Subscribe

Archive for the ‘Антрфиле’

За неверување и смеење: услов на Македонија за во ЕУ и кариесот

септември 12, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Не е за верување, многу е смешно, ама кога е во прашање добивањето на датум на Република Македонија за почеток на преговори за членство во ЕУ (внимавајте, не за датум за членство, макар тој бил и по 10-15 години) веќе ништо не може да изненади и да не биде „нормално“: дури и проблемот на кариесот, пред се кај децата. Некои медиуми посочија дека тоа е веќе еден од условите, иако за волја на вистината, но со не мала „доза“ на сомнеж, со кратко соопштение тоа беше демантирано. „Дозата“ барем кај мене се зголемува откако на одбележувањето на Светскиот ден на оралното здравје Министерството за здравство објави дека состојбата е алармантна, што сигурно во Брисел, посебно кај Оли Рен, не останало незабележано. Сепак, загриженоста (и личната и колективната, поточно на власта) е или би требало да биде многу поголема на внатрешен „план“. (повеќе..)

„Нестандарден“ претседател

септември 11, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Некои го сметаат за контроверзен, некои за живописен, атрактивен, некои го нарекуваат популист, херој, но сите се согласуваат дека Хуго Чавез е „нестандарден“, односно надвор од „рамките“ во кои сме навикнале да ги гледаме светските лидери. Дали за Венецуела е „соодветен“ претседател?

(повеќе..)

Множи се, администрацијо, по партиска линија и…боледувај!

септември 10, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Зарем е можно? Неверојатно! Незамисливо!

Државната администрација во Македонија не само што се множи по партиска линија (која како дојде на власт си пика свои и брка по некој од туѓите), туку и „во духот“ на Рамковната спогодба („правично“ пикање според истиот принцип), и не само што ни е поприлично слабичка, неотпорна на разни болештини, за среќа се уште незаразни, не само што повеќе боледува отколку што работи (работи?), туку и злоупотребувала боледувања! Да се чуди човек, со две раце да се крсти. Да и е малку употребата, па почнала и со злоупотребата.

(повеќе..)

И ова е Македонија…не Европа!

септември 09, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Да, секаде се случува и може да се случи; во Европа, во светот. Но, не паметам некаде да се случило вакво масовно труење со слатки, освен како непријателско дејание против поширока заедница или народ кое, патем, се нарекува геноцид. Се разбира, не е тоа (бидејќи би морале да се случат многу други „нешта“, меѓу другото поточно првото меѓународна хумана, па и воена акција), туку ете така, се случи…епидемија на труење во Македонија со колачи (еклери), за среќа без жртви!

(повеќе..)

Македонија на Параолимпијадата во Пекинг

септември 08, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

По Олимпијадата, во кинеската престолнина Пекинг е во тек уште една елитна спортска манифестација. 13-тата Параолимпијада беше отворена во саботата (06.09.) со уште една церемонија на стадионот „Птичјо гнездо“.

Суштината на параолимпијадата е натпреварувањето, а не инвалидитетот.

Годинава настапуваат повеќе од 4.000 спортисти од 6 различни групи на инвалидитет, кои претставуваат речиси 150 земји и региони на светот. Тие се натпреваруваат во 20 спортови, меѓу кои мечување, атлетика, велосипедизам, коњички спорт, веслање, едриличарство, стрелаштво, пливање, пинг понг и тенис во инвалидски колички, одбојка (седејќи) и кошарка во инвалидски колички. Во текот на 13-те дена (манифестацијата ќе заврши на 17-ти септември) ќе се одржат вкупно 472 натпреварувања за медали.

(повеќе..)

„Дриблањето“ и на Оли Рен му станува непријатно

септември 04, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

ЕУ и нејзиниот „истопорен“ претставник пред Република Македонија веќе не знаат што да прават, како да се однесуваат, како да „ескивираат“, да се „покријат“, да ја „прикријат“ очигледната зависна и понижувачка позиција пред „силниот“ сојузник Грција (најсиромашна членка). Затоа што и на најголемиот лаик му е јасно дека условите што и ги поставуваат на земјава веќе стануваат обични политикантски небулози, нешто што не можат ни самите да го објаснат. Освен со она што не смеат отворено да го кажат: не може да се даде датум за почеток на преговори со Македонија за членство во Унијата, без оглед што нема земја на која и биле поставувани такви (пред)услови а таа да ги исполнила (или ги исполнува и ќе ги исполнува во континуитет, како многу други стари и нови членки), се додека не се задоволи Данајската Република (уште ја нарекувате Грција?): Македонија да се преименува со име што нејзе ќе и одговара, се разбира „топтан“ со идентитетот, минатото, достоинството…А замислете, на средбата не се разговарало за спорот со името!

(повеќе..)

Евро- словенечки мега корупциски скандал

септември 02, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Словенечкиот премиер Јанез Јанша е еден од главните актери во евро- словенечкиот мега скандал (не само словенечки и не само поради учество на „меѓународни“ актери) во врска со набавката на оружје за словенечката армија. Наводоно, од фирма во Финска тој за реализација на таа зделка зел провизија од 20-ина милиони евра!

(повеќе..)

Нов, најголем пожар летово во Македонија

август 31, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Не поминаа ниту 24 часа од гаснењето и ставањето под контрола на речиси сите пожари во земјава благодарение на долгоочекуваниот дожд, а нов, најголем пожар летово, со мошне загрижувачки размери, изби кај Нов Дојран. Овојпат не станува збор ниту за природна стихија (високи температури), ниту за намерно подметнување, иако пак е во прашање човечки фактор.

(повеќе..)

„Густав“ досега „најмажествен“ ураган

август 31, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Ураганот „Густав“, кој најнапред како тропска бура удри на Хаити и Доминиканската Република и однесе 85 животи, вчера (сабота-30-ти август) пристигна како ураган (четврта категорија) до кубанскиот Остров на младоста со ветришта кои дуваа со брзина од 230 км на час. Во својот налет на Куба оштети повеќе од 100.000 куќи, 370 училишта и стотици километри електрични и телефонски водови. Евакуирани се 467.000 луѓе, но никој не го загуби животот.

Метереолозите предвидуваат дека „Густав“ најверојатно ќе го погоди мексиканскиот залив и американскиот град Њу Орлеанс. Поради тоа властите во американската држава Луизијана го подготвија населението за евентуална евакуација.

(повеќе..)

Костовски „спие“ во градоначалничката фотелја

август 30, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Некои колеги- новинари се навистина непристојни, да не речам некултурни, да речам дури безобразни. Не научиле нешто од основната „новинарска“ практика (или беше етика?): не будете го со своите „чепкања“ оној што спие во функционерска фотелја, не му го вознемирувајте сонот. Самиот ќе се разбуди. Ако не порано, тогаш сигурно на последниот ден од мандатот. За да не биде избркан од неа, туку „достоинствено“ да си замине.

Ама што се може. Не се само новинарите некултурни (се разбира, не се мисли на сите), туку и други и трети…Дури и Владата на Република Македонија!

(повеќе..)

Празник: Успение на Пресвета Богородица

август 28, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Православните христијани го слават големиот празник Успение на Пресвета Богородица, помеѓу народот познат и како Голема Богородица. Тоа е еден од 12-те најголеми христијански празници и е посветен на денот кога таа прешла од земскиот во небесниот свет.

Според преданијата, Богородица често одела во Еленската гора молејќи го Господ да ја земе на небото. Еднаш и се јавил архангелот Гаврил и и кажал дека ќе умре за три дена. Непосредно пред нејзината смрт се слушнале грмотевици, а се собрале и сите апостоли. Просторијата во која била Богородица силно почнала да сјае кога по неа се симнале Исус Христос и ангелите за да ја однесат на небото.

(повеќе..)

Уште една авионска несреќа

август 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Бројот на жртви од тешката авионска несреќа на аеродромот во Мадрид се искачи на 154, откако една од патничките им подлегна на здобиените повреди, а во Киргистан се случи нова со исто така голем број на загинати- засега 68-мина. Преживеале 22-ца.

Несреќата се случи на меѓународниот аеродром „Манас“, во главниот град на Киргистан, Бишкек.

(повеќе..)

Заврши Охридско културно лето

август 20, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Во катедралната црква св. Софија во Охрид свечено е затворено 48-то издание на фестивалот Охридско лето. Концерт одржа светски познатата виолинистка, Американката Сара Чанг, која настапи заедно со Камерниот оркестар на Словенечката филхармонија.

(повеќе..)

Свечено одбележан Денот на АРМ

август 18, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска свечено беше одбележан Денот на Армијата на Македонија.

За 16-годишнината од нејзиното создавање, развојот и перспективите зборуваа Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на оружените сили, Бранко Црвенковски, и министерот за одбрана Зоран Коњановски. (повеќе..)

Најуспешен олимпиец на сите времиња: Мајкл Фелпс

август 17, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Американецот Мајкл Фелпс уште пред 5 дена влезе во историјата како спортист кој на Олимписките игри освоил повеќе од 9 златни медали. Победувајќи во трката на 200 метри пеперутка, тој го освои 10-от, а само еден час подоцна, како член на американската штафета на 4х200 метри слободно, и 11-от златен медал во олимписката кариера.

(повеќе..)