Subscribe

Archive for the ‘Извлечено-Подвлечено’

Предупредување и оправдување

јули 04, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

(20.03.2007)

Предупредувањето на Шефер дека постои реална закана за ракетен напад на Европа изненади многумина, но во меѓувреме сомнежите се потврдија: дека зад тоа се крие оправдување односно поддршка на планот на САД да изгради систем на ракетна одбрана на европско тло, а на што жестоко реагира Русија.

(повеќе..)

27. март- Светски ден на театарот

март 28, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Во својата годишна порака по повод Светскиот ден на театарот 27. март Џесика А. Кава, артистка, режисерка и активен хуманист од Уганда потенцира дека и покрај свеста за моќта на театарот молчиме и им дозволуваме на владетелите на оружјето да бидат нашите чувари на мирот:

(повеќе..)

Целосна слобода на знаењето

јануари 15, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Слободната интернетска енциклопедија Wikipedia денеска во целиот свет прослави 10 години постоење.

Со желба да се продолжи проектот под назив Nupedia, кој не успеа поради тоа што процесот беше премногу комплициран (текстови можеа да објавуваат само стручњаци од одредени области, а минуваа низ неколку фази на одобрување), Џими Велс ја формира Wikipedia.

(повеќе..)

Во преговорите за „спорот“ за името ништо ново, освен се поголем притисок врз Македонија, па и закани од „меѓународниот фактор“

јануари 25, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Може ли пролонгирањето- одолговлекувањето на решението за „билатералниот проблем“ за името на Република Македонија да предизвика меѓуетничка дестабилизација во земјава? Не е невозможно! А кој би ја иницирал, „режирал“? Кој друг, ако не „меѓународниот фактор“?

Сепак, многу е пореално дека се ќе остане само во рамките на притисокот што побрзо да се изнајде компромисно решение- ново име, со „поголемо попуштање“ на земјава.

(повеќе..)

Наоѓање на половина од погрешен пат?!

јануари 04, 2010 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Блокадата на Грција во Советот на Европа- Република Македонија да не добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, не е за краткорочна, туку за долгорочна „употреба“.

И годинава, можеби и во наредните неколку, на јужниот сосед воопшто не му е од интерес да го надмине проблемот што си го создаде. Ниту со помош на сојузниците во ЕУ и НАТО, ниту со посредство на ОН, а најмалку, пак, да си дозволи помош од Република Македонија.

Едно поради економската „катаклизма“ што и се случи и допрва ќе и се случува, друго поради внатрешен национален консензус (опасно е во севкупната мошне напната економско-социјална и политичка ситуација да се гази преку „црвената линија“), а трето, можеби најважно, е оти на меѓународен план на Грција и претстојат многу покрупни проблеми  кои веќе не ќе можат да се ставаат „под“ ќилим- улогата на Балканот (како да се биде лидер во неговото европско интегрирање), прикзнавањето на националните малцинства  во земјата и нивните права, кипарското прашање, воопшто односите со Турција…

(повеќе..)

Успесите во културата од исклучително значење за Македонија

декември 28, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Министерството за култура на Македонија е секако едно од најуспешните во 2009-та, со многу реализирани значајни проекти, со несомнени вредносни димензии и перспективи. А судејќи според најавите за 2010-та, нема сомнение дека ќе се продолжи со исто, ако не и поголемо темпо.

Забележливо е дека дури и опозицијата, за која важи „Владата ништо не прави, не ја бидува и затоа се е катастрофа“, нема забелешки односно молчи пред она што претставува континурана интензивна работа и врвни културни достигнувања.

(повеќе..)

Западниот Балкан и ЕУ за време на претседателството на Шпанија

декември 15, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Дали и колку е проблематична европската перспектива на Западниот Балкан за време на претседателствувањето на Шпанија со ЕУ? Таа е европска и не може да биде поинаква, како што не е спорно дека ќе донесе стабилност не само на регионот, туку и на Европа и светот, па затоа од суштинско значење е токму ова прашање.

Дури, доколку се има предвид фактичката состојба (единствено Хрватска е блиску до членство- ги реализира завршните преговарачки поглавја), прашањевоможе да се сведе или концентрира на Република Македонија, односно одредување на датумот за почеток на пристапните преговори за нејзино членство во ЕУ. Имајќи го предвид ова, не е многу оптимистички ставот на новиот 6-месечен претседавач со ЕУ од 01.01.2010. година.

(повеќе..)

Амбасадор „ѕвездочитач“

ноември 06, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Изјавата на шведскиот амбасадор Ларс Фреден, чија земја е претседавач со ЕУ, искажа очекуван и „евростандарден“ став во врска со решавањето на проблемот што го има Грција со името на Република Македонија. Со една интересна „додавка“: ги искажа своите „ѕвездочитачки способности“. Со едно отворено прашање: дали прочитал дека звездите и се наклонети и на Грција, бидејќи проблемот е „билатерален“, а мора да се најде заедничко компромисно решение?

(Повторувам по којзнае кој пат: таа нема проблем со уставното име, туку со името „Македонија“, а што е дел од комплексноста на идентитетот на македонскиот народ. Нејзината „црвена линија“ е географска одредница на уставното име за севкупна употреба, а посакуваната е „Република Северна Македонија“.) (повеќе..)

Отстапките се неопходни од двете страни

октомври 31, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов даде интервју за Би- Би- Си во кое повторува познати ставови (константа) за проблемот на Грција со името на земјава, но и дава попрецизнин ставови за суштината на нужното компромисно решение (фер и разумен компромис).

Некои медиуми (тенденциозни, блиски на опозицијата) одговорот на прашањето во врска со референдумот го оценија како промена на неговиот став, иако по ништо не се разликува од досегашните искази. Можноста за „друг начин како да се дојде до одлука“ не е промена, туку само „логика“ по решение „со кое мнозинството ќе биде задоволено“.

(повеќе..)

Пратеничко „ни срам ни перде“

август 07, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Не е првпат пратениците (во друг- претходен состав) во некој „необичен“, па и клучен момент да го покажуваат сопственото бесрамно лице кога станува збор за личниот интерес, односно за нивните привилегии. И она што им е „пропишано“ се разоткрива како „ненормално“, а пред се недостојно- недостоинствено, па и нелогично и смешно.

Договореното- да се донесат трите закони што ги бара Брисел за Република Македонија наесен да добие позитивен извештај од Европската комисија и препорака за почеток на преговорите со ЕУ- ќе биде испочитувано? Којзнае. Не поради бараните привилегии од кои брзо се откажаа сите, сите „мијат раце“ иако им се одамна извалкани (со многу други нешта- се разбира, секоја чест на исклучоците), туку поради познатиот партиски „лов во матно“, а поради кој земјава е каде што е и којзнае уште колку ќе биде. Веќе не „ни ваму- ни таму“, туку „некако близу до никаде“.

(повеќе..)

Обама ги „размрдува“ светските политичари

април 14, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Токму како размрдување „Гласот на Русија“ го пренесе реагирањето на светските политичари на повикот за нуклеарно разоружување (обнова на СТАРТ). Меѓутоа, истото може да се однесува и на некои конкретни потези на внатрешно- економски (американски) односно надворешен економско- политички план, како што е укинувањето на дел од ембаргото спрема Куба.

Неспорно е дека не само САД, туку и светот во Барак Обама доби политичар од нов, модерен „ков“, какви што му се потребни на светот во овој 21- ви век. (повеќе..)

За евробирократската глупост

април 02, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Нема голема, средна, мала глупост, ниту за смеење, потсмевање, одбивање, игнорирање. Според сушноста, таа е немерлива односно бесконечна, но најважно за неа, како што потенцира еден учен, е дека секој поединец може навистина да биде глупав, но глупоста како резултат е тимска работа. Можеби е поважно дека е грев, а најважно тоа што и во минатото и денес, како што забележал за сите времиња Шопенхауер, во светот главно царува злото, а главен збор има глупоста.

Сепак, кога слушам, гледам и следам што се случува со глупоста која мошне често, да не речам секојдневно излегува од „главите“ на евробирократите, особено на оние во Брисел кога станува збор за „случајот БЈРМ“ (оригиналната глупост што „милозвучно“ е наречена „референца“ е FYROM), некако најпогодна е онаа на Сенека: „Помеѓу другите неволји, глупоста ја има и оваа особина- секогаш се повторува“.

Најновата од евробирократските „глави“ во Брисел е замената на терминот „македонски“  и меѓународниот код „МК“ со „да се дефинираат“! (повеќе..)

Важна победа на и за Република Македонија

март 23, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Оценката за организацијата на првиот круг од парламентарните и локалните избори, пред се на ОДИХР во прелиминарниот извештај- дека се исполнети повеќето од меѓународните стандарди за демократски избори, е мошне значајна за Република Македонија, но не е и неочекувана. Притоа, да повторам, воопшто не се работи за „испит на зрелоста“, како што ги означија некои медиуми и политичари (не ни помислувајќи дека со тоа својата држава ја ставаат во понижувачка, „незрела“ позиција; како досега да сме ја учеле демократијата оти не сме ја знаеле, па сега „испитна комисија“ ќе ни го проверува наученото), а тенденциозно и некои бриселски полит- бирократи, туку за нужност од потврда на демократските вредности и капацитети на македонското општество воопшто, на граѓаните на Македонија, власта и политичкиот естаблишмент.

Сите досегашни организирани избори, од осамостојувањето на Република Македонија, беа нерегуларни, нефер и недемократски, иако особено политичките партии на власт, како најодговорни, секогаш најавуваа и ветуваа дека ќе бидат такви (еден екс премиер ги назначи „скандинавски“). Со инциденти, нереди, употреба на огнено оружје, дури ранувања и убиства, незаконско гласање- семејно, полнење на гласачки кутии итн. Не затоа што Република била демократски „незрела“, туку единствено поради сметките и пресметките на партиите и нивните елити и во позицијата и во опозицијата, кои гласачкото тело го сметаа за „тесто за месење“. Веројатно и овојпат ќе имаше нешто од тоа доколку меѓународниот фактор, пред се „главната дипломатија“ во земјава (предводена од ЕУ и САД), не ги презеде работите во свои раце, во оној дел што не зависи од власта и нејзините законски обврски. Ги „притегна“ партиите, нивните лидери, не им даде ниту да „здивнат“, а камо ли да помислат да  „мрднат“ од вообичаените демократски изборни стандарди. (повеќе..)

1- ви март- Ден на Полкот за специјални операции (пСО) на АРМ

март 02, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Денеска (2- ри март) во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа свеченост на која присуствуваа претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили Бранко Црвенковски, министерот за одбрана Зоран Коњановски, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, претставници од Владата и Собранието, како и воени аташеа акредитирани во државава. (повеќе..)

Дежа ву ( Deja vu ) и делумно реализирано

февруари 05, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Извлечено-Подвлечено No Comments →

Не знам зошто градоначалникот на Софија Бојко Борисов е моментно најпопуларен политичар во Бугарија (си знаат Бугарите), ама знам дека воопшто не е оригинален или „свеж“ кога се работи за неговите погледи и ставови спрема Македонија. Без оглед што тоа самиот го признава. И знам дека таквите политичари не се и не можат да бидат ниту „маалски“, а камо ли „европски“.

Се разбира, не мислам на „европските ставови“ на Бугарија спрема „македонското прашање“ (во „пакет“ со данајските односно грчките), што уште сега тој ги повторува како папагал, туку на веќе видената и, за среќа, се уште делумно реализираната освојувачка- агресивна стратегија и тактика на Атина. (повеќе..)