Subscribe

Archive for the ‘Eppur si muove’

Урбаната мафија ја доби битката, но се уште не и војната

јули 04, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

(22.03.2007)

Да, очигледно е дека урбаната мафија во Скопје, особено на „фронтовите“ каде што во изминатите години најмногу ги засили своите „редови“ (во кои успешно „имплементира“ и лица од врвовите)- општините Центар и Кисела Вода, ја доби битката.

(повеќе..)

Во СДСМ не само лидерска криза

јуни 21, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Откако падна во вода обидот поразот на предвремените парламентарни избори да се толкува како морална победа (што претставува нонсенс), а Бранко Црвенковски, иако јавно вети дека ќе се повлече доколку и овој пат не го победат Груевски (не само од лидерската позиција, туку од политиката воопшто), е во прилично „небрана“ внатрепартиска позиција.

(повеќе..)

Поизвесен победникот на вонредните парламентарни избори

мај 02, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Уште еднаш се потврди дека, иако подмладено, раководството на СДСМ  не може да се ослободи од „истрошените“ кадри и да направи порадикален чекор кон „победничка иднина“.

Отсуството на Владо Бучковски од кандидатските листи не може да биде „покритие“ за „опстојувањето“ на Макрадули, Ивановски, Минчев, Иванова, Бендевска…

За Радмила Шеќеринска е се одамна познато и препознат. Таа е сега кандидат за иден премиер кој катастрофално ја изгуби претходната битка. Добива шанса за „реванш“, но со многу негативно „позиционирање“ во однос на „лутиот противник“ Груевски. Мислам на огромните разлики во сите „лидерски“ рејтинг листи)

Се чини дека е веќе јасно оти победата на ВМРО- ДПМНЕ и коалиционите партнери е сигурна, а прашањето е дали таа ќе биде голема или, напротив, дури недоволна. Не за формирање на Влада, туку според  бројот на освоените пратенички места.

(повеќе..)

Џабе премолчување. Се гледа и се користи!

април 15, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Уште една потврда на непрофесионално и неодговорно новинарство (спрема гледачите, слушателите, читателите): премолчување на нешто што е без двојба ем корисно ем убаво за Скопје.

Да се премолчи, воопшто да не се одбележи пуштање во сообраќај на 17 нови нископодни и првиот двокатен автобус низ улиците на Скопје (барем како занимливост) нема врска со тн. опозиционерско новинарство, туку единствено со теснопартиско, што ќе рече неслободно, еднострано, насочено, заробено. Токму тоа- таквото новинарство е проблемот кој се држи како „дежурна тема“ за „меѓународна употреба“: слободата на медиумите.

(повеќе..)

Забрзан развој на македонското земјоделие

февруари 10, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Проблемите се многубројни, тековни, таложени со децении, па е сосема разбирливо што нивното решавање не оди лесно. Меѓутоа, забрзаниот развој во последниве неколку години е евидентен, а тоа го потврдува и доближувањето до, односно допирањето на двата круцијални проблема без чие решавање нема современо- модерно производството: зависноста од природните- сезонските промени и пласманот. Ги следи и „континуираниот“- користење на современа земјоделска механизација.

(повеќе..)

Приоритет на ЕУ и ОН: Кипар

јануари 11, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Нерешеното кипарско прашање е само еден од „гордиевите јазли“ кои е очигледно дека не можат едноставно да се „пресечат“ со „меч“. Со други зборови, да се наметне решение кое ќе се почитува без приговор и поговор, односно да се реши со притисок и сила, пред се дипломатска. Не можат, а се чини дека е веќе дојдено „крајното време“ за нивно решавање, до колку се сака да се запре веќе започнатиот процес на разнебитување, на „растурање“ на Европската унија, но и загрозување на мирот во светот.

„Паралелата“ е неизбежна: едновремено на „дневен ред“ (фаза на силен притисок) е и можеби „најдебелиот јазол“: проблемот што си го направи Грција (самата на себе) со името Македонија (суштинскиот дел од уставното име на земјава).

(повеќе..)

Се демократизираат (европеизираат?) албанските политичари

декември 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Станува збор за мошне значајна промена на ставот, поточно дадена  гаранција на албанскиот премиер Сали Бериша, а што отвора низа прашања и дилеми, се разбира во позитивна насока.

Од нив најважната: зошто на досегашните пописи на населението на секој граѓанин на Албанија не му беше овозможено слободно изразување на етничката припадност? Што се промени толку радикално, та сега да се нема „компекси“ за својот идентитет?

Не велам дека и досега Албанија не ги почитувала своите сограѓани од другите етникуми, но кога станува збор за изразување на етничката припадност на досегашните пописи… (повеќе..)

Решено ли е или се уште не

декември 15, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Дали грчкиот весник „Елефтеротипија“ се покажа „поербап“ од македонските медиуми- „блиските извори“ на нашите медиуми им се “подалечни“ од неговите или, пак, е во прашање шпекулација за што  и грчките и македонските досега се покажаа еднакво успешни?Да, треба да се има предвид дека тој е близок со партијата ПАСОК на Папандреу.

Ако се суди според „чудното однесување“ на американскиот државен врв, пред се на американската дипломатија, кое може да се „препознае“ како молчење и повлекување од вревата на јавноста, нешто како да се „тркала“. Можеби не „стапица“ од која, како што објавија грчки весници, Грција има се поголем уплав, ама нешто како од „Голем брат“ многу веројатно.

Од друга страна, зошто решението што наводно го подготвуваат Американците би било „стапица“, кога во овој „пресуден момент“ за Грција е најповолно „разумно компромисно“?

(повеќе..)

Крај на небезбедната храна во Македонија

декември 04, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Со многу трпение, толеранција и разбирање (пролонгирање на роковите) конечно дојде до неодложно, неопходно стандардизирање на условите и мерките за производство на храна.

ХАСАП системот не е некоја „измислица“ на светот, туку систем на безбедност во производството на храната без чија примена не е можно занимавање со овој бизнис.

Иако „никогаш не е доцна“, се наметнува заклучокот дека строгите правила на Европската унија требаше да бидат одамна применети, како дел од европеизацијата на нашето севкупно живеење, работење и дејствување. А не дури сега кога, на пример, се прават последните подготовки за конкурирање за средства од ИПАРД фондовите за кои, помеѓу другите услови, е токму поседувањето на ХАСАП системот.

(повеќе..)

Престројување на ЕУ според Лисабонскиот договор

ноември 20, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Се смета дека клучни функции во „новата ЕУ“ се претседателот, шефот на дипломатијата и генералниот секретар на Советот.

Судејќи според изборот, првите оценки и коментари се дека суштината на политиката на заедницата по стапувањето на сила на Лисабонскиот договор, на 1. декември, ќе биде комрпомисот. Избраните се докажани „компромисери“, малку познати економисти, кои според многумина нема да им „пречат“ на лидерите на европските земји, ниту да го загрозуваат нивното значење.

Меѓутоа, од друга страна се поставува прашањето на кој начин ќе се спроведува неопходниот авторитет на ЕУ на внатрешен и надворешен план, а кој во изминативе години е прилично разнишан.

(повеќе..)

Хрватска од јануари 2012. членка на ЕУ

октомври 31, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Беше 2009., па 2010., па 2011, а сега јануари 2012. е „најверојатно“ датумот кога Хрватска ќе стане членка на Европпската унија. Меѓутоа, веќе се јавија анализи и проценки дека е се понереално таа да ги заклучи преговорите до крајот на годинава, а што е услов за да се „достигне“ тој датум.

Како и да е, Хрватска го привршува чекорењето кон членство во ЕУ, а веќе е позната и финансиската „добивка“ по влегувањето, во првите две години: повеќе од 3,5 милијарди евра! (повеќе..)

Веронауката дефинитивно надвор од училиштата

април 29, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

И покрај тоа што одлуката на Уставниот суд е конечна и извршна, не стивнуваат реакциите и протестите  на кои се директно или индиректно засегнати (верски заедници, вероучители, политички партии, невладини организации, таксисти, превозници).

Пред Уставниот суд повторно се одржаа протести на средношколци и студенти, верските заедници ги договараат идните чекори, а Министерството за образование и наука се „престројува“- веќе донесе решенија во согласност со новата ситуација, во исто време размислува за нова форма на реализирање на веронауката.

Сепак, се чини дека по тридневната посета на експертот за верски прашања на ОН и пораката дека укинувањето на вронауката во училиштата не значи и забрана за нејзино изучување, како и острите критики упатени кон верските заедници, „топката ќе мора да се нагази“. (повеќе..)

Антикомунистички демонстрации во Молдавија: на ред е последниот европски комунистички бастион

април 07, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Не е прашањето дали и кога ќе се урне, дали и кога претседателот Воронин ќе биде принуден да поднесе оставка, особено ако се има предвид дека засега опозицијата е неорганизирана, необединета и немоќна, туку колку крваво, со колку (непотребни) жртви ќе бидат фрлени тој, неговата комунистичка партија, системот што се одржува осум години, со економско- социјални и секакви други катастрофални последици за народот. Првите две жртви се „поднесени“- загинаа во демонстрациите во кои се повредени над 100 лица.

Активисти на антикомунистичката опозиција успеаја да упаднат во зградата на Претседателството и Парламентот на Молдавија. Претходно демонстрантите, од кои најголем број од нив студенти, се судрија со полицијата пред претседателската палата. Полицијата употреби солзавец и водени топови. (повеќе..)

Реално или не: до крајот на годинава визна либерализација за Македонија

март 20, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Дека се неточни, апсурдни, па и контрапродуктивни тврењата на опозицијата дека Владата на Груевски ја ставила  или ја води Македонија во изолација односно самоизолација, притоа самата да не знае да се „определи“ (едното ли е или другото), говори интензивираниот процес на исполнување на условите за визна либерализација.

А денешното потпишување на договор за формирање на заеднички Контакт- центар за полициска и царинска соработка помеѓу Македонија и Бугарија го потврдува и „вториот“- напореден процес: „отворање“ на земјава кон соседни и други земји во регионот и пошироко. Тоа е едновремено и исполнување на еден од евроинтегрирачките услови- добри билатерални односи со соседите. (повеќе..)

Договорно земјоделство

јануари 29, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Eppur si muove No Comments →

Најголем проблем на секој земјоделец е пласманот на неговото производство. Не само на нашиот, туку и на оној во земјите- членки на ЕУ и во најразвиените земји надвор од неа.

Секоја година сме сведоци на незадоволство, револт изразен со протести, блокади на патишта и сл., на кои се фрла, се истура, се гази, се гори произведеното. Причини многу: неможност да се продаде, однапред необезбеден пласман, ниски откупни цени, неконкурентен увоз, недоволни и неразвиени преработувачки капацитети, а пред се недефинирана и/или неконзистентна аграрна политика од страна на власта- државата.

Во последниве неколку години се поприсутно е барањето за „договорно земјоделство“, погрешно разбирајќи го како грижа и одговорност на власта за пласманот односно продажбата на произведеното.  (повеќе..)