Можностите на светската популација
(21.03.2007)
Зголемувањето на бројот на жителите на планетата Земја до 2050. година предизвикува загриженост и предупреда: проблемите поврзани со егзистенцијата, поточно преживувањето на луѓето (економско- социјалните) во наредните години и децении ќе се зголемуваат со геометриска прогресија. Не само во сиромашните и средно развиените, туку и во земјите кои сега (утре можеби не) се дел од развиениот свет.






