Subscribe

Archive for the ‘Петта страна на светот’

Смртоносната еширихија коли „излегла“ од фарма за органско производство

јуни 10, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Сепак, „приказната“ за опасната бактерија, која досега усмрти 29-мина, а зарази 3.000 луѓе во повеќе европски земји, не е завршена, особено откако се појавија сомнежи на експерти- форензичари дека е таа намерно произведена и проширена.

(повеќе..)

Како можеше да промаши?!

мај 22, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Харолд Кемпинг не е кој било. Тој има 89 години, пензониран инженер е и има изградено мултимилионско медиумско царство.

Во изминатите неколку месеци испраќаше свои следбеници да ја обиколуваат Земјата, да ја делат Библијата и да закачуваат билборди со предупредување за „судниот ден“, емитирајќи ја својата порака дури на 71 јазик!

Да не го „предадоа“ годините?

(повеќе..)

Замина за да се врати: Саи Баба

април 26, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Најпознатиот индиски гуру и индиски духовен лидер Саи Баба умре на 85 години (24.04.) во болница поради проблеми со срцето. Во соопштението на неговите лекари се вели дека тој физички го напуштил овој свет, а неговата здравствена состојба била критична повеќе од три недели.

(повеќе..)

За паметење: 25 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

април 26, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Во Украина е одбележана 25- годишнината од нуклеарната катастрофа во Чернобил. Украинскиот претседател Виктор Јанукович и рускиот патријарх Кирил беа помеѓу високите лица кои им оддадоа почит на жртвите од нуклеарната несреќа со богослужба и полагање на венци.

На церемонијата присуствуваше и рускиот претседател Дмитриј Медведев, кој учествува на тристраниот состанок со претседателите на Украина и Белорусија

(повеќе..)

Денеска уште еден природен феномен

март 19, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Месечината, најголемиот природен сателит на Земјата, ќе биде  најблиску во последните 19 години. Таа вечер ќе биде посјајна од вообичаено, зашто според астрономите влегува во „лунарен перигеј“.

Овој феномен ќе може да се посматра со голо око, а околу 20 часот Месечината ќе биде толку блиску што ќе биде можно да се гледааат нејзините планини и кратери.
(повеќе..)

Здодевно „Оскарување“

март 01, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Освен што не донесе поголеми изненадувања, годинашново доделување на наградите на Американската филмска академија според многумина потврди дека веќе го изгуби сјајот на врвна и неприкосновена вреднувачка и славеничка манифестација.

(повеќе..)

Климата го возвраќа ударот

февруари 10, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Секојдневно следиме вести и информации за невреме,  снежни бури, урагани, земјотреси…

Дали долгонајавуваната предупреда дека е „последен миг“ светот да стори нешто за натамошниот сопствен опстанок, за повторно враќање на климатската рамнотежа  веќе не важи? „Мигот“ помина, та катаклизмичките промени на климата, како нејзино возвраќање на ударот, веќе започнаа? Не е ли ова „почеток на крајот“?

(повеќе..)

Уште една независна „контра“ на македонската опозиција

јануари 25, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Таа секојдневно преку своите медиумски трабанти ја бомбардира јавноста со своите „експертски“ анализи, проценки и оценки дека животот во Македонија од ден на ден станува се полош, посиромашен, граѓаните тонат во беда („а Владата на Груевски немилосрдно ги троши нивните пари“). Не ја „обесхрабруваат“ ниту оценките на Светската банка и ММФ, ниту на домашните бизнисмени, ниту потезите на НБРМ (намалувањето на каматните стапки) со кои се следи тековното релаксирање односно очигледното постапно  подобрување на економската состојба во земјава, а по излегувањето на светот од економската криза.

(повеќе..)

Залудно изгубени години или…

јануари 18, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Се сеќавате на Мехмед Али Агџа? Да, тоа е човекот кој беше осуден на затворска казна од 30 години поради обид за атентат вез папата Јован Павле Втори на плоштадот Свети Петар во Рим, во 1981-ва година. Тој денеска е ослободен откако одлежа 10 години, а многу прашања остануваат отворени, од кои најважното: кој бил мотивот и дали го извршил сам или, пак, се работи за поширока завера со скриени, само претпоставувани цели?

Дали е „најточно“ објаснението дека Агџа е ментално пореметена личност која има убиствени пориви, со оглед дека претходно убил турски новинар? Ако е, тогаш не е ли опасно неговото ослободување (латентна опасност од нови убиства)?Ако, пак, не е ментално болен, зошто е држан в затвор 10 години, особено кога ќе се земе предвид дека во 2000-та година беше помилуван на барање од папата?

(повеќе..)

„Нестандардни“ настани во светот

јануари 04, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Иако настаните не може прецизно да се разграничат на „нестандардни“ од „стандардни“, односно така аргуметирано да се „дефинираат“, сепак постојат- се случуваат некои што можат да се издвојат како такви. Пред се поради неочекуваноста, нередовноста, случајноста, па и бизарноста.

Од денешните настани во светот издвоив неколку такви: во Хелсинки (Финска) еден воз удрил во хотел, во Шпанија се откриени 100 килограми кокаин во продавница во пакети со банани, во Прага некој (се уште не е откриен) гаѓа автобуси со непознат предмет, а во Дубаи е свечено отворена највисоката зграда на светот.

(повеќе..)

Секое јавно обвинување мора да се провери- истражи и јавно да се потврди или отфрли

декември 04, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Најновото од многуте досега (за жал, најголем број премолчени или забошотени) е поврзано со големата проневера во Телеком, а го изрече јавно еден од поранешните директори на „Мактел“: дека поединци од поранешни владини гарнитури на големо профитирале од Телекомот за да и обезбедат на компанијата монопол на пазарот и повластени закони.

Обвинението е мошне сериозно. Не толку оти го дава еден од оние кои сигурно „многу знаат“, колку поради адресите на кои е тоа „упатено“. Неименувањето е само оставен простор за проверување- истражување. Доколку се премолчи или забошоти само ќе ги „потпали“ манипулациите и шпекулациите. А тоа во рамките на актуелната меѓународна истрага сигурно ќе и наштети и на Република Македонија, ќе ја разниша позитивната оценка за борбата против криминалот и корупцијата.

(повеќе..)

Време за Курбан Бајрам

ноември 27, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Станува збор за најзначаен муслимански празник кој доаѓа два месеца и 10 дена по рамазан, а се празнува 5 дена.

Татковците и мајките богато ги даруваат своите деца и најмладите роднини, а жените подготвуваат богата трпеза за гостите.

Бајрам се дочекува во домовите, а в зори муслиманите одат во џамии на сабах- намаз, го чекаат излегувањето на сонцето и клањаат бајрам- намаз. Потоа следи честитање, па заминување на гробишта и враќање во домовите каде што се подготвува за жртва Курбан (колење-жртвување), најчесто овца, а според правилата на шеријатското право. (повеќе..)

Пандемискиот А Х1Н1 и во Македонија

ноември 13, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Очекувано и најавувано, што ќе рече и напордно долгорочно подготвување за соочување и пренетивно- лекувачка битка, деновиве тн. свински грип почна интензиво да се шири и во Република Македонија. Се регистрираат се повеќе случаи на заболени дневно, а граѓаните се се повеќе загрижени, особено поради фактот што почесто се зааразуваат младите.

Самоиницијативноста во преземање на чекори за лична заштита е в ред (на пример носење на маски), но бидејќи се работи за специфичен односно нов вид на грип (првото појавување е забележано во 50- тите години на минатиот век) сепак треба внимателно да се следат  упатствата и препораките на одговорните и стручните. Особено треба да се води сметка да не се предизвика паника, а за што првенствена обврска имаат медиумите. Не оти нема место за неа (ширењето штотуку започна, па ќе биде се побрзо во наредните денови и недели), туку оти може да предизвика дополнителни проблеми и последици.

(повеќе..)

Обама и надежите на американските Индијанци

ноември 06, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Обама е надеж и за индијанските племиња  во САД. За разлика од поранешните претседатели, тој им вети не само дека „нема да бидат заборавени во Белата куќа“, туку конкретни програми со издвоени значиутелни средства за нивна реализацја.

Овој месец во САД е прогласен за Месец на културата на американските Индијанци.

(повеќе..)

Истрага против 30- мина американски конгресмени

октомври 31, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Петта страна на светот No Comments →

Допрва ќе се види која е „силата“ на овој најнов „конгресменски земјотрес“. И досега имало тн. етички истраги, но некои построги санкции не се применети. Освен пишување- испраќање на приватно писмо (до „истражениот“ или неговот застапник) со ослободителна „содржина“ или со строг укор.

Можно ли е нешто слично кај нас, во рамките на „сестраниот развој на демократијата“, макар резултатот да биде не писмо (не е популарно), туку СМС порака преку мобилен?

Засега „немат шанца“. Не затоа што немаме парламентарци кои„заслужуваат“ да „паднат“ под истрага (пробајте да ги изброите според лична слободна проценка невините „ѓоа јагненца“), туку оти не е можно да се формира истражно тело какво што е американскиот Етички одбор на Претставничкиот дом. (повеќе..)