Subscribe

Archive for the ‘Читни го ова!’

За македонската спортска мафија

август 18, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Кога последен пат сте чуле или прочитале нешто за спортската мафија кај нас? Што се однесува на мене, се сеќавам, секој ден на медиумите се „трубеше“ за неа во април 2007-ма година. На два- три пати се „огласив“ и јас со свои текстови, од кои еден пронајдов во се уште непожолтените страници на мојов хрономер.

Во меѓувреме таа е уништена, (и)збришана од македонската „мафијашка карта“? Не верувам.

Знам едно: секоја, па и спортската мафија не би била тоа ако не умее навреме не да престане со „работа“, туку да се повлече, да се притаи, да „замине“ во анонимност. До нејзиното наредно „раштимување“ однатре (однадвор малку потешко).

Во продолжение го нудам на (пре)прочит спомнатиот текст под горниот наслов, објавен на 02.05.2007-ма година.

(повеќе..)

Се уште „тежок“ олеснетиот визен режим за Македонија

август 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Пред стартот на годинашнава летна сезона во македонските медиуми беше објавена вест која малкумина загрижи. Како да не кажуваше ништо ново, туку сосема очекувано:

Италијанската и германската амбасада најчесто ја кршат спогодбата за олеснување на визниот режим. На листата на амбасади кои ги малтретирале македонските граѓани при издавањето на визи се и амбасадите на Франција и Чешка.

(повеќе..)

Би сакал да позборувам со некој од Владата за мак спортот!

август 05, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

(ЉупчоДимитровски, Дневен е-Еснаф, 24.01.2006)

Дали некој може да се сети нашиот премиер да гукнал макар збор за македонскиот спорт, за настапите и резултатите на македонските спортисти на меѓународната сцена?

Јас никако да се сетам. Всушност, ми текнува дека пред извесно време претседателот Црвенковски собра некои спортски работници и бивши активни спортисти, малку помуабети со нив за она што „би било добро“ да се направи во наредниот период, и толку беше. А, да, како и за многу други нешта, некои пратеници „подрипнаа“ за „смешните“ средства што се издвоија за него во Буџетот, колку да не биде без ич.

(повеќе..)

Неуспешна приказна

август 03, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

(Љупчо Димитровски, објавено на 05.05.2006)

Уште кога еден од „домашните странци“ им препорача на нашите во Владата, а посебно на „евроинтеграторката“ Шеќеринска, да почнат да ја „раскажуваат“ (или да ја „продаваат“) Македонија во странство како „успешна приказна“, некои работи ми станаа и останаа нејасни. Од нив две најважни: што е тоа „успешна приказна“ (и покрај моите солидни знаења за приказните, не знам за успешни и неуспешни, освен ако не се мисли на приказни со среќен и несреќен крај); и второ, бидејќи приказните секогаш се со минато определено свршено време, зарем нашава државичка е веќе со такво односно определено свршена. (повеќе..)

Колку ни е културно летово?

јули 28, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

(Прилог на Љупчо Димитровски објавен во „Дневен е-Еснаф“, 19..11.2005)

skopje.jpgГодинава и во Скопје и во други поголеми градови во Македонија регистрираме многу побогати културни лета одошто во изминатите. Па сепак, она што го потенцирам во овој прилог како се уште да не им е доволно познато на креаторите на културата воопшто, дури како воопшто да не чуле или прочитале. (повеќе..)

Колку се промени односно подобри стандардот на македонскиот граѓанин и воопшто неговиот статус?

јули 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

mk.jpgВисока делегација на Светската банка на средба со македонскиот претседател Бранко Црвенковски оцени дека невработеноста во Македонија е се уште голема, а сиромаштијата раширена. Енергетскиот пазар, патната инфраструктура, деловниот амбиент, децентрализацијата и социјалниот сектор се области кои бараат посебно внимание. (повеќе..)

Ако не не европеизираа досега, што ни правеа?

јули 09, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

На почетокот од 2006- та година (18.01.) во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ го објавив прилогот под горниот наслов, а како реакција на изјава- најавена намера на тогашниот македонски премиер за „европеизација на македонскиот народ“. Ја задржав сериозноста на пристапот (иако изјавата тогаш ја сметав и ја сметам за небулозна, дури ступидна), а се што е подолу напишано„произлегува“ од прашањето што ми се поставува(ше):

А што е со европеизација на државата? (повеќе..)

Геостратешките интереси или кој ќе го освои Западниот Балкан

јули 04, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Под горниот наслов на 01.02.2006- та година во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“објавив прилог на тема која уште долго ќе остане клучна за Балканот и поширокиот регион. Се работи за прашање или проблем кој во минатото бил „предизвикувач“ дури и на војни (Балканските), а доколку остане сигурно допрва ќе се „разгорува“. Пред се малцинските права.  Можеби исто како што „меѓународниот фактор“ и „скрои“ на Република Македонија: со признавање на мнозинска и немнозински заедници.

Просто е несфатливо колку лесно и брзо нашите врвни политичари, па и експерти (без наводници оти тоа се, но и во функција) прифаќаат нешо што треба темелно, рационално и пред се алтруистички (сопствен односно државен интерес) да се анализира, оценува, проценува. Можеби токму поради неразбирање на нештата, можеби поради други, лични, а не државни интереси, прават како што прават. Притоа не водејќи сметка за, или не знаејќи што се тоа геостратешки интереси. (повеќе..)

Првиот чекор кон европеизација

јули 03, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Прилогов е објавен на 06.01.2006 -та година во „Дневен е-Еснаф“, а во него обработувам прашање од круцијално значење за „македонското време“ денешно и утрешно. Притоа имајќи предвид дека прифаќањето и прилагодувањето на евро- стандардите е услов без кој не се може само од формален аспект- членство во Европската унија. Фактички тоа значи да живееш европски живот (европеизиран) во европска држава (правно функционална и ефикасна)- според животните и работните стандарди што владеат во неа во ЕУ.

Членка на Европската Унија макар последна во „редот“, макар најсиромашна? Некои велат „да“, зашто прифаќањето и прилагодувањето на стандардите ќе оди полесно и побрзо. Јас велам „никако не“! Оти како такви- неевропеизирани ем ќе останеме (пре)долго вакви односно никакви, ем ќе им служиме на другите (побогатите) како монета (или мета) за поткусурување. (повеќе..)

Во име на…

јуни 30, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Во новинарската професија неретко сум запирал пред дилемата дали некој настан, некое или нечие случување е дневно актуелно, што ќе рече краткотрајно- „додека трае денот“ или, пак, се работи за актуелност со „долготрајна упогтреба“, односно со универзални- трајни значења, пораки, поуки, вредности…

На еден конкретен пример од нашата политичка стварност се обидов да (си) одговорам во прилогот објавен на 12.05.2006- та, кој во продолжение го нудам за (пре)прочит. (повеќе..)

Подмачкано и „зарибано“

јуни 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Личи на совпаѓање или реприза, ама не е. Има по нешто и од едното и од другото. На пример, токму во ова време пред две години во Германи ја се одржуваше Светското првенство во фудбал, а деновиве во Австрија и Швајцарија Европското.

Реприза е, ама не е, затоа што нема и не може да паѓа нивото на организација на вакви натпревари (апсолутно беспрекорна). Што е, пак, резултат на „вообичаената“ организација на севкупното живееење во модерните држави,  развиени во секој поглед.

Не е реприза, зашто тогаш во Република Македонија следуваа редовни, а сега претходно се одржаа вонредни парламентарни избори (се одржуваат се уште бидејќи прегласувањето не е завршено). На тој „план“ е реприза оценката „успешно организирани избори со по некој инцидент“, но со таа разлика  што тогаш „мазно“ помина кај меѓународниот фактор (така требаше), а сега не. (Не поради инцидентите и големата победа над опозицијата, туку оти се уште не е решен, поради македонска „нефлексибилност“, проблемот што го имаат нашиот јужен сосед и неговите сојузници во НАТО и ЕУ со името на нашата земја).

Но, ај заедно (уште еднаш) да прочитаме што напишав на 22..06.2006- та, а се разбира, без многу менувања освен адаптирања, би напишал и сега: (повеќе..)

Здив, па акција

јуни 19, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Може ли ова меѓувреме, помеѓу гласањето и прегласувањето на вонредните парламентарни избори, да го означиме како краток здив за сите, освен за ДУИ, партија која по прегласувањето го сврте резултатот од „дуелот“ со ДПА во 6-тата изборна единица во своја корист (вкупно освои повеќе пратенички места)? Како за кого. (повеќе..)

Неодговорен градоначалник

јуни 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Градоначалникот на Скопје Трифун Костовски, чиј мандат завршува по локалните избори на 22- ри март, ќе биде запаметен како фино „измазнет“ Господин, со господско „држење“, кој своите неоспорни бизнисменски способности не успеа да ги стави во „функција“ на граѓаните (освен кога е збор за личните интереси).

Според сопствените жалби и поплаки, главна причина за тоа бил „фактот“ оти му биле врзани рацете (или самиот си ги врза) со постојните законски прописи (па се обиде да ги мобилизира Скопјани за нивно менување со една ступидна кампања). Сепак, во својот „проштален говор“ се пофали со „многу сторено“, а пред се со тоа дека на неговиот наследник му остава полна градска каса.

Со наредниов прилог, објавен во „Дневен е-Еснаф“ на 07.07.2007., сакам да потсетам на една конкретна ситуација во која не стануваше збор за чувство на одговорност, туку за еклатантна неодговорност, па и неспособност на Костовски како градоначалник. (повеќе..)

Статистичка манипулација или реалност

јуни 12, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Многу често, особено во предизборен период, на јавноста и се пласира лажна, „манипулациска“ слика за состојбите во државата, особено за економско- социјалните. Се разбира, од „своите“ институции и организации кои имаат таква „работна задача“, а најчесто Државниот завод за статистика и неговата „ваква“, па “онаква“ методологија на прибирање, проверување и презентирање на податоци односно показатели. Во тоа најдалеку отиде СДСМ, пред да ја изгуби власта во 2006- та, се додека и нему не му стана јасно оти поразот е неминовен.

Дали „конечно“ Државниот завод за статистика презентира податоци кои покажуваат реална, мошне загрижувачка состојба на македонското стопанство, на македонскиот бизнис?

Следниов прилог го објавив во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ на 19.11.2005 -та година. Го преобјавувам поради критизерството и самокритиката. (повеќе..)

Домашна задача

јуни 05, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Една мошне погрешна и тенденциозна оценка за изборите на 1-ви јуни, за домашна, но многу повеќе за меѓународна употреба, беше изнесена од опозицијата, конкеретно од лидерката на СДСМ (во оставка) Радмила Шеќеринска: дека тие биле најлошо организирани од сите досегашни, за разлика од оние во 2006-та.

Колку за потсетување, а пред се против краткото паметење, еве еден мој објавен коментар во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ од
12.05.2006-та година. Го преобјавувам со незначителни, пред се печатни и стилски поправки.
(повеќе..)