Subscribe

Archive for the ‘Eppur si muove’

Србија зачекори кон ЕУ

септември 09, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Како што се очекуваше, според „распоредот“ на силите, српскиот Парламент го ратификува Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија. За ратификацијата гласаа 140-мина пратеници од владејачкото мнозинство и Либерално- демократската партија. Против беа пратениците од Демократската партија на Србија и Нова Србија, додека радикалите не учествуваа во гласањето.

(повеќе..)

Нема „збогум сиромаштијо“ само со 100 преродбенички чекори

септември 08, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Да, колку да се надградени, збогатени, колку и да се надградуваат и збогатуваат во континуитет. Сеедно дали ќе ги „третираме“ симболички (па секој од нив да ни се чини голем или мал, да ни се прикажува како повеќе или помалку од еден) или „буквалистички“ (демек, тргнал Грујо со „четата си“ и измерил дека до ЕУ и НАТО се стасува со 100 големи (таман работа да се мали) чекори), при што би морале да водиме сметка за содржина, богатството, за тежината на секој од нив.

(повеќе..)

На дневен ред: винското грозје

септември 07, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Во земјава е во полн ек бербата и откупот на винското грозје. Ако во изминатиов период имаше проблеми со други земјоделски производи (кус период со доматите, црвениот пипер), со него нема и не се очекува да се појават до крајот. Досега се откупени 20-тина милиони килограми. Од Министерството за земјоделство велат дека границите остануваат отворени, а досега се извезени околу 7 милиони.

(повеќе..)

Неподготвениот Заниер

септември 05, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

На состанокот на Постојаниот совет на Обсе во Виена шефот на УНМИК Ламберто Занијер изјави дека таа мисија веќе не е во можност во целост да ги применува своите надлежности. Тој рече дека просторот за дејствување на УНМИК, одреден со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244, во статусно неутрален облик, станал се потесен во практиката. Со други зборови, нема инструменти да ги применува своите права. Притоа нагласи дека албанското мнозинство не ја прифаќа примената на неговите овластувања, повикувајќи се само на Уставот на Косово како документ од кој произлегуваат сите права, а УНМИК, пак, формално и натаму мора да го спроведува мандатот според  спомнатата резолуцијата. УНМИК може да ги извршува своите надлежности само доколку сите страни тоа го прифатат. Занијер укажа дека косовските Срби не ја прифаќаат соработката со приштинските власти, туку само со УНМИК.

(повеќе..)

Ако не може да се реши, треба да се решава

септември 03, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

За проблемот со пласманот на доматите кој, како и пред две години (веднаш по победата на парламентарните избори на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, а пред конституирањето на новата Влада), се појави во изминативе денови и кулминираше со протести и закани  (исто како и тогаш), е пронајдено решение релативно лесно, па и логично (очекувано, предвидливо). Дури може да се рече дека е тоа „изнудено“ поради отежнатиот пласман од објективни причини. (За субјективни не знам, освен ако како такво се третира ненавременото планирање во рамките на долгорочна стратегија на земјоделието како приоритетна стопанска гранка на Македонија, а која од претходните власти беше крајно маргинализирана).

(повеќе..)

Поинаков старт на новата учебна година

септември 01, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Секогаш едно исто и секогаш прво и за првачињата и за нивните родители. Ако нешто навистина веќе има длабоки традиционални „корени“, тоа е секако почетокот на новата учебна година за првачињата со првото училишно ѕвоно. Се разбира, различна е содржината што ја „најавува“. Посебно од минатата година, значи годинава вторпат: ова е втора генерација на првачиња која започнува деветолетка.

(повеќе..)

Културни фестивали во Македонија

август 27, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Иако не сум голем поборник на „фестивализација“ на културата, особено не каква што се реализира кај нас, а пред се затоа што ефектите пред и по неа се речиси никакви, сепак некои културни дејности или уметнички содржини не можат без неа. Од едноставна причина што живеат, па и преживуваат единствено заедно со публиката. За неа и со неа се родени, без неа не би постоеле ниту во „најтесен круг“. Мислам пред се на татарот, музичката репродуктивна (концертна) уметност, сликарството (во еден дел- изложбите, не творечкиот)…

(повеќе..)

Ќе се исчисти Вардар, но до кога ќе остане чист

август 22, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Од изворот Вруток, па се до границата со Грција, текот на реката Вардар конечно ќе биде исчистен и суреден. „Интервентна акција за чистење на реката Вардар“, е новиот проект инициран од Владата. Координацијата ќе ја врши Центарот за управување со кризи, а во реализацијата се вклучуваат Министерствата за транспорт и врски, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за животна средина, како и Армијата на Република Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување и МЕПСО. Треба да се нагласи дека досега се спроведени повеќе помали акции за расчистување на Вардар, но никогаш од толку голем размер, никогаш.

(повеќе..)

Црвенковски се повлекува од политичката сцена!

август 06, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, размислува наскоро, пред завршувањето на претседателскиот мандат, да ја напушти политиката. Проценката е дека кохабитацијата со премиерот Груевски веќе не е можна, па тоа уште повеќе ќе и штети на државата на меѓународен план, а враќањето во неговата партија СДСМ ќе предизвика раскол и уште поголема криза на опозиционата коалиција „Сонце“.

(повеќе..)

Нешто ново во преговорите помеѓу Атина и Скопје?

јули 31, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Метју Нимиц најави извесна промена на „фокусот“ на преговорите за проблемот што го има јужниот сосед со името на нашата земја. Всушност, не станува збор за промена, туку за враќање на онаа појдовна позиција (уште од „проблематизацијата“ со приемот во ООН и измислувањето на ступидната референца БЈРМ), а која во меѓувреме, под притисок на Атина, се „помести“ односно се „разголи“- се постави вистинскиот проблем: идентитетот на македонскиот народ „конкретизиран“ со проблемот на егејските Македонци, пред се со нужното идно, скорешно признавање на македонското малцинство во Грција (според мене, посоодветно и пооправдано име на јужниот сосед -Данајска република). (повеќе..)

Бавно, но сепак се движи: модернизација на Катастарот

јули 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Пред повеќе од две години (на крајот од 2005-та) беше промовиран проектот „Катастар на недвижности и регистрација“ кој треба да ги забрза постапките за воспоставување на катастар на недвижности и да ги подобри процедурите за впишување на имот.

Целосната имплементација на проектот треба да обезбеди европски стандарди за институционалниот капацитет на Државниот завод за геодетски работи, ефикасност на процедурите и услугите при запишувањата на правата на недвижностите, но пред се сите промени во катастарот да се извршуваат за само еден ден.

(повеќе..)

Атина не ќе може уште долго да го негира реалниот билатерален проблем со наметнување на иреален

јули 17, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Што друго, освен и официјално отфрлање на барањето на македонската страна егејското прашање да биде дел од преговорите за името? Преговарачот Василакис за време на двочасовната средба со медијаторот Нимиц во Њујорк пренел дека не постои македонско прашање во Грција.

Дали треба пак да повторувам дека веќе на сите им е јасно, освен на „верните сојузници“, оти Атина не преговара за името на нашата држава, туку од петни жили се труди, се „бори“ да го смени националниот идентитет на македонскиот народ? И уште- дека не станува збор за егејското прашање како „дел“ од преговорите, туку за вистински и единствен билатерален проблем? (повеќе..)

„Пријатно изненадување“: Балканот еден од најбезбедните региони во светот!

мај 30, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Станува збор за истражување чии резултати „фактографски“ негираат една од европските „вредности“- безбедноста односно борбата против криминалот. Во наводници оти воопшто не станува збор дека е тоа- вредност, а најмалку европска. Некои македеонски „проевропски“ новинари, аналитичари и квазиексперти токму така ги именуваат „одредниците“- „бенчмарковите“ и другите услови кои Република Македонија мора(ше) да ги исполни за оние од ЕУ да и ја прифатат нејзината милениумска припадност на „европското семејство“. Признавањето од нив не треба ниту да се бара зашто ниту се опитни, ниту се надлежни за тоа.

Во извештајот на бирото на Он за борба против дроги и криминал (UNODC), со седиште во Виена, се констатира дека Балканот е еден од најбезбедните региони на светот, и покрај тоа што се уште постојат различни видови на шверц, а корупцијата е широко распространета.

(повеќе..)

Спортска сала „Борис Трајковски“ во Скопје

мај 23, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Спортската сала „Борис Трајковски“, со капацитет од 10.000 посетители, е свечено пуштена во употреба. Таа ги исполнува највисоките европски и светски стандарди. Опфаќа површина од 35.000 метри квадратни и има две игралишта за
различни спортови, како и професионална бина за концерти. Со три влеза, видео надзор, паркинг простор и најсовремено внатрешно уредување со ресторани, салата вредна 16 милиони евра е најголемата од овој тип досега во Македонија.

(повеќе..)

Последна цел на корупцијата: корумпираните

април 27, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Корупцијата низа години наназад (практично од почетокот на транзицијата) е една од дежурните преокупации на јавноста, но не и на власта.

(повеќе..)