Белким во изминатите години и децении научивме што се регуларни, што фер, а што демократски избори. Тоа што „меѓунаордниот фактор“ постојано инсистира на нив не е поради наше незнаење што е што, туку затоа што сите досегашни не ни беа такви- целосно или делумно сеедно.
Па сепак, нешто како се уште да не им е јасно на некои учесници на нив, пред се од оние што се нудат за избор: дека за регуларноста е задолжена и одоговорна исклучиво власта како организатор, па таа е должна да ги преземе и спроведе сите законски мерки, со користење на се што и стои на располагање (за обезбедување на гласачките места од инциденти, физички и оружени напади, заплашувања на гласачи, до спречување на семејно гласање, полнење или кршење на гласачки кутии); а обврската и одговорноста за фер и демократски избори е подеднаква, на сите актери во нив, пред се на партиите- нивните кандидати, па и на независните; и тоа строго почитувајќи ги и спроведувајќи ги одредбите од Изборниот законик.
Претседателските и локалните избори идниот месец сигурно ќе бидат едни од најрегуларните досега (никогаш не може да се гарантира 100% регуларност), бијдеќи се преземаат и ќе се преземат сите неопходни безбедносни мерки. Што се однесува на фер и демократски…
Уште сега се предупредува на „дупките“ во Изборниот законик. Се разбира, нема ниту закон ниту законик без „дупки“. Секој може да се спроведе како таков (без „дупките“) само доколку тие не се (зло)употребат.
А предупредувањето на нив како да е најава токму на тоа: иницијали, симболи, број на потписи, сметки со или без ДДВ… се само дел од веќе „актуализираните“ пред Државната изборна комисија. Да потсетам, новиот Изборен законик е донесен со согланост на сите поголеми политички партии.
Наместо „редење“ на „дупките“ (со кои некои веќе се соочија и не успеаја или со судни маки успеаја да ги „прескокнат“), во продолжение го нудам мојот прилог под наслов „Нефер и нерегуларни избори“, објавен на 24.05.2006- та година, кој се однесува на тогашните парламентрни избори (05.07.), но има и „универзални димензии“. (повеќе..)