Archive for the ‘Ретропис’
септември 08, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Ретропис
No Comments →
Први жестоки (ин)директни меѓусебни судири: САД и Русија „преку“ Чејни и Путин, Русија и Грузија преку Хаг, Русија и Европа преку енергенсите.
Важна порака на Медведев која сигурно претставува дополнително долевање на маслото на огнот што тлее, но и подготовка за нова тактика и стратегија на противничките страни:
„Помирете се со промена на границите на Грузија“.
(повеќе..)
септември 02, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Ретропис
No Comments →
В ред е и претставува добар пример по она што (не) се направи на Олимписките игри во Пекинг 2008- ма да се излезе пред јавноста, да не се бега од неа, да се даде отчет односно оценка. Без оглед што е таа веќе позната, пред завршувањето на Игрите, па дури и пред нивното почнување.
Меѓутоа, овојпат е нејасна поуката, пораката што се „испрати“, целта на „сликањето“ на нашите олимпијци сосе генералниот секретар на МОК: симболичниот настап во Пекинг (дури и помалку од тоа, освен ако не се смета учеството во церемонијалите на отворањето и затворањето) „се вклопувал во рецесијата на македонскиот спорт“. И? Што од тоа оти Сашо Поповски односно МОК не негираат дека остварените резултати имаат минорно значење, ама „целосно стојат зад македонските олимпијци“? Еве, сите стоиме зад нив. За кого утешение?
(повеќе..)
август 29, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Ретропис
No Comments →
Зошто веќе втор ден (одново) протестираат млекопроизводителите? Кој ги организира, кој со нив манипулира? Нема ли политичка заднина? Ќе се открие ли, ќе одговара ли некој?
Ако за првите протести на сточарите се имаше разбирање за проблемите и беа поддржани во нивните барања (види го текстот на овој сајт „Сточарите имаат право!“-20.08.2008), овојпат нема и не може да има. Од едноставна причина што пред неколку дена почна дијалогот на двете страни- млекарниците и млекопроизводителите, со посредство на Министерството за земјоделство.
(повеќе..)
август 26, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Ретропис
No Comments →
Почна ли новото прекројување на светот, „цртањето“ на нови граници, поточно „поместувањето“ на постојните? Со прогласувањето на независноста на Јужна Осетија и Абхазија од страна на Русија?
Не, тоа е само продолжение на веќе започнатиот процес кој допрва ќе се „развива“. Започна со прогласувањето и признавањето (во тек) на независноста на Косово, како „најсоодветно решение“ на проблемот „Срби- Алабнци“. А такви „состојби“, како што неодамна некој посочи, во светот ги има над 200.
Да, независноста на Косово ја отвори „Пандорината кутија“, без оглед дали тоа некому му се допаѓало или не.
(повеќе..)
август 23, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Ретропис
No Comments →
Дали се реални проценките на премиерот Јанез Јанша дека неговата владејачка партија ќе извојува надмоќна победа на годинашниве избори што ќе се одржат на 21-ви септември? На што се темели неговото ветување дадено минатата недела, претставувајќи ги партиските кандидати за 88 пратенички места во Државниот збор? Помеѓу нив се и речиси сите досегашни министри во Владата на Јанша, а шефот на дипломатијата Димитриј Рупел, кој изборите пред 4 години ги изгуби во Љубљана, сега ќе се кандидира во Илирска Бистрица. Премиерот смета дека Рупел и натаму ќе биде министер за надворешни работи, а во СДС-овата надворешно- политичка програма може да се најде и ветувањето дека „одговорната словенечка политика мора да ги издржи сите видови на притисоци и притоа да истрае граничните прашања да се решат пред влегувањето на Хрватска во ЕУ“.
(повеќе..)
август 20, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Ретропис
No Comments →
На почетокот од овој напис едно кусо објаснение (им се извинувам на оние на кои тоа не им е потребно):
Се разбира дека не сум, ниту можам, а најмалку, пак, имам амбиција да бидам аналитичар, стручњак или екпсерт за се и сешто. (За дистинкцијата помеѓу стручњак и експерт види во текст на блогот „Димитровски Горан“). Мислам дека на повеќето од вас, читатели на овој блог, им се познати моите специјалности како новинар и творец.
(повеќе..)
август 14, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Ретропис
No Comments →
Вчера (13.08) беа одбележани 7 години од потпишувањето на Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Република Македонија во 2001-ва година. Не прославени, како што напишаа- информираа некои медиуми, без оглед на владиното покровителство на приемот што традиционално го организира ДУИ.
(повеќе..)
август 12, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Ретропис
No Comments →
Црвенковски засега нема намера да потпише укази за по вторпат донесените закони во македонскиот Парламент, освен Законот за јазиците. Тој му предлага на спикерот Вељановски 5-те спорни закони да ги стави на повторно разгледување на првата наредна седница зашто по вторпат биле изгласани во Собранието спротивно на процедурата – без претходно добиено писмено известување, со образложение од страна на претседателот на државата. Откако законите за работни односи, за лобирање, за адвокатура, за експропријација и за енергетика ќе добијат зелено светло, Црвенковски, како што велат од неговиот кабинет, указите за нивно прогласување ќе ги потпише истиот ден.
(повеќе..)
август 08, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Ретропис
No Comments →
Една од најголемите телевизиски серии на сите времиња, ако не и најголема на овие наши и туѓи западнобалкански, јужноевропски, па и светски „ТВ сапуници“, која со децении континуирано, се снима и емитува на општо (не)задоволство на рурално- урбаното население односно многупочитувана јавност, е секако серијата „Секое чудо за три дена“. Како што сугерира самиот наслов, станува збор за чуда што се случуваат на секои три дена. Одвреме- навреме, колку за освежување, за да не се попадне во здодевност, на некоја епизода и се дава поголема брзина и динамика и притоа, бидејќи насловот станува несоодветен, се додава напомената: „Ова чудо трае многу пократко- не е тоа веќе преку ноќ“.
(повеќе..)
јули 13, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Ретропис
No Comments →
Висока 6- члена делегација на Хунзите, предводена од принцот Газанфар Али Кан, со титула Мир, и принцезата Рани Атика, во која се и сестрата на принцот како и еден историчар, пристигна во Скопје. Тие беа примени од премиерот Никола Груевски, а потоа и од Г.г. Стефан и скопскиот градоначалник Трифун Костовски. Посетата на делегацијата е во организација на „Македонскиот институт за стратегиски истражувања 16.9“. Во Скопје делегацијата ќе се задржи два дена, а потоа ќе ги посети Охрид, Битола, Прилеп, Лазарополе, Вевчани, селото Гари, а ќе има можност на Петровден да присуствува и на познатата Галичка свадба.
(повеќе..)
јуни 24, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Ретропис
No Comments →
Лидерите на ЕУ, на 27-члениот одбор на последниот самит на Брисел, се согласија дека ратификацијата на Лисабонскиот договор продолжува и по отфрлањето на ирскиот референдум.
Во тој контекст особено се издвојува ставот на Чешка. Делегацијата на оваа земја се изјасни дека процесот на ратификација е во континуитет, но тој ќе биде суспендиран се додека не се донесе изјавата од Уставниот суд. (повеќе..)
јуни 19, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Ретропис
No Comments →

Судејќи според оценките на меѓународниот „фактор“ за одржаните предвремени парламентарни избори, Република Македонија речиси сигурно нема наскоро да добие покана за членство во НАТО. Датумот 9-ти јули е веќе „проблематичен“ поради неможноста од брзо решение за проблемот на Атина односно Данајската република со името на нашата држава.
(повеќе..)
јуни 18, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Ретропис
No Comments →
Изјавата на Бранко Црвенковски дека Македонија ќе треба да отстапи од тврдата позиција за двојната формула многумина изненади, но не и оние што во континуитет, уште од почетокот на „билатералниот спор“ ја следат неговата „активност“. Без оглед што токму тој беше еден (или единствен?) нејзин креатор, оваа негова промена на ставот е логична, но задоцнета. Едноставно, нема време за лично учество во креирањето на посакуваната отстапка. (повеќе..)
јуни 11, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Ретропис
No Comments →
За него досега сум пишувал многупати, секогаш со заклучок дека особено во електронските медиуми- радијата, телевизиите е загрижувачки, дури поинжувачки за новинарската професија воопшто, за македонското новинарство.
Состојбата се подобрува, но за жал многу бавно.
(повеќе..)
мај 28, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Ретропис
No Comments →
Дека многу нешта во овој наш до крајности политизиран, поточно политикантски живот не се менуваат или, пак, се менуваат мошне бавно, „највепчатливо“ зборува процесот на нашето европеизирање.
Сигурен сум дека на прилогов што следи, објавен на 15.12.2005-та во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ (сега со незначителни пред се стилски интервенции и во прво лице еднина) многумина, откако ќе го прочитаат, ќе се согласат дека и сега нема што ниту да му се додаде, ниту да му се одземе.
Лично воопшто не милувам да „ретропишувам“, ама кога се работи за ре-актуелност…
(повеќе..)