Subscribe

Archive for the ‘Поентар’

Браво за „Воинот на коњ“!

јуни 21, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

„Воинот на коњ“ конечно се „смести“ на местото што нему, како македонски крал, му доликува: на плоштадот „Македонија“. Голем, достоинствен, величествен, за восхит и гордеење.

(повеќе..)

Протестна манипулација

јуни 10, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Зошто протестираат младите во Скопје и други градови во Македонија? Поводот е познат: во понеделникот припадник на специјалната единица „Тигри“ до смрт претепа 22-годишно момче. Два дена по настанот МВР соопшти дека осомничениот е приведен, по што судот му одреди 30 дена притвор.

(повеќе..)

Очекувана, а сепак топ вест: уапсен Ратко Младиќ

мај 26, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Како што е официјално соопштено, денеска изутрина во тајна операција е уапсен Милорад Комадиќ за кого се тврди дека е всушност Ратко Младиќ. Претседателот Борис Тадиќ потврди дека се работи за Младиќ.

(повеќе..)

Слобода на медиумите и слобода на новинарството

мај 03, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Денеска е Светски ден на слобода на медиумите. Повеќе од 100 земји го одбележуваат под слоганот „Нови граници, нови пречки“, а со јасна цел: да се промовира и подигне свеста за значењето на слободата и независноста на медиумите, како и потсетат државите дека треба да го почитуваат правото на слободно изразување. Едно од главните прашања е гарантирање на слободното изразување на Интернет.

На овој ден се одбележува и 20-годишнината од усвојувањето на Декларацијата во Виндхок, Намибија, која прокламира начела на слободата на печатот, под кои се подразбира независнаст во однос на политичката, економската и владејачката структируа, а на меѓународната заедницаи е  упатен повик цензурата да ја стави надвор од законот, како насилство над човековите права.

(повеќе..)

Убиен или не?

мај 03, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар, Антрфиле No Comments →

Најновите вести се повеќе го доведуваат под сомнеж успехот на САД. Најнапред дека фотографијата на убиениот Осама бин Ладен е фотомонтажа-проверено и потврдено. А се јавуваат и тврдења дека тој е жив!

Каква последна- претсмртна видео порака снимил Ладен?

Очекувано одговор на Ал Каеада: први жртви на одмазда

(повеќе..)

И официјално: вонредни парламентарни избори во Македонија на 5. јуни

април 15, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Собранието се распушти, утре претседателот Трајко Вељановски ќе го потпише Решението за распишување избори.

Не беше неочекувано, но пратениците како да заборавија дека се собраа последен пат ЗА ДА ГО ВРАТАТ ПРАТЕНИЧКИОТ МАНДАТ добиен од граѓаните на Република Македонија на избори!

(повеќе..)

ЕУ и (не)слободното медиумско слепило

април 12, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Проблемот на слободата и независноста (читај: објективноста) на медиумите во Македонија не е во определбата да се анализира и коментира, односно зазема позиционерски или опозиционерски став, туку да се искажува јасна партиска припадност и да се  информира еднострано, селективно, значи необјективно, па и невистинито (груба лага).

(повеќе..)

Заврши судењето во Хаг

март 31, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Со последното рочиште помеѓу Македонија и Грција во врска со прекршувањето на Времената спогодба од 1995. година, во Меѓународниот суд на правдата во Хаг заврши судењето, а одлуката се очекува на есен.

Пресудите на судот се сметаат за конечни и обврувачки за земјите- членки на ОН, односно за страните на спорот.

До 7- ми април Грција, а до 14- април Македонија треба да ги достават последните забелешки.

(повеќе..)

Уште една екс претседатeлска валканица или…

март 31, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Лично не верувам дека од „откритието“ на „Нетпрес“ ќе се изроди нов „случај Црвенковски“, особено откако е објавен датумот на предвремените избори и со тоа почна или, поточно, продолжи незаконски предвремената предизборна кампања. Едноставно, тоа од СДСМ односно опозицијата и нејзините медиумски мегафони, предводени од А1 ТВ, веќе се „дефинира“ како уште една измислица на власта, а предизвикана од „ноќната мора“ Црвенковски.

А што е „откритието“?   Кабинетот на екс претседателот Црвенковски платил 530.000 евра за дводневен самит во Охрид. Како да не?!

(повеќе..)

„Незгодна“ ситуација

март 24, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Белким новинарите на А1 ТВ и весниците „на Велија Рамковски“ конечно ќе се сепнат, ќе се пресметаат и ќе ја зашвршат неколкумесечната кловновијада пред Владата на Македонија, а ќе се посветат на борбата за достоинство на новинарската професија, пред се против манипулациите, шпекулациите, вовлекувањето на новинари во криминални дејанија итн., односно против инструментализација од страна на „големите газди“.

Белким конечно сфаќаат дека беа и се (зло)употреувани за лукративни политички цели, а „во името“ на медиумската слобода, независноста на новинарството, демократијата…

Се разбира, едновремено и да се обидат да се извлечат што помалку извалкани од калта во која длабоко зацапале.

(повеќе..)

Медиумска лага во „рамки“

март 16, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Кога ти минуваат- мислиш дека ти минуваат многу лаги како вистини, а е се поочигледно дека се тие „употребно орудие“, отворено опозиционерско, а не независност односно објективност, како што постојано прикажуваш, убедуваш, се обидуваш да наметнеш, една откриена го урива „системот“.

Станува збор за срамна лага чиј ефект е долгорочен. Не само за новинарот, кој згора е еден од првите, највозрасните, најавторитетните во медиумот (електронски- телевизија), туку и за просторот кој го има освоено и „менторите“ за кои веќе отворено „работи“. За кредибилитетот кај корисниците- гледачите…

(повеќе..)

Лидерска средба без никакво значење

март 16, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Не е јасно врз основа на што некои аналитичари и новинари (медиуми) ја подгреваа надежта дека нешто многу важно ќе се случи, а секако најважното- СДСМ да се врати во Собранието и да започне интензивна подготовка за вонредните парламентарни избори. Особено ако се има предвид дека од ултимативните барања како предуслов за тоа едното е „проблематично“, а другото невозможно да се исполни.

Јасна е само веќе разнишаната „пуста“ надеж дека колегите од А1 ТВ и од печатените медиуми „на Велија Рамковски“ ќе „ќарат“ одмрзнување на сметките и „колку- толку“ ќе ја покријат кловновијадата пред Владата на Македонија секоја вечер веќе два и кусур месеца. (Ако се негови, тоа е спротивно на Законот за радиодифузија кој прецизно го дефинира „медиумскиот монопол“.)

(повеќе..)

На македонскиот политички „фронт“ ништо ново

март 13, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Опозицијата ќе се врати во Парламентот (очекувано), во меѓувреме СДСМ најавува формирање на Влада во сенка, што ќе биде нејзин голем адут на претстојните предвремени парламентарни избори (предвидов); конгреси одржаа ВМРО- ДПМНЕ (со воздржавни и прилично „општи“ пораки) и ЛДП (со мошне забавни „поенти“); „брат Љубе“ и Селмани се шетаат низ селата во Македонија (а „И јас сум А1“ редовно и ревносно ги следат, но не како платен политички маркетинг); се формира „Демократска десница“; квазианалитичарите и прогонозерите „уткаџии“ најавија конечно заминување на Црвенковски од челната позиција на СДСМ (како не им текнвуа дека челната позиција е многу посилна од сенка?!), а албанските опозициони партии бараат нови изборни граници.

Да, најзначајното нешто поврзано со претстојните избори ќе биде средбата во четири очи помеѓу Груевски и Црвенковски, овие денови, а на иницијатива на премиерот. (Црвенковски се пожали дека му била „прочитана“ и „украдена“ идејата за неа- тврди дека го прислушкуваат).

(повеќе..)

Го даваат ли победникот на предвремените избори (евентуални) моментните рејтинзи?

март 09, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Евентуалноста поместена во заграда на насловот на овој текст е поради очигледното „дриблање“ на СДСМ со поставените услови, а моментно и со Државната изборна комисија (деновиве ќе го видиме „голот“ или „фаулот“).

Се разбира, ги имам предвид и условите што ги постави, од кои самиот знае дека еден, кој се покажува дека му е најважен (одмрзнување на сметките на А1 ТВи печатените медиуми на Велија Рамковски), е неостварлив. Затоа што станува збор за судска одлука  која не може да се преиначи со политичка. Без оглед дали се употребувал и може да се употреби „телефонот“ кој го користел Црвенковски кога бил на власт при слични „деликатни проблеми“ ( според сопствено признание, нему му е познат, а како што изјави- тврди „го знае и Груевски“).

(повеќе..)

Во корист на сопствената штета

март 04, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар No Comments →

Уште на самиот старт на кампањата „И јас сум А1“, што беше најавено дека ќе трае до крајот на февруари, а ненајавено продолжи и месецов- март, искажав јасен став дека е неприфатлива, немушта, инфантилна, на моменти и кловновска во нејзината реализација. На пример одењето по куќи и собирањето на потписи што, за среќа, брзо беше напуштено. Во спротивно, можеше лесно да се случи да чукнат на вратата на некој ВМРО-вец, па лесно е да се претпостави на какви непријатности би се нашле „чукачите“.

И притоа потенцирав дека колегите- новинари на А1 ТВ со тоа „одработуваат“ исклучиво во корист на сопствената штета.

Потврда на мојот став „стаса“ деновиве, а реакцијата на „засегнатите“ е нервозна и недостоинствена.

(повеќе..)