Subscribe

Archive for the ‘Економикс’

Самитот на Г- 20 во Лондон- историски или не

април 02, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

За еден настан или случување, во случајов договорен состанок на лидери на 20 највлијателни земји на светот, да се оцени како историски (со најава како таков според очекувањата, а особено веднаш по неговото завршување според донсените заклучоци односно решенија) е нужно тој да се анализира и процени едновремено и од сегашна- моментна и од перпективна гледна точка. Се разбира, со вообичаената резервираност во однос на времето и просторот на дејствување, опфатот и динамиката на промените, како и значењето за сушноста и опстојот на човековата цивилизација (глобален), односно на нација, локално население, регион, држава (ограничен).

Засега самитот во Лондон може да се оцени како историски само од аспект на ефектите што се очекуваат од договорените мерки и активности во надминувањето на глобалната криза односно рецесијата, особено оние на краток рок. Тие би требало да бидат позитивни, но дилемата е дали со подеднаков обем и квалитет и во развиените и во неразвиените земји. Некои аналитичари веќе укажуваат на реалната опасност од протекционизам, се разбира од страна на најмоќните.

(повеќе..)

MAT со, во или под ЈАТ

март 20, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Ескпресната реакција- негирање на раководните луѓе на македонскиот авиопревозник во врска со наводното преземање на компанијата од страна на српскиот „Јат ервејз“, за што информираа, потенцирам без шпекулации (кому тие би му биле потребни), е вообичаено кога се работи за повисоките бизнис кругови (кај највисоките купопродажните зделки и други деловни договори се „непробивачка“ деловна тајна ). Всушност, во соопштението на МАТ се негираат „нијанси“, а не суштината: дека „е можно да дојде до учество на ЈАТ во неговата сопственичка структура“, ама „за влез во МАТ се заинтересирани две странски авиокомпании и еден инвестиционен фонд“ и оти „некои од тие преговори се во завршна фаза“.

Најважното и неспорно е дека со „Јат ервејз“ е веќе договорена стратешка соработка која подразбира долгорочна деловно техничка- соработка за користење на авиони, обука на кадри и заеднички комерцијални проекти, кои би требало да овозможат отворање на нови дестинации.

(повеќе..)

Самит на ЕУ во Брисел- тешко до решенија за економската криза

март 20, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Се чини дека почна пропаѓањето на одделни членки на ЕУ, како „преодна фаза“ во „растурањето“ на унијата: ЕУ ќе ги спасува своите членки од банкрот, а први за тоа се сметаат Ирска и Грција.

Договореното во Брисел не е она што се очекуваше. Лидерите на ЕУ решенијата за надминување на глобалната економска криза ги „префрлија“ на претстојниот самит на Г 20, што ќе се одржи во Лондон на почетокот на април.

Постигнатиот начелен договор за издвојување на 5 милијарди евра за инвестирање во енергетски инфраструктурни проекти и широкопојасен Интернет е начелен поради условот предвидените средства да се потрошат во оваа и идната- 2010- та година. Тој се смета за успешен со оглед на претходно жестокото отфрлање на планот за спас на економиите на Централна и Источна Европа од страна на претседавачот- Чешка.

Првите критики за самитот ги испорача Америка: и покрај одлуката за двојно зголемување на фондот на 50 милијарди евра за оние што се најмногу погодени од кризата, зајакнувањето на ММФ и спомнатите 5 милијарди евра, ЕУ засега нема решение како да се излезе од кризата.

(повеќе..)

Против економската криза со глобален „Нов договор“; пример за углед и примерно поведение: исламските банки!

март 07, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Бројни економски експерти и аналитичари (помеѓу кои и мојата дребност) уште при првите знаци на светската економска криза односно рецесија (финансискиот колапс на познати американски банки) укажуваа на итно преземање на краткорочни, „ад хок“ потези, но напоредно и забрзано да се подготвува долгорочна стратегија и тактика за справување со она што сигурно допрва доаѓа. Некои од нив (и мојата дребност) упатуваа на нужноста од нов локален (во рамките на државата), регионален и глобален „Њу дил“. Се разбира, не ист според „формата и содржината“ како Рузвелтовиот, со кој успешно беше совладана светската економска криза од 30- тите години на минатиот век, но со многу „заеднички елементи“.

Вообичаеното „задоцнето палење“ на политичарите се потврдува со нивните се погласни барања за таков план, но стратешките регионални интереси (што ќе доведат до пропаѓање на унии и сојузи, на пример ЕУ, но и создавање на нови), како и економскиот локал- патриотизам (протекционизам), тешко дека ќе дозволат такво нешто.

А примерот со исламските банки, што го приведувам во „вториот дел“ од текстов, треба да се следи кога е збор за обезбедување од нови финансиски (намерно предизвикани) турбуленции. Како и многу друго досега научено (украдено) на Западот од арапскиот свет.

(повеќе..)

И Македонија во првиот бран на кризата

февруари 05, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Сосема „неекспертски“, дури наивни беа проценките и предвидувањата дека Република Македонија ќе биде „заобиколена“ од економската криза, па дури и дека има шанси да „ќари“ од неа. Од ден на ден се покажува дека тоа едноставно не е можно…без одговор или „противудар“ со радикални економски и други мерки (да, и политички). Што засега изостанува.

Она што досега го презеде и во од го презема Владата секако овозможува извесно смирување на кризните „ветришта“, но останува надежта дека таа брзо ќе се „сепне“ и „преродбата во 100 чекори- надградена и проширена“ ќе ја корегира со драстично намалување на чекорите! (повеќе..)

Светската криза се продлабочува. 2009- та е нејзиниот вистински почеток!

јануари 29, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Во еден неодамнешен текст на овој сајт го изнесов својот став оспротивен на многумина светски економски експерти: дека годинава нема да биде „кулминативна“ за светската криза односно економската рецесија, туку тоа ќе биде идната или дури (со голема веројатност) 2011- та. Деновиве в0 некои медиуми и на Интернет имав можност да прочитам изјави на светски експерти во кои го тврдат истото- дека таа ќе потрае најмалку две- три години, а последиците од неа допрва ќе бидат „стресни“ за светот.

Сигурен сум дека Светскиот економски форум во Давос, кој започна вчера и ќе трае 5 дена, ќе потврди уште најмалку две нешта: дека рецесијата е свесно предизвикана, поради тесни „мултинационални“ и/или регионални геостратешки интереси, и оти нејзиниот почеток не беше минатата, туку е, може да се рече и допрва ќе биде оваа година. (повеќе..)

Медиумска кампања и саморекламирање

декември 27, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Македонската опозиција веќе им здодеа на граѓаните, а веројатно и на себе си, со папагалското „критикување“ на позицијата односно на Владата на Никола Груевски дека троши „огромни средства (пари)“ на “саморекламирање“, притоа мислејќи на континуираните („за се и сешто“) медиумски кампањи. Веројатно и на Владата и на самиот Груевски исто така му е здодеано постојано да ги слуша прозивките за отчет- да каже (лично тој) колку„народни пари“ се потрошени и се трошат за тоа (бидејќи „огромни“ кај народот не „пали“), па не ги слуша или го фатило инает и веројатно нема да каже и по губењето на власта( кога опозицијата ќе научи како се победува на регуларни и демократски избори).

Како „олеснување“ на „позиционерите“, пак, а особено на нивните медиумски поддржувачи, со не мала доза на самозадоволство беше „начекана“ и пласирана (без посериозни анализи и коментари) информацијата дека ЕУ за саморекламирање во 2008 -ма потрошила 2,4 милијарди евра.

Што прави Владата на Република Македонија (не на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски): реализира медиумски кампањи или се саморекламира? (повеќе..)

Економската рецесија нема да кулминира во 2009- та

декември 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Македонските стопанственици следат што се случува во светот, веќе ги чувствуваат последиците од светската рецесија (ниски цени и отежнат пласман на производите во странство) и се однесуваат како таа допрва да ќе започне. А сите анализи и експертски проценки велат дека во 2009- та нема да кулмиунира, туку ќе продолжи да се интензивира во наредните најмалку две- три години, со се потешки економско- социјални, но и политички последици (редефинирање на стратешките цели). Бараат парцијални, „моментни“ решенија ( за да се продолжи живуркањето), и тоа пред се од Владата (како да им е таа бизнис партнер), притоа не размислувајќи за преструктуирање, прилагодување, конкретни решенија на среден рок, рационализација, ефикасност, модернизација… (повеќе..)

ЕБОР и Македонија

ноември 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), основана во 1991- ва година, финансира структурни проекти во поранешните социјалистички земји од Централна и Источна Европа, односно ги поддржува во фазата на транзиција кон пазарна економија. Таа е во сопственост на 60 земји и 2 меѓувладини институции (Европската заедница и Европската инвестициона банка), со запишан капитал во вкупен износ поголем од 20 милијарди евра. Не ја користи директно оваа цврста капитална база за финансирање на проекти, туку се задолжува на меѓународните пазари на капитал, притоа постојано придржувајќи се на здравите банкарски принципи.

Оценките на ЕБОР за економските состојби и перспективи на земјите во кои дејствува се мошне реални и релевантни, меѓу другото секогаш потврдувани со насочувањето, инвестирањето односно пласманот на средствата. Затоа најновата проценка дека и во Македонија ќе забави економскиот раст- од 5, 3% годинава ќе се спушти на 4,7% во 2009-та, треба да се прифати како валидна (и оптимистичка), имајќи ја предвид глобалната економска рецесија, но и како предупреда дека е нужна мобилизација на сите економски чинители во земјава. ЕБОР веќе најави дека, како и досега, нема да стои настрана. (повеќе..)

Бизнисменска ступидарија

ноември 19, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Не сум од оние „изгорените“ за членство на Македонија во ЕУ („по секоја цена“), иако, како сите други „обични“, знам, петпоставувам, насетувам што би значело тоа, какви благодати, со и без наводници, би ни донела евроинтеграцијата. Напротив, можам да речам дека засега сум против (тоа на овој сајт веќе сум го искажал „јасно и гласно“), не толку поради нашата „неевропеизираност“, која е на срамно ниско ниво, колку поради идиотизмите на „оние“ во Брисел со поставувањето на се нови и нови услови или, да бидам за момент јазичен малограѓанин како некои наши политичари и „интелектуалци“- „бенчмаркови“.

(повеќе..)

Најнови успеси на еден од македонските гиганти: Алкалоид

ноември 02, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

„Алкалоид“ АД Скопје е една од малубројните компании- гиганти не само во фармацевтската, туку воопшто во македонскиот економски компелкс. Таа е пример на успешен, стабилен и перспективен колектив кој има визија, има поставени реални, достижни среднорочни и долгорочни цели. Своето работење, развојот на производството и освојувањето на домашниот и странскиот пазар ги темели на знаење, стручност, искуство, следење и освојување на нови технологии, квалитет, европски- светски стандарди, како и на довербата на корисниците- консументите на нејзините производи. (повеќе..)

Падот на светските акции и нафтата

октомври 26, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Светските акции паднаа на најниско ниво во изминатите 5 години, а тој тренд не престанува, туку напротив, како да зема se поголем замав. Aкциите на берзата во Њујорк забележаа нов пад, а клучниот Дау Џонс индекс изгуби повеќе од 300 индексни поени поради стравот од глобално економско забавување. Акциите масовно се продават откако компаниите објавија финансиски податоци за работењето во третиот квартал, кои се полоши од очекуваните. Најголеми загуби имаат автомобилските и финансиските компании.

(повеќе..)

Глобалната економска криза- крах на неолибералниот капитализам

октомври 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

На дводневниот самит во Брисел челниците на земјите од ЕУ дадоа едногласна поддршка на сеопфатниот план за спасување на банките, кој предвидува гаранција за меѓубанкарските позајмици и докапитализација на банките кои имаат потешкотии.

Според зборовите на францускиот претседател и претседавач на ЕУ, Николас Саркози, Унијата исто така сака идниот месец да се одржи светски самит на кој би се покренала реформа на глобалниот финансиски систем за во иднина да се избегнат кризите како сегашната. (повеќе..)

Услов за деловен успех: транспарентност

октомври 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Осцилациите на берзите- намалувањето на индексите, нивното „земање здив“ па продолжување надолу,  како и паѓањето на цените на акциите најмногу, со право, дури единствено (без право) се поврзуваат со случувањата на финансиските пазари во Европа. Постои нешто друго како услов за додржување пред ветриштата на кризата, па и успех- напредок во вакво „невреме“, а кое македонските компании или воопшто не го есапат или им е познато, ама не им одговара да го применат поради лични, тесни, полит- олигархиски интереси: транспарентност. Која, пак, најдиректно се поврзува со корпоративното раководење со фирмите- компаниите што со децении мошне успешно се применува во развиениот западен свет. Кај нас одговорните (менаџерите) малку, повеќето вооппто не ја познаваат ниту неговата суштина. (повеќе..)

Сценарио: финансиска криза, глобална рецесија, геостратешко прегрупирање

септември 17, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Економикс No Comments →

Во развиениот бизнис, особено мултинационалниот- меѓународниот, главен „принцип“ на работење и дејствување е: ништо случајно не се случува зашто Господинот Случај не е и не може да биде ниту маргинален, ниту минорен партнер. Следствено, секој најмал потег и секое „моментно“ решение се дел од темелно осмислена среднорочна и долгорочна стратегија. И тоа не самостојна, поединечна- индивидуална, изолирана, туку на најмоќен или на еден од најмоќните бизнисменски „кругови“, односно полит- бизнис олигархиски елити во најмоќната земја или во сојуз на најмоќни на светот.

Ако се имаат предвид случувањата на светскиот пазар на капитал во изминатите неколку години, воопшто не е тешко да се „прочита“ сценариото подготвено од американската елита (или елити кои се поврзани меѓусебе и тесно соработуваат, особено кога треба да се дејствува „радикално“ на меѓународната сцена). Фазите на неговата реализација се исто така очигледни, но пред се логични: предизвикување на финансиски потреси, глумење на обид да се спаси „што може“, потоа глобална рецесија и најсетне или напоредно, на почетокот не така „читливо“, геостратешко прегрупирање односно нова поларизација на светот (чија цел, меѓу другите, е и отворање на ново или нови воени жаришта како дел од нов „Њу дил“). (повеќе..)