Subscribe

Archive for the ‘Ретропис’

Денес ми е секој ден

април 27, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Ова го има домислено еден голем ум, но не во прво лице како јас. Јас го велам во прво најпрво зашто немам второ, трето лице, а попрво оти сакам да кажам нешто конкретно, најконкретно токму за денес.

Дали и вам ви е денес секој ден, како секој друг? По вчерашниот?

(повеќе..)

Никогаш нема(ло) време за грешки

април 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Еднаш (порано) слушнав од претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски:

Западниот Балкан нема време за нови грешки, бидејќи факторот време е најскапиот ресурс за земјите во него.

Слушнав и тогаш поприлично се задумав, а бога ми одвреме- навреме ми доаѓа уште да се задумувам. Како сега, во овој момент.

(повеќе..)

Што ќе правите со недовербата, Дами и Господа?

април 15, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Да, тоа е најголемиот нерешлив проблем и за власта и за опозицијата, но не само за политичарите, туку и за бизнисмените, институциите на системот, медиумите, синдикатите, се до најдолните- сервисните служби, куќните мајстори, семејните односи. Тотална деградација на довербата и самодовербата.

(повеќе..)

Би било смешно да не е трагично или трагикомично

април 05, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Прилогов е објавен во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ (веќе не се реализира) во 2005-та година (19.11.). Колку е актуелен и денес, особено во однос на  евро-атлантската интеграција на Република Македонија, проценете сами. Да потсетам, во тој период на власт беше СДСМ во коалиција со ДУИ.

Повторното објавување им го „посветувам“ пред се на оние кои имаат кратко паметење или бараат „само напред“, без макар „подѕирнување“ „назад“. Колку народот да не ги повторува грешките на избори, но и по нив.

(повеќе..)

„Отворено небо“ помеѓу ЕУ и САД

март 31, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Еден историски договор, кој беше потпишан на 30-ти април минатата година за време на самитот САД- ЕУ, и тоа по цели 4 години преговори, вчера (30.03.) стапи на сила. Се работи за договорот за „отворено небо“, со кој европските и американските компании ќе можат да извршуваат директни летови помеѓу кои било аеродроми од двете страни на Атлантскиот Океан.

(повеќе..)

Знаење, стручност- импровизација, волунтаризам

март 13, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Интересно и чудно: многу ретко се зборува, пишува, ниту сум слушнал, ниту прочитал подетална анализа за учеството на знаењето, стручноста (стручни, учени луѓе и експерти), на нивниот ангажман во сите области на нашето работење и дејствување, особено во политиката; наспроти импровизацијата, волунтаризмот, кои се „темелат“ на незнаење, неукост, па и елементарна неписменост. Белким нема некој што тврди дека таква споредбена анализа не ни е потребна и оти состојбите на тој план кај нас се мошне „благопријатни“, што ќе рече дека стручњаците, компетентните- експертите постојано, „стручно“ се консултираат, а импровизацијата, волунтаризмот се присутни во безначаен процент.

(повеќе..)

Продолжуваат собраниските „битки“

март 03, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Редовната месечна седница на Собранието на Македонија за пратенички прашања од опозицијата одново беше искористена за „битка“ со власта, односно за евтин- приземен политички (опозиционерски) маркетинг. Очигледно, избраните од „народот“ треба да се потсетат дека пратеничките прашања не се нивни, туку „негови“.

(повеќе..)

Борбата против корупцијата и криминалот во Македонија „тапка“ во место?

февруари 12, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Никој од „надлежните“, освен МВР, не може да се пофали со ефикасна борба против корупцијата односно криминалот во Македонија, без оглед на позитивните оценки од страна на „меѓународниот фактор“.

Тоа го потврдуваат многу факти, од кои можеби „најилустративен“ е секако бројот на предмети (43), кои ги открила Антикорупциската комисија, наспроти отфрлените или во фаза на истрага. Се потенцира и тоа што за 4 години само 3 предмети имаат судски епилог – „Бачило“, како најголем корупциски скандал, и уште 2 „ситни“.

(повеќе..)

Македонијо, не му се лути на Рупел

февруари 06, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Насловот не е новинарска или „експертска“ порака, ниту, пак, од некој „трет фактор“, зависно- независен, туку од самиот Димитриј Рупел, министерот за надворешни работи на Словенија:

„Не ме разбирајте погрешно, јас сум на ваша страна“.

Дури е и мошне „молбена“.

(повеќе..)

Ќе омекне ли „цврстата одбрана“ на уставното име?

декември 24, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Сосема очекувано, без никакво изненадување: мојата новинарска дребност не може да се мери со значењето, а особено моќта на македонско- бугарскиот државјанин и пратеник во македонскиот Парламент, Љубчо Георгиевски. Неговиот предлог за промена на „уставното име“ на Македонија (во Северна Македонија) има „соодветна тежина“ и на него се реагира како „опасен“ (без оглед што е во најмала рака неиздржан, а за многумина и несериозен), а мојот предлог за промена на името (не уставното име) како воопшто да не е прочитан, иако од поодамна стои на овој сајт. Нема никакво реагирање, макар како единствен и дилетантски.

(повеќе..)

17-ти конгрес на Кинеската комунистичка партија

октомври 22, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Конгресот на Кинеската комунистичка партија, што почна на 15-ти овој месец, е јавен форум, грижливо подготвуван и во длабока тајност, кој ќе му овозможи на шефот и претседател на Републиката Ху Џинтао да ја консолидира политичката власт.

Во пресрет на 17-от Конгрес и реизборот на функцијата, Ху треба да се опкружи со полојален раководен тим. Се очекува унапредување на поранешни функционери на кинеската младина (Комсомол), кои беа под негово раководство, а може дури да се појави и неговиот наследник во 2012-та година. Аналитичарите конкретно ги спомнуваат имињата на Ли Кацјан, поранешен раководител на индустриската северозападна провинција Лајонин, и Си Жинпин, раководителот на Шангај.

Многубројните промени во регионалните раководства и Владата во последниве неколку месеци веќе покажаа дека се прошируваат можностите за маневрирање на Ху. Сепак, 64-годишниот Ху Џинтао не е целосно сигурен дека има одврзани раце.

(повеќе..)

Македонија сигурно во НАТО идната година?

септември 28, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Сигурно е дека  5 земји членки на Алијансата ќе  гласаат за прием на Македонија во НАТО следната година. Тоа се познатите најголеми поддржувачи: САД, Британија, Турција, Словенија, на кои сега им се придружи и Романија. Но, тоа не значи дека и други не се подготвени да го поддржат членството на нашава земја. Особено во „пакетот“ со Албанија и Хрватска. Тоа пред се се однесува на новите земји- членки- Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска и Словачка.

Значи, во моментов може да се смета на сигурна поддршка на 13 земји- членки на НАТО, точно половина од вкупниот број. Останатите треба да одлучат во наредниот период. Каква е „состојбата“ кај нив?

(повеќе..)

„Пензионерска Србија“

септември 14, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Војската на Србија во моментов има само 12-мина активни генерали, но затоа во „пензионерската машинерија“ има дури 756-мина воени ветерани со највисок офицерски чин. Малку се државите во светот како што е Србија, која сразмерно на својата големина има толкумина пензионирани генерали – на 1 активен доаѓаат дури 63-ца пензионирани. Со таква бројка на највисоко рангирани воени ветерани можат да се пофалат само државите со повеќе стотици илјади војници.

(повеќе..)

„Очекувана“ вистина

август 11, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Шесте бугарски медицинари, кои минатиот месец беа ослободени по 8 години поминати во либиските затвори, пред истражната комисија во Софија изјавија дека биле предмет на тортура во затворите.

Синот на либискиот претседател Моамер Гадафи, Саиф ал Ислам, од своја страна потврди дека 5-те бугарски медицински сестри и лекарот Палестинец биле изложени на тортура и мачење во затворот во Либија за да признаат дека со ХИВ намерно заразиле околу 400 деца во болницата во Бенгази, каде што работеле.

(повеќе..)

Независно Косово кога- тогаш, засега некогаш

август 06, 2007 By: Димитровски Љупчо Category: Ретропис No Comments →

Најнови „моменти“ од битката за и против независно Косово:

Потпретседателот на Меѓународната кризна група (МКГ) Ален Делетро оцени дека за статусот на Косово постојат три опции: договор помеѓу Белград и Приштина, резолуција на Советот за безбедност за покраината или косовските власти еднострано да прогласат независност.

(повеќе..)