Шармантната и крупната Бакојани
Многумина со посебно внимание, па и респект слушаат, дослушуваат, следат и анализираат се што ќе поткаже и докаже министерката за надворешни работи на Данајската Република (за други позната како Грција), Дора Бакојани. Веројатно импресионирани од нејзината „големина“ (како министерка на „голема“ земја), но и од нејзиниот шарм и убавина (првото повеќе од второто- премногу е, брате, крупна, па и некако нападна, мажествена). А мене лично ми се се позабавни, смешни, неретко и инфантилни нејзините изјави и пораки. Се разбира, пред се оние упатени до македонската „страна“. (За друго многу и не слушам и не читам од неа, а сум забележал дека во друштво со „големоевропските“ е прилично молчалива, повлечена, ми изгледа поприлично инфериорна.)

Во интервју за „Франс 24“, грузискиот претседател Михаил Саакашвили ја обвини Русија дека го лаже светот оти ја повлекува војската од Грузија:
Токму кога длабоко се загрижив дека СДСМ е во нокаут (нок-аут: од англиските зборови knock- удар и out- угасен, исфрлен од игра), односно дека од ударите на противникот (ВМРО-ДПМНЕ) тој е паднат, изнемоштен и веќе му се одбројува 10-тата (политичка) секунда, а не може да се крене и да ја продолжи битката, уште повеќе ме онерасположи, просто ме дотепа, ми го уништи и оној мал оптимизам оти сепак “битката е изгубена, ама борбата се уште не“, Г-нот Никола Поповски, поранешен висок функционер на СДСМ (сега не знам ниту дали е низок).
Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски даде интервју за грчкиот весник „Елефтеротипија“, во кое прецизно и јасно, со многу аргументи и факти, одговара на низа провокативни прашања, а кои читателите на весникот ги остава во многу недоумици и дилеми. Сигурно кај многумина ќе помогнат и за промена на досегашните наци-фашистички ставови, континуирано наметнувани од нивните политичари и владетели.
Токму така, по најавата за привршување на „размислувањето“ дали ќе се кандидира или не на следните претседателски избори во Македонија (се „работеше“ за 1%), тој го потврди она што никого не изненадува. Всушност, станува збор за изнудена, единствено логична и последична одлука.
Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, се поотворено се става на страната на Атина, што не е ништо друго освен слабост- подлегнување на притисок, но секако и интерес (поширок- „натовски“, а можеби и личен). Се забележува и негово нервозно реагирање кога треба да кажува или објаснува за консензусот во Алијансата, а всушност условувањето на една земја- членка која според стандардите и не е баш „натовска“.
Во близина на бугарската престолнина Софија одекнаа силни експлозии. Детонациите се случиле во воен магацин за уништување на муниција во селото Челопечене.
Новата институционална криза, предизвикана со неприфаќањето на Лисабонскиот договор од страна на Ирска, се наметна како едно од главните прашања со кои ќе мора Франција да се справи за време на 6-месечното претседателствување. Од друга страна, таа смета на сигурен успех во другите клучни области.
„Моите реакции во интервјуто беа принципиелни и мотивирани од интересите на државата и граѓаните. Искрено жалам ако повредив чувства на оние во оваа професија кои професионално ја вршат својата работа и се вистински репрезенти на слободното и професионално новинарство. Жалам што ги повредив чувствата и на оние на кои се однесуваше мојата изјава, малкумина, кои се надевам дека моите забелешки ќе ги прифатат најдобронамерно и во функција на заедничките цели” – вели мандатарот во писмената изјава.






