Subscribe

Archive for the ‘Петта страна на светот’

Невалидна и несериозна листа на сериозен неделник

декември 22, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Вообичаено, на крајот од секоја година или порано медиуми и институции и организации кои го испитуваат- истражуваат јавното мислење прават најразлични листи; на најпопуларни, најзначајни, највлијателни личности, на најважни, бизарни настани…Притоа најмногу се потенцира нивната валидност (на пример репрезентативен примерок на испитаници) и сериозноста односно објективноста (консултација на релевантни фактори, компетентни, авторитетни луѓе и сл.)

Несфатливо е и непримерно она што го направи угледниот неделник „Њусвик“: список на највлијателни луѓе на светот во 2008- ма во кој на многумина не им е местото според ниеден критериум. Има ли и која е заднината на тој потег знае само уредништвото, но неговите читатели коментираат, негодуваат, дури ја исмеваат. (повеќе..)

ФИФА го брани спортот од политиката со политика

ноември 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Можна ли е некоја област од нашето севкупно живеење и дејствување без политика, кај нас и во светот? Не е ли самата одбрана од политиката политика? Постои една област која, ако не повеќе, барем го релативизра одговорот на овие и вакви прашања: спортот.

Не постои влијание на политиката во спортот? Тој е недопирлив за неа? Таман работа! Па уште од античко, да не речам „првобитно време“, е познато дека токму тој на најдиректен, наједнoставен, најбрз, најотворен, најтранспарентен начин афирмира држави, нивни политики, политика на владејачка партија, интерес на владејачка (бизнис) групација. Како што е познато дека во нашиве „модерни“ времиња на тој и секаков друг план најисплатлива инвестиција е токму во спортот, почнувајќи од купување на тимови (особено во фудбалот), финансирање- спонзорирање на одделни спортови и спортисти, спонзорствo- покровителство на значајни меѓународни манифестации (ефикасен маркетинг). (повеќе..)

Започна скијачката сезона 2008- ма

октомври 27, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

И годинава ќе следиме иинтересни, на многу скијачки терени и возбудливи натпревари, посебно на два големи меѓународни настана: првиот, штотуку започна, е Светскиот куп во алпско скијање, а вториот е Светското првенство кое од 12-ти до 15-ти февруари следната година ќе се одржи во познатиот француски зимски центар Вал дИзер. (повеќе..)

Вест од Македонија за светски „Топ 10“

септември 17, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Кој вели дека Македонија не е правна држава? Дека законите и судството во нив се уште не се на потребното „европско ниво“, а тоа е еден од се уште неисполнетите услови за почеток на преговорите за членство во ЕУ? Зарем е мал, недоволен аругментот дека дури и мечка може да се најде на суд и да се пресуди во корист на оштетената страна- човекот?

Не можам да им се изначудам на нашиве, директно и индиректно одговорни за исполнување на условите, како е можно случајот да не им го „удираат од глава“ на Оли Рен & comp во Брисел. (повеќе..)

Расизмот и европеизмот

септември 17, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Можеби сум првиот кој го користи терминот „европеизам“ (значи полагам право на авторство), а во значење на европски дух, европски вредности, европска култура, европски стандарди.

За жал овојпат „поврзан“ со еден друг кој, пак, означува пред се примитивизам, а потоа нетолеранција, омраза, деструкција, дури ниски- животински страсти. Кој никако да се искорени, а се чини дека најжилав отпор дава на фудбалските терени. Најнов е оној случен- жестоко изразен во Загреб. (повеќе..)

Формула 1: бизнис и/ или малку спорт

септември 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Морам да признаам дека трките во Формула 1 ги гледам одвреме- навреме односно ретко. Особено ми се здодевни оние на кои поради „конструкцијата“ на пистата практично не е можно претекнување, па се возбудливо или дури драматично се случува на стартот, а пласманот го одлучуваат единствено секундите на „престој“ во боксовите (промена на гуми, полнење на резервоари).

Често се прашувам што е привлечно, интересно, а особено спортско во овие трки. Па како просечен гледач кој решил да изгуби некој час од своето драгоцено слободно време пред телевизорот, најчесто доаѓам до сознанието дека тоа всушност не е никаков спорт, туку само и единствено голем бизнис, во кој се „вртат“ милиони долари. Всушност, се се сведува на маркетиншка и секаква друга конкурентска битка на неколку светски автомобилски компании.

(повеќе..)

Македонија во Венеција

септември 13, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Како и на големи меѓународни спортски натпревари, мошне е важно учеството на светски културни манифестации. Не би рекол поважно (како што обично тврдат оние што не ја знаат ниту „азбуката“ на физичката култура), но е тоа ако се има предвид дека најчесто не станува збор за натпревар, туку за рамноправно присуство- учество.

Впрочем, „Единство во различностите“ не е измислен- смислен, туку прифатен принцип врз кој се темели „унијатството“ на ЕУ.

Како што не е никаква мудрост, туку напротив, нонсенс наводната мисла на Гоце Делчев (не верувам дека можел тој да ја „изнедри“ од својот докажано бистар и револуционерен ум): „Јас светот го разбирам како поле за културен натпревар помеѓу народите“. (Во еден мој поодамнешен прилог тоа го имам подетално елаборирано. Ги замолувам оние што радо ја цитираат веќе да не го прават тоа, туку да го прочитаат она што останало запишано од него и да пронајдат нешто друго.)

Една од светските културни манифестации, еден од центрите на светската култура, пред се модерната, „трендовската“, на кој Република Македонија неизоставно треба и редовно учествува, е секако Венециското биенале.

(повеќе..)

Папата во прва посета на Франција

септември 13, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Во 1858-ма година Мајката Божја и се прикажала на Бернарда, девојка од Лурд, во Франција.

“Јас сум безгрешен зачеток”, рекла Марија.

4 години пред тоа, во 1854-та, папата Пио 9- ти ја прогласил Марија дека е безгрешно зачната, со зборовите:

“Поради предвидената смрт на својот Син, Господ ја ослободил Марија од клеветите на источниот грев”.

До денес Лурд ги повикува луѓето на молитва, покор и обраќање. Годишно Лурд го посетуваат милиони луѓе.

Поглаварот на Римокатоличката црква Беденикт 16- ти ќе го посети светиот град Лурд, кој се наоѓа во југозападниот дел на Франција, каде што два дена ќе учествува на церемонии посветени на 150-годишнината од чудотворното појавување на Богородица.

(повеќе..)

Ураганите се „понормални“

септември 12, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Уште еднаш, и кога се работи за пустошењето, катастрофите, се потврдува резултатот на „глобалното село“: кон зачестените појави и настани стануваме се порамнодушни, без оглед на последиците. Веројатно прецизен одговор за таа „состојба на духот“ би можеле да дадат психолозите и комуниколозите, но новинарското искуство одамна потврдило: кога природата или човекот прават и повторуваат поначесто едни исти нешта, ги прифаќаме такви какви што се, како неминовност, како судбина, што се повеќе се проследува со рамнодушност, па и незаинтерсираност.

Колку вестите за ураганите го предизвикуваат вниманието? Или да бидам „поблаг“: дали се интересни како на почетокот од „ураганската сезона“? Колку ве „потресува“ податокот дека во налетот на 4 урагани во последниве денови на Хаити загинале над 320 лица, а се уште се трага по 50-тина?

(повеќе..)

Секс, дрога и нафтен „rock & roll“

септември 11, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Уште една „лекција“ по демократија од најдемократската држава на светот, и тоа предизборна: апсења, истраги и обвиненија не за да се „намалат“ шансите за победа на противникот, туку за да се „расчисти“ теренот на најголемите државни приходи. Нештошто е се уште незамисливо кај нас. Не за друго, туку само затоа што било, е и секогаш ќе биде се „чисто и бистро“. Мислам пред се на професионалната етика која е, нели, на највисоко можно ниво.

Скандалот што „избувна“ и како силен земјотрес ги потресе САД содржи битни одредници на славното мото: секс и дрога, со тоа што наместо „rock“ и „roll“ се вплеткани Владата и нафтата.

(повеќе..)

Парламентот на Словенија: Јанша не е корумпиран

септември 10, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

На пратениците во словенечкиот Парламент им требаа дури 11 часа за да ги „претресат“ сите моментни од скандалот „Патрија“ и да и изразат поддршка на Владата на Јанез Јанша во врска со обвинението за корупција против премиерот при купувањето на фински оклопни возил.

Парламентот донесе декларација со која зделката со финската компанија ја оцени за легална, но ги повика полицијата и обвинителството да го истражат случајот и ако бидат откриени докази за поткуп договорот да биде поништен. Од 90-темина пратеници во Парламентот декларацијата ја поддржаа 41, 11-мина беа против, а останатите се воздржаа.

(повеќе..)

Згасна уште една музичка ѕвезда: Дино Дворник

септември 07, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Како се забрзува поминот на годините, човек се почесто се прашува дали нешто остава зад себе, дали останува нешто зад него. Освен трага од сенката што го следела цел живот. И се почесто му се наметнува одговорот дека времето не го продожува со направеното, создаденото, туку само со името, годината кога го родиле и кога заминал, кога угаснал сосе некој знак врежани во студен камен или мермерна плоча. Можеби знакот со нив за да го гледа и носи во себе само најблискиот во животот и никој друг.

Уште една смрт на „сејач“ кој многумина од нашево време, не и од „вчерашното“, ги остава рамнодушни бидејќи ниту чуле, ниту разбрале, ниту нешто им значел во минатото и сегашноста (не се знае дали ќе го откријат во блиска или далечна иднина). А и од она што го „сееше“, што го “просеа“ не се знае колку ќе остане за паметење.

(повеќе..)

Несериозна форма, сериозна содржина

септември 07, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Интересна информација на светски агенции од Авињон, Франција, каде што се одржува неформален состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ: тие се обложувале на исходот на американските претседателски избори на 4-ти ноември, но не е познато кој од двајцата кандидати добил повеќе гласови- републиканецот Џон МекКејн или демократот Барак Обама.

Лично мислам дека се договориле тоа да не се открива поради страв од можни „последици“.

(повеќе..)

Атрактивен, но не и маргинален настан

септември 06, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Започна уште една манифестација која ја прави „дискутабилна“ разликата или границата помеѓу значајноста и маргиналноста, особено кога станува збор за нашава земја, конкретно за туризмот воопшто, пред се транзитниот. За оние што не знаат: транзитниот туризам во секоја туристичка земја е мошне важен и се развива напоредно со другите, некаде дури и повеќе. Притоа тој не се разбира како „поминувачки“, „летечки“ и слично на тоа, туку како важен, можеби најважен дел на патувачкиот. Од мене толку како вовед и коментар.

За „транзитниот туристички“ настан што почнува денеска , а ќе заврши на Денот на независноста 8-ми септември:

Мотоциклистичката федерација на Македонија е покровител на мото релито „Македонија 2008-ма“ кое веќе стана еден од традиционалните настани од меѓународен карактер кај нас кој обединува голем број на мотоциклисти од цела Европа и светот. Годинава учествуваат околу 80-мина мотоциклисти од странство и 250-мина домашни вљубеници во мотори.

(повеќе..)

Заднината на „извозот на демократија“

септември 05, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Една „стандардна“, „вообичаена“ вест која (како таква) не предизвика поголемо внимание кај нас (па и во светот). Се работи за една од оние што само потврдуваат со децении позната работа, а „гласовите во пустината“ одамна никој не ги слуша. (Едно поради глувост, а друго оти нивните „сопственици“ се одамна пренесени жедни преку вода односно случајно начекана оаза). Всушност, за вест која не сакајќи го афирмира светското лицемерие, пред се на најмоќниоте земји во светот:

(повеќе..)