Archive for the ‘Извлечено-Подвлечено’
ноември 25, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →

Ќе има ли промена во ставот на САД во врска со проблемот кој го има Данајската република (Грција) со името (не уставното) на нашава земја, по стапувањето на сцена на новиот претседател Барак Обама и неговата администрација? Уверувањата се дека не треба да се имаат никакви дилеми, бидејќи американската надворешна политика е констатнтна и конзистентна, а меѓу другото за неа би било и несериозно да ја менува со секое менување на власта (без оглед на моќното грчко лоби?).
Не се работи за дилема или стравување, туку за реално очекување, дури неминовност: промена сигурно ќе има, веќе има, но се разбира не „радикално свртување“. И тоа како притисок Република Македонија да прифати промена на име (дури и „некомпромисно“?), а за идентитетот… па и тој, како и се друго, според американското „гледање на нештата“, е колку комплексен, толку и „флексибилен“. (повеќе..)
ноември 19, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Во криминологијата, конкретно типологизацијата на криминалот, постои религиозен криминал, но тој е нешто сосема друго од криминалот во кој е очигледно вмешана МПЦ, од криминалното досие кое сигурно нема уште долго да биде отворено. Религиозниот криминал (современиот, од нашево време) најчесто се поврзува со религиозниот фундаментализам или со религиозната индоктринација, нерелигиозното дејствување на религиозни групи односно секти и сл.
(повеќе..)
ноември 02, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Што му се случува на времево? Не мислам на нашево денес, ниту на денеска, на вчерашното- на часовното, туку на неверојатниве и неподносливи високи температури што деновиве ја зафатија Република Македонија и поширокиот регион. Во ноември толку силно сонце, 25 степени…
Да, знам дека не е првпат, во изминативе години и децении имало дури и повисоки (до 29 степени), ама сепак изненадува. Особено ако се имаат предвид последиците по здравјето. Вакво време, во овој период од годината, „душа дало“ за вирусни инфекции, за снеможење на хронично болни. Навистина „незгодно“ време кое според некои прогнози може да биде уште „понезгодно“. Особено претстојнава зима. (повеќе..)
октомври 26, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Дали зад последните убиства односно терористички акти стои организирана политичко- олигархиско- криминогена група со цел дестабилизација на Хрватска што ќе ја оддалечи од евро- интергацијата? Ако се имаат предвид не само тие, туку и мафијашкиот бизнис кој е навлезен и во најниските структури на власта и политиката, како и оценките и жестоката реакција на претседателот Месиќ и премиерот Санадер, состојбата се драматизира и се чини дека ја достаса кулминативната точка.
Засега не се воведува вонредна состојба во државата, но, како што потенцира премиерот, се воведува во органите директно задолжени за внатрешната безбедност. (повеќе..)
октомври 16, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Во Астана, Казахстан, се одржува министерска конференција на западните и муслиманските земји „Заеднички свет: Прогрес низ различности“.
По дебатите организирани во две сесии, министрите за надворешни работи и високи претставници од 30-тина земји ќе потпишат заедничка декларација со порака за поголема толеранција и за зачувување на мирот и стабилноста во светот.
(повеќе..)
септември 17, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Вознемирувачка- загрижувачка изјава на Дмитриј Медведев за оние што внимателно ги следат и анализираат геостратешките придвижувања, поместувања, преместувања, прераспоредувања итн., а кои со светската економската криза добиваат и се повеќе ќе добиваат на интензитет:
Рускиот претседател им наредил на своите службеници да подготват нацрт- закон со кој би се одредиле границите на Арктикот. Притоа не навел каде точно би требало да се наоѓаат тие, но е веќе познато дека Русија смета оти полага право на голем дел од неговата територија. (повеќе..)
септември 14, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Од интервјуто на македонскиот премиер Никола Груевски за РАИ:
„Грција еднаш веќе ни наметна неформална блокада во јуни годинава, кога Република Словенија за време на нејзиното претседателство со Европската Унија успеа од страна на сите земји- членки да обезбеди поддршка за почнување на преговорите до крајот на годинава, а Република Грција побара да не се понуди заклучокот со таква содржина до Европскиот совет.
Тоа значи дека Република Грција еднаш веќе ја блокира Република Македонија, па сосема веројатно дека ќе ја блокира повторно, злоупотребувајќи ја својата позиција во ЕУ и девалвирајќи ја можноста и потребата од консензус помеѓу земјите- членки при донесувањето на одлуките“. (повеќе..)
септември 11, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Институтот за демократија во изминатиот период спроведе две телефонски анкети: кон крајот на август и на почетокот од септември за испитување на перцепциите на граѓаните за политичките партии во Македонија, за лидерите на политичките партии, како и за неколку актуелни политички прашања во моментов, а на почетокот од септември за влезот на Македонија во НАТО.
(повеќе..)
септември 10, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →

Проблемот што го има Данајската република (според некои Грција) со името на нашава земја (а не „разлики во ставот за името“) од ден на ден станува неразбирлив за се повеќемина видни личности, пред се интелектулаци и политичари, но и за земјите „во целина“ (власта и народот). За нас одамна осознаен (во неговата суштина), а за нив со оглед на сојузништвото (ЕУ и НАТО) и долгогодишното пријателство и соработка (ЕУ, НАТО, САД). Притоа е се помалку нужна вештината на читање „помеѓу редови“. Ставовите како пораки им се упатуваат на „двете страни“, а всушност на онаа што му задава „главоболки“ на светот со своето данајство (за него имам пишувано и на овој сајт, постои објаснение и на „Паноптикум“, а може да се сретне во која било општа енциклопедија).
Два „најнови“ става- едниот „државен“, другиот на авторитетна европска личност:
(повеќе..)
септември 09, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Што се случува со и во Авганистан? Можно ли е наскоро војната да заврши? За ослободување ли беше таа односно е од Талибанците? Уште ли се „живи“? Се уште не капитулирале? Толку да се „жилави“, та се уште успешно се борат против Американците и меѓународните сили односно НАТО? Во што учествуваат и наши, македонски „мировници“?
(повеќе..)
септември 04, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
„Земја која излегува на две мориња не треба да се грижи за својата иднина“. Ви звучи познато? Да не беше нешто слично со младина во едно сега веќе прилично далечно југословенско минато („Земја која има таква младина…“)? Звучи, ама не е од минатото, туку е денес, а допрва ќе важи, ќе се докажува во (ептен) блиска иднина.
Да, станува збор за Албанија која е веќе денес едно големо „светско“ градилиште, а од ден на ден ќе станува се поголемо и поголемо. По некоја година, не повеќе од деценија (доколку не се случи нешто „ретроградно“) оваа земја ќе стане водечка економска сила не само на Западниот Балкан, туку и пошироко во регионот, па и помеѓу водечките во Европа.
(повеќе..)
септември 03, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Дали Грузија е жртва на Западот, а Саакашвили жртвуваниот пион во „шаховската игра“ со Русија? Судејќи според развојот на ситуацијата по завршувањето на конфликтот и повлекувањето на руските трупи од грузиска територија, како и се она што се случи и се случува во меѓувреме, се чини дека станува збор за уште една неуспешна проверка на „степенот на разбуденоста“ на Русија од страна на САД преку Грузија. ЕУ во тоа е само епизодист, „страничен играч“ кој трча на средината на теренот и по аут линиите, и тоа без да гледа каде се наоѓа „топката“ (во „игра без топка“ толку се „извешти“ што на неутралната публика воопшто не и пречи оти не знае и не може да даде „гол“; меѓу другото и затоа што не знае кому).
Првата „мошне непријатна“ работа за САД (за почетокот на новата Студена војна?), но и за ЕУ која се обиде преку Франција (претседавач) со оној „за жалење“ Саркози пак да одигра „без топка“ и да даде „гол“, беше оценката на набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа- ОБСЕ. Тие соопштија дека Грузија ја има вината за избувнувањето на кризата во Кавказ.
(повеќе..)
август 30, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Премиерот на Русија Владимир Путин во две интервјуа изјави дека е сигурен оти брзо ќе се докаже која страна е виновна во конфликтот помеѓу Русија и Грузија. Веќе почна да се докажува: тоа е Грузија.
При посетата на рускиот Далечен исток, во интервју за ТВ каналот „Русија“ Путин рече дека вистината за ситуацијата околу Јужна Осетија е на страната на Русија која постапува во рамките на моралното и меѓународното право, а во меѓународната ситуација во врска со тоа прашање има „многу емоции“:
(повеќе..)
август 28, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Не предизвикува потсмев и смеа само претседателот на Франција Никола Саркози со свои изјави и однесување како „европски и светски“ лидер (Берлускони на тој „план“ е „поприфатлив“). Како таков, но во „помала мера“, се искажува и покажува и шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер. Неои негови „интересни“ потези и изјави паметиме и кога работеше „во името“ на ЕУ на Косово.
Неговиот најнов (сигурно не и последен) „бисер“ е „размислувањето“ на Европската унија (ЕУ) за воведување санкции против Русија, а во врска со кризата на Кавказот. Кушнер, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, посочи на прес конференција во Париз дека „во тек е постапка на разгледување санкции и многу други средства“.
(повеќе..)
август 24, 2008
By: Димитровски Љупчо
Category: Извлечено-Подвлечено
No Comments →
Во текстот посветен на Дора Бакојани (објавен пред некој ден на оваа web страница) ги оценив како весели односно за смеење (ступидни, инфантилни, инфериорни…) нејзините изјави и оценки во последно време, а во врска со проблемот на нашиот јужен сосед со името на земјава. Меѓу другите, со таква, „соодветна“ оценка ја регистрирав и нејзината реакција за „активирањето“ на тн. двојна формула од страна на Груевски.
Да потсетам, таа изјави дека македонскиот премиер „прави сериозна грешка и сноси одговорност за каква било пречка во преговорите, и пошироко, за евро- атлантскиот курс на државата“.
(повеќе..)