови, пред се на најсилните, на „елитата“, освен страв од „разводнување“ на европската заедница, но пред се веќе согледаната немоќ и неспособност на прескапата, гломазна администрација во Брисел да ги координира и реализира заедничките интереси.
Од друга страна, токму таквата „проблематизација“ или се поевидентното „затворање“ ја прави реална опасноста (прогнозата) за скорешно „самораспшутање“, „природно растурање“ на ЕУ, нејзино сведување на сегашните 4- 5 најсилни членки. (повеќе..)

Како човек, професионален новинар и творец отсекогаш сум се залагал за поддршка- стимулирање, промоција и афирмација на вредности- дела- творештво. Затоа што сметам дека создавачкото- генеричкото во човекот и од него е единствената цел, ако сакате и смисла на живеењето, на постоењето. Притоа, за разлика од многумина други промислувачи односно мислечки луѓе во минатото и денес, јас не мислам дека на тој начин се победува времето, односно се поразуваат минливоста и маргиналноста, туку вечноста како заедничка назнака на трајноста и бескрајноста се потврдува единствено во создавањето и создаденото.
ЕВН е постојано незадоволна, реагира, се закаува, македонската Влада предупредува и „се надева“, а граѓаните трпат штети поради чести прекини на струја и масовни исклучувања. За нејзиниот квалитет да не правиме муабет.
Секоја година исто, само малку различно: продолжува (макотрпно) производството на македонскиот тутун, во континуитет се преземаат стимулативни мерки, особено за подобрување на квалитетот и непречен, се инсистира на редовен откуп по реални цени. Меѓутоа, сето тоа проследено со „получекори“, ветено- нереализирано, незадоволство и разочарување. 
.gif)
Владата на Караманлис и тој лично очигледно ги издава трпението. Се повеќе станува јасно дека Атина ниту барала, ниту бара конструктивно решение на нејзиниот проблем во врска со името на нашата земја, туку нова географска одредница која всушност значи бришење на националниот идентитет на македонскиот народ.
Какви бои има западната демократија? Има ли доминатна? Веројатно е зелено- сината (САД- Европа), но не треба да се заборави и на жолтата (европските ѕвезди; се сеќавате на „Подвлечено со жолто“?). Црвената е нејзино минато, особено затоа што се смета дека повеќе недемократска (таму кајшто ја има, на пример во Кина, некои латиноамерикански држави…). А портокаловата (како „премин“ од црвена во жолта)? Е, неа дефинитивно ја (из)губи.
Да, улогата на Метју Нимиц во надминувањето на проблемот што го има јужниот сосед со името Македонија (не уставното име на државава), всушност со постоењето и идентитетот на македонскиот народ, одамна не е медијаторска, а на тоа не се реагира. Освен неодамна, кога македонската „страна“ му обрна внимание дека ги пречекорува своите ингеренции. Неговото наводно заборавање е вешто и итро (дипломатско?) наметнување на себе си како клучен фактор, решавач на проблемот.
Дефинитивно глобализмот ја губи битката со антиглобалистите, но и со самиот себе и почнува да отстапува (повторно?) пред регионализмот. Најголемиот, можеби и последниот удар го доби(ва) со новата светска економска криза и рецесија.

За разлика од олимпијците, кои постигнаа резултати под своите можности, а повеќето од нив не требаа ниту да патуваат на ОИ 2008-ма во Пекинг, параолимпијците Бикова и Каранфилов успешно настапија на 13-те игри и треба да им се честита. Се разбира, имајќи ги предвид постигањата на претходните, високите позиции на светските ранг листи во своите дисциплини, можеа да постигнат и повеќе, но во секој случај тие се „одбранети“ .
Колку одлуката на Владата на Република Македонија да го либерализира визниот режим со сите земји коишто се наоѓаат на т.н. „бела листа“ на Европската унија, како и со државите кои не се на таа листа, а чии граѓани имаат важечки и валидни пасоши и шенген визи, ќе помогне ЕУ конечно да се „сепне“ и да престане постојано да измислува се нови и нови критериуми со кои го одложува укинувањето на визите? Или нема врска едното со другото?
Ураганот „Хана“ кој настапи по „Густав“ засега остави зад себе најмногу жртви. Агенциите јавија дека полицијата на Хаити, во градот Гонаивес, кој има 300.000 жители, откако се повлекла водата од поплавата пронашла најмалку 500 трупови. Постои загриженост дека бројот на настрадани би можел да биде и поголем. Билансот на жртвите се зголемува од час во час, соопштi Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи (ОЦХА). Локалните власти известуваат дека нивото на водата во некои делови на градот била и до 5 метри.




