Subscribe

Archive for the ‘Читни го ова!’

Бизнис и политика- политика и бизнис

јануари 29, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Пред парламентарните избори во 2006- та година во електронскиот дневен весник „Дневен е-Еснаф“ објавив серија на прилози кои на директен или индиректен начин беа посветени на предизборниот процес и значењето на тие избори за натамошниот развој на демократијата во Република Македонија.

Едно од суштинските прашања што ги поставив и се обидов да дадам иницијална, поттикнувачка промисла, беше релацијата бизнис- политика, нивната поврзаност и меѓузависност.

Прилогот што го нудам на (пре)прочит беше објавен на 12.05. 2006-та, под наслов „Бизнис и политика? Не! Политика (избори) и бизнис. (повеќе..)

Во 2009- та со страв и песимизам

јануари 05, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Речиси никој од македонските државни и политички врвови, но и оние во најразвиените земји на светот, не излезе пред народот со оптимистички прогнози за она што не очекува во 2009- та година, а не му даде ниту ронка надеж дека „нешто убаво“ може да му се случи. Желбите се сведуваа на „Среќна Нова година, многу љубов, надеж, среќа“, а некој со полуотворена уста му (си) посака и „многу пари“. Јасно, причината е глобалната- светската економска рецесија која во новата година ќе се интензивира и ќе ги зафати сите сфери на нашето живеење, на многумина ќе им ја загрози работната и животната егзистенција. А уште сега со сигурност се предвидува дека ќе кулминира во 2010- та, 2011- та…

Годинава во Република Македонија ќе се одржат претседателски и локални избори (избори за градоначалници)- најверојатно кон крајот на март. Ќе биде интересно со какви ветувања, односно со колку оптимизам и надеж (маски) партиите со своите кандидати ќе излезат пред лицето на народот.

Прилогот што го објавив на 04.01.2006 -та под наслов „Лажниот оптимизам и лажната надеж“ говори токму за празните, лажните, па и ступидните ветувања на нашите партии и политичари кои не се менуваат уште од прогласувањето на независноста и самостојноста на земјава. (повеќе..)

Свест за сопствените вредности

декември 27, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Ги препознаваат ли и се гордеат ли малите народи со своите големи луѓе? Дали е тоа во „природата“ на големите народи, дали е привилегија тие да се еднакви, да се изедначени со своите, но и со туѓите големи луѓе (што не значи само почит кон нивното дело, туку и приопштување- присвојување)? Нели малите се поголеми од големите со своите големи луѓе?

Да бидеме начисто: мислам на големината, а не на големштилакот.

Личен став:

Се додека се нема доволно свест за сопствените вредности, при што помеѓу нив и големината на нивните творци постои равенство, малите народи никогаш нема да станат големи.

Бидејќи, за жал, политиката ни стана почетна и крајна точка на нашето живуркање, а политичарите првите „борци“ за нашето обезличување и маргинализирање, пред нашите големи луѓе, на кои одвреме- навреме со прст ни покажуваат други (големи народи), од ден на ден стануваме се помали.

На 12.05.2006- та објавив прилог под наслов „Политички слепци за вредности“, во кој укажав на уште еден од многуте случаи на наш голем човек, што го знаеме, одамна други ни помогнаа да го препознаеме, а се исправи пред нас во сета своја големина. И ги натера „владејачките“ политичари да се скријат во своите глувчешки дупки. Прилогот го објавувам за (пре)прочит со нензачителни корекции. (повеќе..)

Со политичари за живот, а не за живуркање

декември 22, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

2009- та година во Република Македонија ќе биде, меѓу другото, изборна. Во март ќе се одржат претседателски и локални избори. Партиите од позицијата и опозицијата се веќе подготвени (вниманието како да е концетрирано само на локалните), а неофицијално ја започнаа и предизборната кампања (ги почнаа „прошетките“ помеѓу граѓаните и селаните). Веќе излегуваат и со своите кандидати за градоначалници (внимателно и „стратешки“), а претседателските како да ги чуваат за „во последен момент“. Со какви ветувања ќе не „изненадат“?

На неколку дена пред почетокот на парламентарните избори во 2006- та година (30.05.) во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ (веќе не излегува) го објавив текстот под наслов „Политичари за живот и живуркање“. Ви го нудам на (пре)прочит без никакви преправки- адаптации за навреме да се подготвите, за да не бидете „начекани“ од оние што одново (по којзнае пат) сосе новите (партиски сили) ќе ви излезат „пред очи“. (повеќе..)

Укинување на визниот режим за Македонија: И како последна, надежта сепак умира!

ноември 12, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Не е само домашна- оценка на македонската Влада дека се исполнети сите услови односно норми утврдени од страна на ЕУ за укинување на визниот режим, конкретно на „шенген визите“. Тоа ќе рече дека се реални очекувањата и најавите оти, кога станува збор за Република Македонија, тие би требало да се укинат до крајот на идната- 2009- та година. Меѓутоа… (повеќе..)

Истражување на јавното мислење: веродостојност и/ или манипулација

септември 15, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Колку почести истражувања на јавното мислење, толку повеќе сомнежи во нивната веродостојност односно можности за манипулации и шпекулации. Најнапред, тоа е резултат на појава на повеќе агенции и институции за истражување, бидејќи станал или станува вносен бизнис, а потоа е потреба на одредени структури (најмногу власта, а потоа партиите- повеќе од позицијата, а помалку од опозицијата) во одредени клучни моменти или периоди да се наметнат, да го свртат вниманието на себе си, но и да ги проверат ефектите од своето дејствување про или контра.

Оние што професионално, па и посветено, пред се континуирано работат на истражување на јавното мислење, добро знаат дека тоа се врши периодично, во утврдени временски интервали, меѓу другото и за валидноста на резултатите да може да се потврдува со споредбени анализи.

(повеќе..)

Кога Македонија во ЕУ? Денес, утре, можеби задутре? Никогаш?

септември 11, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Пред повеќе од две години (мислам не е така одамна), поточно на 04.04.2006-та, помеѓу моите секојдневни „хронични писанија“ го објавив и ова под горниот наслов, а повод беше прилично нервозната реакција на тогашната власт (СДСМ и неговите „партнери“) на една прогноза која е се уште (денес) рано да се реализира. Меѓутоа, судејќи според тоа како се одвива „дејствието“ и однесувањето на Брисел спрема Република Македонија (одамна покажана и докажана непринципиелност, недоследност, лицемерие, „сојузничко подаништво“ итн.), таа станува се пореална. Без оглед дали ќе ги исполниме постојните или новите услови односно „критериуми“ што допрва ќе бидат испорачани.

Треба да се има предвид дека, ако нешто не се „преврти“ деновиве, проблемот што го има Атина со нашиот идентиет, јазик, култура, историја ниту со наша сесрдна помош уште долго нема да си го реши.

Внимавајте, темата не е кога Македонија ќе добие датум за почеток на преговори за членство, туку кога ќе стане рамноправна членка на ЕУ.

(повеќе..)

Превентивно и последично: за политичката наивност

септември 09, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Прилогов во оваа рубрика е објавен на 22.02.2006-та година под наслов „Политичката наивност“, а се реактуелизира со веќе започнатите подготовки за локалните избори идната-2009-та година во Република Македонија (претседателските засега како никому да не му се интересни). Судејќи според она што се случува и најавува (политичко групирање и прегрупирање, првични сметки и пресметки, активности на теренот), сигурен сум дека за неа допрва ќе имаме можност да расправаме, да теоретизираме и конкретизирамеза неа.

Се разбира, конкретните нешта не треба да се очекува да бидат повторени (сепак годините си го прават своето, особено на „планот“ на созревањето), но доколку навреме односно предвреме (пред следните избори) не се надминат или спречат, „суштината“ на политичката наивност, на која укажувам, ќе остане и повторно ќе предизвика долгорочни, далекусежни последици и за позицијата и за опозицијата.

(повеќе..)

Предупреда: народот научи да го препознава нашминканото!

септември 08, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Пред стартот и во текот на предизборната кампања за парламентарните избори во 2006-та година објавив серија написи за „успесите“ на тогашата македонска Влада (на СДСМ и неговите коалициони партнери односно на Владо Бучковски). Во многу од нив (некои веќе преобјавени во оваа рубрика или во рамките на други прилози) новинарски скромно, со не многу амбициозни, продлабочени анализи  укажував (се раабира не само јас) на многуте причини со лоши, па и катастрофални последици поради кои таа сигурно ќе „падне“, односно актуелната коалиција сигурно ќе ги изгуби изборите.

Еден од нив е и прилогот под наслов „Шминкањето“, објавен на 26.04.2006. Го преобјавувам овде како предупреда  дека истото ќе и се случи и на актуелната власт (Владата на Никола Груевски) доколку, поради  слаби пред се економски резултати (сегашни, а особено идни), посегне по истиот метод на замајување на народот.

(повеќе..)

За лажењето и самозалажувањето

септември 06, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Зошто „големиот“ СДСМ падна на дното од македонскиот политички „бунар“, па којзнае уште колку конгреси ќе му требаат  за да „исплива“ на површината, без оглед што е ептен плиток и „површен“, се разбира доколку во меѓувреме не се удави?

Со прилогот што го објавив во електронскиот дневен весник „Дневен е-Еснаф“  во февруари на „далечната“ 2006-та година (02.02.2006), под наслов „Начекани- изненадени Премиерот и „неговите“ министри“, а го објавувам пак со незначителни и несуштински корекции, сакам да му помогнам. Ако не повеќе и во друго, барем во процесот на неговото темелно „прочистување“ и „пречистување“…кога ќе ги почне.

(повеќе..)

Браво Арсов! Без Тарзан никако!

септември 05, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Не дознав, а баш би сакал да знам кому му текнало на Тарзан за да предложи негов споменик во општината Кисела Вода. Ептен би се радувал ако тоа бил градоначалникот Џорџе Арсов. Искрено ви велам, би пораснал тој во моиве очи повисоко од највисоката градба во општината што ја изгради урбаната мафија. (Mолам да не се заборави заслугата на пречесниот Ристо Пенов за нејзиниот растеж односно процут во Скопје; не поради нешто сериозно, не ни помислувам на негова вмешаност, туку само оти тоа се случи баш во неговиот втор мандат како градоначалник на Скопје). Ако идејата му паднала на некој друг, искрено му порачувам на Арсов да го обзнани, да и го покаже- прикаже на јавноста (не само локалната) и јавно да му оддаде признание со доделување на диплома за идејност.

(повеќе..)

Што е со нашето лидерство во регионот (и пошироко)

септември 01, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

(Прилог објавен во „Дневен е-Еснаф“, 04.2006)

Дали сте забележале дека и премиерот Бучковски, како и некои други во Владата (пред се министерките Шеќеринска и Митрева) се поретко потенцираат односно се почесто „забораваат“ да нагласат дека Македонија е лидер во регионот, особено на планот на реформите? Дури и во однос на интегрирањето во НАТО (без „јато“) се одбегнува (особено од министерот Манасиевски) да се потенцира дека Македонија е блиску (дури „многу блиску“) до членство? Да не случајно лидерството „како такво“ стана демоде?

(повеќе..)

Тие што продадоа „светлина“ сега најмногу се плашат од мрак

август 27, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Собранието на Македонија по третпат го усвои Законот за енергетика, заедно со пакетот закони за кои претседателот Бранко Црвенковски и по второто изгласување не сакаше да потпише укази за нив, а со образложение дека во расправата и гласањето треба да учествува опозицијата односно таа да се врати во Парламентот.

Во расправата, во која учествуваа само пратеници од опозицијата („позиционерските“ молчеа за на крајот да гласаат како што гласаа претходно), беа покренати низа прашања, дилеми, сомнежи, од кои најважните се секако обвинувањето дека на Македонија и се заканува мрак и оти законот не е во согласност со европската регулатива. На иста позиција, со соопштение, се јави и ЕВН, па опозицијата „се најде“ во позиција на бранител на ЕВН, што за некои заборавни претставуваше изненадување.

Е, за нив и за сите што не го прочитале кога беше објавен, го „репризирам“ мојот прилог под наслов „Дали блокадите ќе ја запрат продажбата на ЕСМ дистрибуција?“, од 19.01.2006-та година.

(повеќе..)

Се се движи, ама засега ништо не се менува

август 23, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Дали се уште некој мисли односно се надева дека Република Македонија на есен ќе добие позитивен извештај од ЕК? Тврдам дека тој во ништо, во ниеден „милиметар“ нема да се разликува од сите досегашни, освен што овојпат можеби ќе доминира проблематизацијата на добрососедските односи. Се разбира, притоа мислејќи единствено на проблемот што го има јужниот сосед со уставното име на земјава, а кој , парадоксално но „еврологично“, треба да и го решиме ние со тоа што ќе го промениме со ново кое, види чудо, „треба да ги „задоволи“ обете страни“!? Како да е во прашање преименување на трета земја.

Убеден сум дека мојот текст „Позитивно или негативно мислење на ЕК за Македонија“, со поднаслов „Несоодветна (маркетиншка) реакција на власта во Македонија за мислењето на ЕК за Македонија“, објавен во ноември 2005-та година,  без никакви измени  ќе важи и за следното, по некој месец. Ако згрешам, „нека изгорам“.

(повеќе..)

Треба ли да не учат како да гласаме?

август 21, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Читни го ова! No Comments →

Конечниот извештај на ОБСЕ/ ОДИХР за предвремените парламентарни избори ми даде добар повод за повторно објавување на еден мој текст од 11.05.2007-ма година под горниот наслов. Се разбира, поводот е „поширок“ и многу „подолготраен“ (од „вчера“ до којзнае кое „утре“).

(повеќе..)