Subscribe

Archive for the ‘In continuo’

ЕУ не ја користи историската шанса да го одложи сопственото пропаѓање

декември 04, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Не затоа што на Република Македонија ќе и го одложи датумот за почеток на пристапните преговори (најверојатно до некое ниедно време), туку затоа што не може да го избегне сопственото „раслојување“ поради проблемот кој во минатото се покажа и докажа како неминовен „растурач“ на секое „интересовно“ здружување или обединување- консензусот, поточно „инструментот“ вето.

(повеќе..)

Крај на тениската сезона

октомври 31, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Сезоната на тенисерките им заврши со Мастерс турнирот во Доха, а тенисерите ги чека финалната пресметка на 8- темина најдобри на планетата закажана за крајот на идниот месец во Лондон. Во меѓувреме ќе се одиграат и турнирите во Базел и Валенсија, како и Мастерс-от во Париз.

Годинашнава сезона ја одбележаа и два настана „покрај“ или „околу“ тениските терени: најавата за скорешен крај на кариерата на Надал и автобиографската книга на Андре Агаси во која „се исповеда“ дека се дрогирал.

(повеќе..)

Ирак се покрвав

октомври 25, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Веќе не е спорно дека на САД им се случува „нов Виентам“, можеби и потежок во однос на завршувањето- разрешувањето на ирачката војна, а особено во однос на долгорочните последици кога се има предвид геостратешкото значење на Блискиот Исток. Со други зборови, тие несомнено доживуваат и дпрва ќе доживеат тежок пораз од кој е/ќе биде многу тешко да извлечат „жива глава“.

„Извозот на демократијата“ на Џорџ Буш се претвори во „извоз“ на долготрајна (безгранична?) граѓанска војна. Очигледно, на претседателот Обама и неговиот тим ќе му бидат потребни многу мудрост, рационалност, па и храброст не за да ја извлечат земјата од крвавиот Ирак (најмалку со едноставното повлекување на воените трупи кое започна на 1- ви јули), туку да не бидат „исфрлени“ од него како „нафтени убијци на демократијата“. (повеќе..)

Ах, таа транспарентност!

август 28, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Два главни принципа на работење или две суштински заложби беа и се „најзаслужни“ за контнуираниот висок рејтинг на Владата на Никола Груевски и на лично неговиот: посветеноста и транспарентноста. Првата е се уште во „игра“, премиерот секогаш ја потенцира, особено сега во секојдневната битка со економско- финансиската криза односно рецесијата, а втората… (повеќе..)

Валканата дипломатска игра на Атина привршува

август 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Метју Нимиц си противречи на себе си со изнасилениот оптимизам од една и безизлезот, односно последниот обид со нов пакет- идеи конечно да и стави крај на валканата, неразумна, апсурдна, ступидна дипломатска игра на Данајската република (Грција) со името на Република Македонија (не уставното). Дека била таква од почетокот на спорењето (не спор, а најмалку билатерален) е и ќе биде уште не долго време, му е јасно не само на Нимиц, туку им е веќе „преку глава“ и на сојузниците на Атина во ЕУ и НАТО.

(повеќе..)

Бескрајно реформирање на образованието

јуни 10, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Ако во изминатава година има област што беше најмногу на „тапет“ во Република Македонија, освен земјоделието, тоа е секако образованието, поточно реформите што со децении со судни маки се спроведуваат во него (од сите досегашни влади и министерства за образование и наука). Да, тоа постојано се реформира, па од нашите основни, средни, виши и високошколски институции излегуваат кои од кои „пореформирани“ генерации.

Од друга страна, нужно е да се потенцира веќе хроничниот отпор на актерите во, но и надвор од образовниот систем (на пример судството, партиите) спрема каков било порадикален реформски зафат. Доволно е да се потсетиме на се уште несовладаниот отпор, пред се на наставниците и професорите поради сопствената неписменост, против компјутеризацијата односно дигитализацијата на наставниот процес. (повеќе..)

Сепак само вербален напад

април 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Не се реални проценките на некои угледни печатени медиуми, како на пример лондонски „Тајмс“, дека по остриот напад на иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад врз Израел, на конференцијата во Женева, отвора можност за ескалација на непријателството помеѓу двете ржави. Ќе биде запаметен како инцидент, односно уште еден од низата остри вербални настапи или истапи на иранскиот претседател.

Всушност, тој не кажа ништо ново, освен ставот дека со победата на десноориентираната партија Ликуд на неодамнешните избори во Израел, а потоа и изборот на нејзиниот лидер Бенјамин Нетанјаху за премиер, ситуацијата во регионот се усложнува. Повтори, по којзнае кој пат, дека Израел е „вештачка творба на Западот која брзо ќе исчезне од површината на земјата, а цела Палестина ќе им биде вратена на Палестинците.

(повеќе..)

Опозиционерска доследност на Црвенковски

април 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Ако не се земе предвид „формата“, последната средба со дипломатскиот кор во земјава Бранко Црвенковски ја имаше не како проштална на претседател на Македонија и Врховен командант на нејзините оружени сили односно на АРМ, туку како прва на „старо- новиот“ лидер на СДСМ и, се разбира, идниот најголем македонски опозиционер.

Критиките кои не пропушти да и ги упати на актуелната македонска власт странските дипломати во земјава ги слушнаа како од човек кој не е се уште дел од неа и оти не сноси никаква одговорност за тоа што, според него, многу нешта од актуелниов миг се „црни“. Особено она што се однесува на динамиката со која земајва ги исполнува условите за својата европска интеграција. (повеќе..)

Дефинитивна разрешница на кризата во Грузија

април 14, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

И на политичкиот лаик веќе му е јасно дека Саакашвили не води „гола борба“ за власт, и натаму да остане претседател на Грузија, туку „мора да остане“ поради остварување на пошироки геополитички и геостратешки интереси: држејќи ги во латентна криза руско- грузиските оноси НАТО, односно западните сили предводени од САД да бидат што поблиску до Русија, на самата нејзина граница, со единствена цел да се спречи ширење на нејзиното влијание. Сферите на влијание се од исклучителна важност во овој само навидум глобализиран свет, а всушност во сериозна и веројатно долгорочна нова Студена војна, во нова  „софистицирана“ форма.

Тешко е да се одговори на прашањето дали опозицијата, која упорно, со постојани штрајкови врши притисок врз Саакашливи, бара негова оставка, има „допирни точки“ со Русија; ја има или не непосредната поддршка од неа, без оглед што сериозно разнишаниот претседател ја обвинува Москва дека е се во нејзина режија. (повеќе..)

Катанец- „селекторска епизода“ што брзо ќе се заборави

април 14, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Треба, со оглед на (не)постигнатото со македонската фудбалска селекција, но не и како тотално погрешен ама добро пресметан (наплатен?) потег на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Хари Хаџиристески.

„Доследноста“ во покривањето на заедничкиот пораз се потврди денеска во ФФМ со потпишување на договор (!) со кој престануват сите обврски на досегашниот селектор, кој неформално „замина“ на 6- ти овој месец, а функцијата „формално“ ја извршуваше заклучно со 1- ви април годинава. (Нешто не ви е јасно? А зошто треба да ви биде?). (повеќе..)

„Лопата маркетинг“ или…

март 23, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo 1 Comment →

Сосема оправдана е жестоката реакција на опозицијата поради тоа што Владата на Македонија односно премиерот Никола Груевски токму во периодот (не во рамките!) на предизборнава кампања за претседателски и локални избори постави камен- темелници на неколку мошне значајни пркекти- зданија. Немаше да се изгуби ништо ако тие беа одложени макар за наредниот ден по нивното завршување.

Од друга страна, пак, не може да се оспори фактот дека тие се дел од нејзините зацртани програмски заложби- конкретните проекти, но и реализација на пакетот за ублажување на ударите од светската економска криза (јавни рботи). Што ќе рече дека станува збор за камен-  темелници и во буквална и во симболична смисла, а не за „лопата маркетинг“ (со посреден ефкт да, но не во однос на претседатеслкиот кандидат на позицијата или кандидатот за градоначалник на Скопје, туку на и онака високиот рејтинг на Владата и личниот на премиерот).

Сепак, зачудува и е дилетантско барањето да се одложи изградбата на „непродуктивни“ објекти, а Владата да троши од буџетот само за „продуктивни“, и притоа да се мисли на отворање на фабрики, па дури и продавници (наместо тоа да го прави приватниот сектор поттикнат и поддржан од Владата- не со пари од државниот буџет- како што е насекаде во „капиталистичкиот“ свет)!

(повеќе..)

Сегрегација во Македонија

март 02, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Раздвојувањето на учениците по етничка линија во Република Македонија е подолг процес. Може да се рече дека трае уште од почетокот на „конфликтот“ во 2001- ва година, па и пред него (едно од навестувањата за него пред кои тогашната власт ги затвораше очите, се правеше дека „не е одовде“). Малкумина имаа надеж, макар скриен оптимизам дека Рамковната спогодба ќе ја прекине, ќе ја „пресече“ сегрегацијата во „зародиш“, веќе всадена кај младите, дури и кај најмладите (на стартот од основното образование). А дефинитивно беше разгорено, па и „забетонирано“ со новата територијална организација на државата- новата локална самоуправа според етничка доминантност или компактност. (повеќе..)

Нефер и недемократски избори: семејно гласање

февруари 27, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Конечно, по толку многу избори во Македонија- претседателски, паламентарни, локални, се „отвори“ и постави за решавање, и тоа исклучиво под притисок на „меѓународниот фактор“, вториот круцијален проблем за спроведување на фер и демократски избори (првиот е транспарентното финансирање што не го решила ниедна држава, па и најдемократската на светот). Не беа- не се тоа инцидентите на избирачките места (што е проблем на нивната регуларност), ниту, пак, „дозволеното ниво“ на политичка некултура при нападите на опозицијата, „оцрнувањето“ на се што постигнала и не постигнала актуелната власт. Проблемот кој ги „обединува“ нерегуларноста и нужното, „стандардното“ ниво на фер и демократски избори е семејното гласање. (повеќе..)

Нова ѕвезда на светското скијачко небо

февруари 22, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Еден од спортовите во кои се менуваат и победниците и резултатите мошне брзо (мерени во минути и секунди), во некои просторно- временски димензии дури молскавично, е секако скијањето. Во секоја зимска скијачка сезона (колку да звучи необично веќе има првични најави и за летна) се појавуваат, неретко и блеснуваат нови имиња и во машка и во женска конкуренција, а периодот на подемот, на искачувањето до пиедесталот, до медалите е се покус. Истовремено и опстојувањето на освоената позиција е се потешко и покусо. Или со други зборови, спортувањето и младоста се се покуси и „посовршени“.

(повеќе..)

По Хрватска, Србија ќе стане членка на ЕУ, а можеби двете едновремено

јануари 24, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: In continuo No Comments →

Србија забрзано чекори кон членство во ЕУ. Многу е веројатно дека таа ќе биде следната земја по Хрватска која ќе биде примена, но нема да претставува никакво изненадување ако и двете бидат примени во „пакет“, можеби заедно со Албанија и/или Црна Гора.

Србија во ЕУ пред Република Македонија? Па, нормално! Има некој што се уште се сомнева во тоа? На таквиот му препорачувам да се обиде да го „измери“ геостратешкиот интерес за Балканот на „главните“ во ЕУ (Германија, Франција, Италија, Велика Британија). (повеќе..)