Во одбрана на достоинството на новинарската професија
Наместо да се поддржи борбата против медиумскиот криминал, кој подразбира не само перење на пари на најразлични „груби“ и „софистицирани“ начини, не само полит- бизнсменска манипулација со јавноста, изигрување на законската регулатива (најнапред на постојниот Закон за радиодифузија, а потоа и на „општите“ за деловно работење на трговските друштва- даночно затајување итн.), наместо вработените во А1 ТВ и весниците од „Перо Наков б.б.“ да водат кампања за поддршка на нивното новинарство како „последна одбрана на демократијата во Македонија, „последен час“ е СИТЕ ЗАЕДНО, вработените во сите електронски и печатени медиуми да започнат РЕШИТЕЛНА БОРБА во одбрана на ДОСТОИНСТВОТО НА НОВИНАРСКАТА ПРОФЕСИЈА. Предводени од „реформираното“ Здружение на новинарите на Македонија. Со максимална секаква поддршка, и морална и материјална, од меѓународната заедница.

Македонската опозиција и нејзините медиумски трабанти ја добија можеби најголемата шлаканица во сето досегашно опозиционерско дејствување. И тоа „најголемиот дел“ од неа не од позицијата- партиите на власт (не само ВМРО- ДПМНЕ), туку од „меѓународниот фактор“, поточно од Европската комисија. Иако од петни жили се трудеа, како досега, нејзините членови да ги „онерасположат“, па да напишат „избалансиран извештај за Македонија со многу повеќе забелешки отколку пофалби“ и да не дадат препорака за определување на датум за почеток на преговори за членство на Република Македонија во ЕУ, со „горчина в уста“ мораа да констатираат дека препораката е „сепак добиена“. Ама…
Како што се очекува(ше), притисокот за решавање на проблемот на Грција со името на Република Македонија од „меѓународниот фактор“ деновиве стана мошне силен, а во следниве недели и месеци сигурно ќе кулминира, по што, логично, решение ќе мора да се најде или ќе се наметне. Тој не е насочен само кон Република Македонија, туку и кон Грција, а во насока на нужен, неминовен компромис. Тоа би можело да се оцени како успех на македонските власти (Владата и претседателот на државата), а со оглед на досегашното „разбирање“ на јужниот сосед од страна на неговите сојузници во ЕУ и НАТО. Мошне забвележливо е дека се одбегнува проблемот да се нарекува спор или да се назначува како билатерален, што беше постојано потенцирано, а Република Македонија и новата власт во Грција се повикуваат што поскоро да го „затворат прашањето“.
Воопшто не беше теко да се предвиди поразот на Караманлис и неговата „Нова демократија“ на штотуку завршените парламентарни избори во Грција. Тоа го предвидуваа не само истражувањата на јавното мислење, убедливото водство на рејтинг листите на довербата на гласачкото тело во партијата ПАСОК и нејзиниот лидер Јоргос Папандреу, туку пред се катастрофално лошата економско- социјална политика на внатрешен (во тие рамки и огромната корумпираност на владиниот кабинет), како и ригидната националистичка, а од сојузниците во ЕУ и НАТО видливо маргинализирана позиција на меѓународен план.
Воопшто не е спорна нужноста од постоење и постојано- континуирано збогатување на национална- Македонска енциклопедија (не Енциклопедија на Македонија). Национални имаат многу, речиси сите нации во светот. Таквата енциклопедија е одамна „дефинирана“- утврдени се нејзините основни карактеристики: енциклопедиското знаење се групира според исклучително важен критериум- националниот, кој подразбира собирање и лексикографско систематизирање на знаењето за националните култури, достигнувањата и вредностите. Тој е мошне значаен за, како што потенцираат енциклопедиски авторитети, виталните интереси на слободата и опстанокот, особено на малите народи во современиот свет. Постои општа согласност дека во тој свет се загрозени двете најголеми придобивки на граѓанското општество- правата на човекот на индивидуална (лична) и колективна (национална) слобода. 




