Subscribe

Archive for the ‘Петта страна на светот’

Нужно преиспитување

септември 16, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Успехот на македонската кошаркарска репрезентација на ЕП во Полска нужно наметнува преиспитување и промена на односот на спортските новинари, а и на публиката спрема спортот воопшто, посебно спрема оние што настапуваат под македонското знаме на меѓународни натпревари. Можеби не толку во оценките и критиките за нивните (не)успеси, некој ќе рече „толку им сече“, колку во создавањето на здрава, пристојна, коректна, конструктивна атмосфера наспроти еуфоричноста. Одамна е утврдено дека таа повлекува, понесува, па и однесува, заматува, поматува, го доведува нашето однесување до степен на губење на самоконтролата, во состојба кога не можеме да се (пре)слушаме себе си,  а камо ли да (по)слушаме други.

(повеќе..)

Томи Стефановски не направи подвиг со препливувањето на Ла Манш, туку значаен личен и македонски успех

август 14, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Тој е македонски примерен спортист, со бележити резултати и успеси во светски рамки. На 29 години ја заврши својата кариера со она што веќе се третира повеќе симболички- „круна“ на маратонското пливање. Во историјата ќе биде запишан како трет кој успеа да го преплива Ла Манш, по Нико Нестор во 1959-  та и Атина Бојаџи една деценија потоа. Со тоа заслужено се стекна со националното спортско признание, популарно наречено „спортска пензија“, што ја доделува Агенцијата за млади и спорт во соработка со Владата на Република Македонија. Признанието го доби од премиерот Никола Груевски. (повеќе..)

Манифестација и традиција: Охридски пливачки маратон

јули 18, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

На патеката „Климе Савин“, од Свети Наум до градското пристаниште, долга 30 км, се одржа традиционалниот 23- ти на ред меѓународен пливачки маратон, според многу нешта единствен, но и еден од повеќето во рамките на ФИНА- меѓународната пливачка федерација.

Пкровител беше претседателот на државата, Ѓорге Иванов, а пливачите се бореа за бодови и за вкупен награден фонд од 25.000 долари.

Охридскиот маратон има завидни резултати, особено на планот на врвниот професионализам во неговото одржување, но во последниве неколку години се почесто се заговараат промени, притоа задржувајќи ја „основната“ традиција. Впрочем, како и секоја друга, традицијата никогаш не значела и не значи еднакво „робување“ на формата и содржината, туку напротив, во рамките на формата секогаш или одвреме- навреме (но не според слободна проценка) да се менува, надградува, збогатува содржината. (повеќе..)

Неподнослива леснотија на живуркање

април 29, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

На оние што живеат и работат во главниот град на Република Македонија не им се потребни никакви истражувања за да „дознаат“ колку е тој наблаго речено несоодветен за живеење, колку е урбана средина во вистинската смисла на зборот. Сепак, кога во една традиционална, мошне компетентна светска листа Скопје ќе се рангира на 151-то место, од 215 во светот, некои од нив се задоволни од „златната средина“, но многу повеќе на број се оние што тоа им е „мошне блиску“ до последното. Особено кога за една година на листата „напредувал“ само за три места и кога ќе помисли дека, според се, е далеку од вистинска метропола. А има ни помалку ни повеќе, туку „цели“ 10 –мина градоначалници плус еден „координативен“.

Треба да се има предвид дека станува збор за рангирање според квалитетот на животот, а тој е одамна прецизно дефиниран, но не и доволно познат кај одговорните „фактори“ и неодговорните „трактори“.

(повеќе..)

Конечен биланс: 294 жртви настрадани во земјотресот во Италија

април 14, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Потрагата по преживеани по катастрофалниот земјотрес, кој во понеделникот ја погоди централна Италија, официјално заврши (пред два дена), а за италијанската и светската јавност остануваат бројни отворени прашања. Од нив најважното е секако предвидувањето и навременото предупредување на населението. Ова особено ако се има предвид дека земјотресот во Аквила го предвидел еден научник, а поради што бил казнет!

Последната жртва на потресот е еден 59- годишен маж кој за време на викендот починал в болница. Повредени се 1.170- мина луѓе, од кои 170- мина се наоѓаат во тешка состојба. 40.000 жители на областа останаа без покрив над главата, а се оштетени и десетина историски градби.

(повеќе..)

Симболот на Њујорк е првиот облакодер на светот што ќе стане „зелен“

април 07, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Вниманието на светската јавност го привлече веста дека е решено познатата висококатница Емпајер стејт билдинг, некогаш највисок на светот, да се реновира според еколошки стандарди, по што ќе стане пример за заштеда на енегријата.

Ентони Малкин, претседател на компанијата за недвижнини W и M, која е сопственик, вели дека технологијата што ќе биде употребена е замислена како модел за преуредување на други градби.

Во Њујорк има 900.000 солитери. Се смета дека за производство на енергија за деловни згради се создаваат 79% од вкупното количество на јаглен двооксид што настанува во овој мегалополис. (повеќе..)

Болест на развиениот свет: аутизам

април 02, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Одбележувањето на денов како Меѓународен ден на борба против аутизмот (резолуцијата е донесена на Генералното собрание на ОН во декември 2007- ма година) не значи само свртување на светската јавност кон оваа болест. Во последниве 20 години таа мошне интензивно се шири пред се во развиениот свет, па целта е да се поттикнат властите и здравствените стручњаци да го засилат ангажирањето во грижта и згрижувањето, како и изнаоѓањето на лекарства за превенција и лекување. Најзагрижувачко е тоа што аутизмот најмногу ја напаѓа најмладата популација- иднината на човештвото.

Болните од аутизам се околу нас, помеѓу нас, а се уште сме немоќни да ја спречиме, да се справуваме со неа. (повеќе..)

Македонската фудбалска мафија и УЕФА

март 26, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Обично секогаш почнува така:

Ќе се чепне еден случај, актерите во него привремено ќе успеат да го заташкатат, можеби ќе се чепне и заташка уште еден, ама нема „трета мајка“. Во меѓувреме „од околу“, дури сосема незабележливо, црно- белото клопче (всушност ептен зацрнето) токму затоа ќе почне да се одмотува, за на крајот да се зададе решавачкиот удар кој, пак, едновремено значи „иницијално жарче“ за распалување на „огнот“.

Токму како такво сценарио искрените (и наивните) вљубеници на „втората најважна работа на светот“ (се разбира не и кај нас; постои македонски професионален фудбал?; не знам, мислам дека „нешто“ има, ама нема врска со професионализмот)-  секогаш далеку од „спортските работници“, надвор од фудбалските кругови (фудбалери, тренери, управни одбори, судии, спонзори, спортски новинари…), со нескриена надеж и оптимизам ја слушнаа и прочитаа веста дека УЕФА ги обвинила претседателот и еден играч на прилепска Победа дека постапиле „во спротивност со принципите на интегритет и спортски дух“. (повеќе..)

Завршува скијачката сезона- познати најдобрите во Светскиот куп

март 14, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Големите мајстри на скијањето, како и во секој друг спорт, и не само во спортот, се, ќе останат и ќе заминат како големи. Најголемите, пак, ги повторуваат успесите, победуваат во континуитет, а неретко со победа и ја завршуваат својата кариера.

Продолжува доминацијата на големите скијачки велесили. Ако во некои спортови нема ништо случајно, па и изненадувањата не се „проблесок“, тоа се секако скијачките.

(повеќе..)

Евтаназија- да или не

февруари 10, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот 2 Comments →

Смртта на Елуана Енгларо уште еднаш предизвика жестоки расправи и определби за или против евтаназијата. Се вклучи и Ватикан, а „дојде“ и до државниот врв на Италија. Меѓутоа, прашање е дали ќе доведе до нови решенија- евентуално воведување односно прифаќање уште во некоја земја или и натаму ќе го „длаби јазот“, пред се помеѓу здравствените работници и организации.

Од земјите членки на ЕУ е дозволена со закон во Холандија и Белгија, во исклучителни случаи во Франција, а на крајот од минатата година во Луксембург е донесен закон, чие стапување на сила ќе уследи по подолга сложена судска процедура.

Во Република Македонија евтаназијата се уште не е еден од горливите или „модерните“ проблеми. Веројатно затоа што не постои конкретен случај што би го наметнал. Меѓутоа, не значи дека не треба навреме да се реши (по темелна расправа да се донесе законско решение). (повеќе..)

Западна цивилизација- Западна декаденција

февруари 10, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Долга низа на години, повеќе децении, уште од времето на кризата на идеолошката биполарност на светот до ден денес („модерен капитализам“ односно капиталистичи неолиберализам- самоуправен социјализам како „прва фаза“ на „модерен комунизам“; првпат ја поставувам оваа релација за која се надевам дека ќе најдам време и простор во посебен есеј да ја „разглобам“ што е можно потемелно и подетално- поконкретно), бројни современи филозофи, економисти, историчари, научници од најрзлични профили, аналитичари на општествените промени итн., промислуваат и укажуваат на сериозни тектонски, за човештвото судбински потреси што го доведуваат во прашање, го загрозуваат самото негово постоење. Едни тоа го нарекуваат „судир на цивилизациите“, други „доближување на Западот и Истокот“, трети „глобализам“ наспроти или напоредно со „регионализмот“ и „локализмот“, а не е мал бројот на оние што се подведуваат под еден „прост“ заеднички именител- „модерно време“.

Поводот за насловот и воведниве реченици на овој прилог е една мошне сериозна, загрижувачка криминогена појава во светот и кај нас, што е дел од некритичкото восприемање на се од развиениот западен свет, а против која токму тој свет веќе води жестока битка. Ние, во нашава земја (Република Македонија), со неа штотуку почнуваме да се соочуваме (со се почести откривања на „случаи“): педофилијата. (повеќе..)

И македонскиот ракомет боледува од синдромот „балканизам“

февруари 05, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

За синдромот „балканизам“ може и треба да се елаборира детално, но тоа ќе го направам во друг контекст. Овојпат е доволно да посочам на основното- поимното значење: тоа е израз создаден на Запад со кој божем се означува начинот и системот кој владее во јавниот живот на балканските држави и народи: безначелност, борба со недопуштени средства, измама, политички убиства, поткуп, страст за богатење, ползење кон повисоки, а грубост спрема пониските од себе. Уште ќе додадам дека терминот всушност апсорбира голем број на политички, идеолошки и културни фрустрации кои потекнуваат од тензии и противречности својствени на региони и општества надвор од Балканот, односно „другиот дел“ на Европа (бидејќи Балканот е не само географски дел од неа).

Иако за она што сакам да го потенцирам „балканизам“ е можеби преостро именување, сепак „тоа е тоа“, со акцент на борбата со недопуштени средства и ползење кон повисоки, а грубост спрема пониските од себе. Што, пак, логично, ги следат скандали. (повеќе..)

Грозоморен масакр

јануари 24, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Како може да се објасни масакрот што го направи 20-годишен Белгиец во една градинка во гратчето Дендермонд? Особено откако се утврди дека не избегал од психијатриска клиника, ниту, пак, бил под дејство на алкохол или наркотици? Па уште и без никаква грижа на совест го признал делото, но не ги објаснил мотивите за монструозниот чин?

Белгија не е Америка, каде што често се случуваат слични злосторства кои, меѓу другото, ја потврдуваат општествената асоцијалност и деструкцијата. Таа е земја на сочувани колективни и индивидуални вредности (индивидуалитет), во која граѓанската свест и совест, конкретно општествената заштита е многу поразвиена. Сепак, и таа е дел од западната „цивилизација“. (повеќе..)

Најдобар спортист во Европа во 2008- ма: Рафаел Надал

декември 27, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Титулата најдобар на „стариот континент“ помеѓу сите спортисти, од сите спортови, е сигурно една од највредните и најласквите. За да се добие е потребно навистина многу. Не само најдобри резултати, постигања во својот спорт, туку и по нешто од сите најдобри во другите спортови. Што е, што може да биде тоа?

Што е тоа што ги определило спортските новинари од 17 национални новински агенции во Европа титулата годинава да му ја доделат токму на шпанскиот тенисер Рафаел Надал? Се разбира, сосема заслужено, но…

Можеби треба најнапред да се обидеме да го дефинираме најдобриот спортист во „својот“ спорт. Тешко? Не, ништо полесно: најдобри резултати, рекорд(и), освоени титули (европски, светски првак), најмногу први места на турнири… (повеќе..)

Тежок пораз на италијанската мафија

декември 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Веќе две- три децении италијанската мафија не е она што беше- најсилната, најорганизираната и највлијателната на светот (врз политиката, економијата итн.). Приматот го презеде албанската, на која не може да и „конкурира“ ниту колумбиската нарко- мафија, особено не во однос на внатрешната организација, хиерархиската поставеност и исплетената полит- бизнис- олигархиска мрежа, во која, се разбира, го води главниот збор (во името на „сеалбанството“). Италијанската стана „регионална“, а е на „добар пат“ да се сведе и на „локална“ (растурена, неповрзана) со оглед на исцрпеноста во постојаната борба со власта односно полицијата- популарните карабињери. (повеќе..)