Отсекогаш сум бил вnимателен и резервиран кога сум промислувал за рамноправноста помеѓу половите или, можеби поточно, за нивната еманципација (и на мажот и на жената). Внимателен затоа што станува збор за мошне комплексна и чувствителна тема (цивилизациска, социо- економска, културолошка, историско- традициска итн.), а резервиран бидејќи таа е основна, темелна за разбирање и проценување- оценување на севкупниот развој на една средина, почнувајќи од семејната па се до „глобалната“ односно „меѓународната“. Имено, од неа произлегуваат многу други, таа е „стеблото“ со „подебели“ или „потенки“ гранки, како што се половата (не)рамноправност, „нежноста и грубоста“ на половите, (зло)употребата- експлоатацијата (трговија на луѓе, криминал, проституција, заразни болести итн.), (не)рамноправноста во општеството воопшто и застапеноста во власта, непримерната и, следствено, неприфатлива полова разлика во творештвото, уметноста воопшто (што е тоа „женска поезија“, „женска проза “, кои се „типично женски“ теми и сл.), се до „најдебелата“ односно најпримитивната- меѓуполовото насилство. Токму тоа „најилустративно“ говори за степенот на цивилизацискиот развој на едно општество, народ (мнозински, немнозински), држава.
(повеќе..)