Archive for the ‘Петта страна на светот’
септември 01, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Петта страна на светот
No Comments →
Ќе остане забележано не само во неговата богата професионална „политичко- шпионска“ и животна, конкретно „спортско- ловечка“ биографија, туку и во историјата на современа Русија: премиерот Владимир Путин спаси ТВ екипа од сигурна смрт од амурски тигар . По настанот, снимен со камера и фотоапарати (емитувани и дистрибуирани низ светот), руските медиуми вчера го прогласија за херој и мачо маж.
Путин бил во посета на сибирскиот резерват Усури, каде што со истражувачите набљудувал тигри во дивината. Еден од нив бил фатен во стапица, но во еден момент се ослободил и јурнал кон ТВ екипата што го следела. Путин брзо реагирал, зел пиштол за успивање и го погодил тигарот. Откако го успал,тој им помогнал на истражувачите на тигарот да постават сателитски предавател, ги измерил тигровите заби песјаци, па дури и го бакнал.
(повеќе..)
август 31, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Петта страна на светот
No Comments →
Како што се очекуваше, фудбалерот на Манчестер Јунајтед Кристијано Роналдо е избран за најдобар во Лигата на шампионите за 2007/2008-ма година. Португалецот е исто така избран и за најдобар напаѓач.
Во изборот во Монте Карло доминираа фудбалерите на Челзи, освојувачи на три награди за најдобри на своите позиции.
Изборот беше одржан паралелно со ждрепката за првата фаза од новата сезона во елитното натпреварување.
(повеќе..)
август 28, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Петта страна на светот
No Comments →
Дека не сме дел од Европа (освен географски), туку далеку од неа, си докажуваме на себе си (други не треба да ни докажуваат) со тоа што воопшто не не засегаат вестите и информациите за ширење на (најверојатно) стомачен вирус и зараза од салмонела во многу европски земји. Иако вирусот ни беше „испорачан“ од една се уште “неевропска“ земја- Црна Гора, и тоа со трагичен крај на еден млад живот, иако во Србија се објавуваа(т) алармантни информации (кои ние ги прифаќаме како што ги третираат во Подгорица- дел од туристичка антипропаганда), нема ниту предупредување, ниту препорака од здравствените власти- органи. Дури и веста дека салмонелата со голема брзина се шири низ Европа како воопшто да не е слушната- прочитана. А туристичката сезона се уште трае, годишноодморските патгувања во странство се во полн ек.
(повеќе..)
август 27, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Петта страна на светот
No Comments →
Во ширењето и злоупотребата на дрогата во светот (употребата значи нејзино легално користење, пред во медицински цели), клучна улога имаат оние „помеѓу“. Се разбира, мислам пред се на трговците и препродавачите, но не се само тие. Се работи за мошне раширен и цврст синџир кој е „направен“ од обични, тенки и дебели, меки и цврсти „алки“, но и од „материјал“ што се кине- се сече единствено со специјални, мошне софистицирани „алати“ односно „апарати“. Па кога ќе се успее, тоа не може а да не биде забележано, да не биде „топ вест“ за јавноста.
(повеќе..)
август 24, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Петта страна на светот
No Comments →
Дилема: зголемен број на случаи на сексуална злоупотреба на деца во Македонија, јавни апсења и судење на педофили од една, а од друга страна засега реакција само на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“. Не, на пример, медидумска кампања на Владата за мобилизација на јавноста против педофилијата како злосторството над децата, но и како болест- пореметување во мозокот, која треба да се превенира и лечи.
(повеќе..)
август 19, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Петта страна на светот
No Comments →
Во православните храмови и домови се празнува Преображение Господово- сеќавање на настанот на Христовото преобразување на гората Тавор, кога тој го најавува своето страдање и слава.
Според Евангелието, Исус на третата година од својата земска проповед на Тавор ги однел своите ученици Петар, Јаков и Јован и пред нив се појавил преображен „со лице сјајно како сонце и облека светла како снег“.
Исус, кој се преобразил на Гора во присуство на Мојсеј и пророкот Илија, ја најавил небеската сила на новата вера и својата улога на Цар над царевите која ги надминува старозаветните закони и пророци.
(повеќе..)
август 17, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Петта страна на светот
No Comments →
Како да се навикнавме на големи летни културни манифестации во земјава (Охридско лето и Струшките вечери на поезијата пред се), па ниту нив, ниту „помалите“ што се одвиваа(т) не наоѓаме да ги забележиме- проследиме, а камо ли да им посветиме должно внимание. Се разбира, тоа не значи дека треба да бидеме задоволни од македонското „културното лето“ (не само од годинашново, туку од сите досегашни), а особено не од развојот на културниот туризам. Значи само укажување на наше нужно корегирање на односот спрема случувањата во духовната сфера, културата, уметноста, воопшто творештвото.
(повеќе..)
август 08, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Петта страна на светот
No Comments →
Може ли да се верува на соопштението на американската Амбасада во Белград дека, како што пренесе агенцијата Танјуг, американскиот Стејт департмент не добил информација која би довела до апсење на поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ, ниту исплатил награда?
(повеќе..)
август 05, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Петта страна на светот
No Comments →
(о4.08.2008, Маја Глигоровска, А1 ТВ)
Со врисоци, овации, скандирање и скокање на 10- илјадната публика во ритамот на музиката, синоќа се одржа концертот на мега популарната рок ѕвезда, Лени Кравиц.
Настапот што го изведе за Македонија беше невиден досега. Со перфектна опрема и осветлување, донесени лично од него, максимална организираност, висока безбедност и внимателно избрани песни, Лени Кравиц одржа два ипол часовен концерт во Охрид.
(повеќе..)
јули 31, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Петта страна на светот
No Comments →
-Зимбабве воведува банкнота од 100 милијарди долари
Централната банка на Зимбабве ќе пушти во промет банкнота од 100 милијарди зимбабвеански долари, во очајничка борба против хиперинфлацијата во земјата, објави банката.
Зимбабве пати од хроничен недостиг на месо, брашно, гориво и останати животни потреби поради колапсот на некогаш напредната економија, за што критичарите ги обвинуваат потезите на претседател Роберт Мугабе, меѓу другите и насилното одземање на фарми во сопственост на белци. (повеќе..)
јули 17, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Петта страна на светот
No Comments →
Четири дена на Петроварадинската тврдина покрај Нови Сад (од 10-ти до 14-ти о.м.) се одржуваше најзначајниот музички настан во Југоисточна Европа, фестивалот EXIT. На 25 сцени настапија околу 600 изведувачи, меѓу кои и „Sex Pistols“, „Primal scream“, „The Hives“, „Gogol Bordello“, „Ministry“, како и „Manu Chao“ и Paul Weller.
Настапи и македонската група „Суперхикс“.
Минатата година EXIT во Лондон, на церемонијата „Фестивалски награди на Обединетото Кралство“, беше прогласен за најдобар музички фестивал во Европа. (повеќе..)
јули 15, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Петта страна на светот
No Comments →
јули 04, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Петта страна на светот
No Comments →

Сосема очекувано, дојде на ред и ова прашање. Можеа да не го очекуваат само оние што го читаат и спроведуваат Рамковниот договор од запирка до точка, а притоа да не смеат да додадат или одземат никаков друг интерпункциски знак. Таквите (дури и од меѓународниот фактор) ги нарекуваат буквалисти. Тие, за жал, не го разбрале и не го разбираат неговиот дух!
(повеќе..)
јули 01, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Петта страна на светот
No Comments →
„Фуријата“ чекаше 44 години за најпосле да застане на европскиот трон и да ја понесе титулата најдобра репрезентација на „Стариот контитент“.
Од самиот почеток на турнирот Шпанците важеа за едни од најголемите фаворити, а со секоја нова победа таа еуфорија додатно растеше, за кулминацијата да ја доживее во финалето, во кое со 1:0 (голот го постигна Торес) падна и големата Германија.
5 победи има забележано уште само Франција во 1984-та и 2000-та година.
(повеќе..)
јуни 10, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Петта страна на светот
No Comments →
Дали барем малку му е гајле на градоначалникот на македонската „метропола“ Трифун Костовски дека во неа се живее пред самиот европски „амбис“- африкански? Мислам дека не му е ниту „загајлено“. Знаете зошто?
Едноставно затоа што само уште неколку месеци го делат од локалните избори и уште неколку од претседатлските. А треба да се мисли и на „непосредната“ и на „среднорочната“ лична перспектива (не кандидатура, туку „структура“).
(повеќе..)