Subscribe

Archive for the ‘Eppur si muove’

Нови луѓе за нови времиња

април 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Ова постојано повторувано барање и од наши и од странски добронамерници- оние што и мислат добро на нашава држава, што не се сомневаат во нејзиниот опстанок и иднина, најмногу ги вознемирува, па и плаши. Но пред се ги нервира „стариве“. Тоа многу лесно може да се заклучи од нивниот единствен одговор („консенсуален“):

„На повидок нема нови луѓе“.

Имаат ли право? Само делумно.

(повеќе..)

Македонија го троши времето или ја слабее одбраната на македонскиот идентитет

април 11, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Ништо ново во македонскиот Парламент: и седницата за самораспуштање на Собранието „преполна“ со (познати) опструкции на опозицијата, со користење на процедурални забелешки и паузи. Главно, процедуралните забелешки (над 70 на број) беа околу нов претседател на ДИК, иако според толкување на собраниските служби, според Изборниот законик, секогаш претседателот на ДИК го предлага опозицијата, а заменикот е од редовите на власта и тој има мандат од 5 години. Следствено, нема одредени аргументи во законот што би се случило доколку има предвремени избори.

(повеќе..)

Реформите во здравството

април 07, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Тие се во тек, се реализираат интензивно, и покрај очигледниот отпор и опструкции на дел од лекарската „фела“ диригирана од опозицијата.

А дека таа, кога беше на власт (не така одамна), под „превезот“  на реформите уште повеќе ги „усложни“ нештата, го подигна „нивото“ на криминалот на „белите мантили“, за што сега молчи и се прави на удрена, па дури прави обид за „миење на рацете“, докажува и следниов мој прилог објавен во ноември 2005-та (значи, кога СДСМ и ДУИ беа на власт, а министер за здравство беше „пребеганиот“ во Турција Владо Димов).

Насловот:
Здравството доведено во колапс. А кој го доведе?

(повеќе..)

Најреално и најлогично: прекин на преговорите со Грција

март 27, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Откако вчерашната рунда на преговори во ОН не донесе значителен напредок, разговорите за името не запираат, продолжуваат на американско тло, но во поинаква форма и од нова локација. Од денеска дипломатските игри околу решението за името се селат во Вашингтон, каде што се во тек интензивни консултации помеѓу високи грчки дипломати и претставници на американскиот Стејт департмент.

(повеќе..)

Зад кулиси и меѓу редови

март 20, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

И двете „дејанија“ отсекогаш биле, а особено во последно време се мошне интензивни кај нас. Тој интензитет не го забележуваме само кај позицијата- власта,туку и кај опозицијата, особено „големата“. Впрочем, политиката во сиот досегашен транзиционен период кај нас не била „уметност на можното“, „мудрост на владеењето“ или „реално барање на невозможното“, а најмалку, пак, „соништа на големи мозоци“ (напротив, на мали, минорни, ништожни).

Во најголемиот дел таа била и е задкулисна игра, „претстава“ зад кулиси, скриена од публиката.

(повеќе..)

Кризата во „мирување“ до самитот во Букурешт

март 15, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Дали е избрана „најбезболната“ варијанта за привремено решение односно одлагање на владината криза во Република Македонија? Поточно е да се рече дека се работи за изнудена. Oд проста причина што за каква било друга се нема време. До самитот на НАТО има „слободни“ само 20- тина дена.

(повеќе..)

Грција се повеќе се дави во сопственото „мочуриште“

март 04, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove 2 Comments →

Притисоците што се вршат врз Македонија од „сите“ страни (всушност од сојузниците и „симпатизерите“ на Грција; дали, на пример, сте слушнале- прочитале за такво нешто од страна на Русија?) да биде „конструктивна“ односно „флексибилна“, всушност „попустлива“, е буквално спасување на Грција во последен момент, за да не се удави во сопственото „мочуриште“ што го создаде, а во меѓувреме не успеа, не се ни потруди или не знае(ше) како да го „исуши“.

(повеќе..)

Политичките лаги и измами

февруари 28, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Може ли да се води успешна политика без лаги и измами? Го нагласувам водењето, а не практицирањето на политиката, имајќи го притоа предвид ставот на некои учени дека политиката е вештина на владеење воопшто, а особено со луѓе, групи- маси, народ.

Практицирањето на политиката, пак, претставува акција (неретко, особено кај нас и манипулација), а не „политизирање“. Притоа, лагите и измамите или не поминуваат или брзо се откриваат со предвидливи последици.

(повеќе..)

Домашна задача

февруари 04, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Уште од мали деца не учат, се учиме на домашни задачи. Ни ги задаваат родителите, учителите, наставниците, професорите. Кога ќе пораснеме односно ќе созрееме за работа- неработа и чесна- нечесна заработувачка на „сцената“ стапуваат директорите, бизнисмените, бога ми и политичарите, особено откако ќе ја освојат власта.

(повеќе..)

Македонците (граѓаните на Македонија) молчат? Не, туку…

јануари 01, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Во последно време се почесто слушам и читам, и тоа од видни мислечки- творечки луѓе- интелектуалци, дека, за разлика од сиот демократки свет, граѓаните на Македонија молчат („упорно молчат“). Како ништо да не ги тангира, како да им е се од арно поарно, како да живеат во идеално општествo, во идеална држава. Како ниеден народ на светот да нема подобра власт.

(повеќе..)

Поштенска марка со ликот на Тоше Проески

декември 24, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Најавуваната поштенска марка со ликот на најголемиот македонски поп пејач на сите времиња, трагично загинатиот Тоше Проески, е промовирана во споменикот „Македониум“ во Крушево. Марката за првпат во историјата на македонската филателија е испечатена во милион примероци и има номинална вредност од 12 денари. Автор е Дарко Мораитов, а за дизајнот биле консултирани родителите на Тоше.

(повеќе..)

„Папски“ избор на претседател на МАНУ

декември 10, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Изборот на нов претседател на највисоката научна институција во земјава- Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), беше повеќе од трагикомичен, се разбира не по вина на самите академици. Имено, како таков беше следен, пренесен, и беше презентиран на јавноста од страна на медиумите, особено електронските (телевизиите).

(повеќе..)

Очекувано- без изненадувања

ноември 27, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Оние што ги познаваат политичките состојби во Хрватска и распоредот на политичките сили, воопшто не се изненадени од мошне тесната победа на владејачката ХДЗ над СДП. Пред се, затоа што поразениот во изминатиот меѓуизборен период знаеше како да се однесува конструктивно, што ќе рече „европски“ како опозиционер, за разлика од, на пример, македонските социјалдемократи.

(повеќе..)

Финиш без резултат?

октомври 18, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Без конкретни резултати во Брисел заврши и втората фаза на директните преговори помеѓу Приштина и Белград за идниот статус на Косово. Страните останаа на нивните различни позиции.

Шефот на посредничката тројка Волфганг Ишингер веќе не е оптимист, туку реално проценува:

„Мислам дека денеска, како и на средбата наредната недела во Виена, ќе видиме дали е можно да се дојде до реален напредок. Во таа насока мислам дека ова ќе биде одлучувачка фаза“.

Додека трае неизвесноста, т.н. „Гарда на цар Лазар“ веќе објави воена состојба за одбрана на Косово. Денеска нејзини членови безуспешно се обидоа да влезат во северниот дел на Митровица.

(повеќе..)

Уште еден „пораз“ на СДСМ

септември 26, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Всушност, не станува збор за вистински пораз (затоа во наводници), туку за уште една од многуте „утки“ на оваа опозициона партија во залез односно згаснување (според многумина аналитичари и експерти). Тоа е веќе манир на една тотално инфантилна, дилетантска, дури ступидна и карикатурална опозициона „активност“: прво ќе се „нападне“, а кога „нападнатиот“ ќе излезе пред јавноста со факти и аргументи, ќе се остане „глув и нем“, како да „не сум одовде“, „не бев јас“ и сл.

Потврда на опозиционата недугавост е константниот катастрофален рејтинг и на СДСМ и на нејзината лидерка Радмила Шеќеринска која, во стилот на „би плачела, ама не смеам“, неодамна изјави дека рејтингот на партијата и бил „важен“ пред избори, а не сега, што ќе рече дека на тој план работи „долгорочно“.

(повеќе..)