Subscribe

Archive for the ‘Антрфиле’

Неуспешна приоритетна приказна

февруари 05, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Приоритет: првенство, предимство, првенствено право; старешинство, првенство со оглед на времето на староста.

“Приоритет над приоритетите“: можен ли е, што значи, што би требало да биде? Не е ли тоа само една од многубројните политички флоскули, небули за домашна употреба?

„Приоритет над приоритетите“ на Република Македонија: евро- атлантска интеграција. Значи има и други? Кои се тие?

Имајќи го предвид основното, „речничкото“ значење на приоритетот, нема и не може да има повеќе, множество на приоритети, туку само еден. Оние што имаат повеќе, ги поставиле, ги поставуваат, за кои бараат доверба и „сеопшта“ мобилизација, очигледно ги „измешале“ неештата: приоритетот е еден и единствен, а се друго е или може да претставува етапа, фаза, преоден период, пречки што треба да се совладаат за тој да се оствари, да се стаса до него (како цел).

Приоритет на Македонија: ЕВРОПЕИЗАЦИЈА!  (повеќе..)

Опасноста од глобално затоплување се поголема

јануари 29, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Ново предупредување од Европската комисија: глобалното затоплување би можело да му нанесе на светот покатастрофални штети отколку што беше досега проценувано.

„Ова е речиси сигурно последна шанса климата да се одржи под контрола пред да ја мине точката од која нема враќање“, изјави европскиот комесар за екологија Ставрос Димас.

(повеќе..)

Инаугурација на Обама „Спасителот“

јануари 19, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Време: денови по 22.03. 2009

Држава: Република Македонија

Настан: 3- дневна свечена церемонија на инаугурација на избраниот нов претседател (може и некој ден повеќе)

Сценарио: посебен „син воз“ со кој новиот претседател со своите соработници ќе се вози два дена низ Македонија, со свечен пречек на железничката станица во Скопје; голем концерт „Ние сме едно“ пред македонскиот Парламент, со учество на бројни естрадни уметници

(главно музички); помеѓу нивните настапи говори и поздрави на избрани познати личности; 10 балови за македонската политичка (позициска и опозициска), културна итн. елита; свечено полагање на заклетва пред парламентот

Важна напомена: целосна мобилизација на воените и полициските капацитети на земјата.

Ви се допаѓа прочитаното? Што? Ви личи на некое минато, „титовско“ време? Култ на личноста? Немојте, ве молам! Па тоа е само инаугурација на претседател на Република Македонија, најдемократската држава на светот. (повеќе..)

Има некоја тајна врска

јануари 16, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Неретко ми се случува(ло) да прогнозирам- предвидам настани и случувања кај нас и во светот, и тоа до најситниот детал. Тоа отсекогаш сум го сметал и го сметам како резултат на континуирано следење, логично промислување, скромен „капацитет“ за антиципација, а никако не како некаква посебна дарба дадена од Бога. Особено затоа што сум „погодувал“ како „deja vu“, односно случајно совпаѓање.

Читајќи ги можностите на модерната „технологија за контрола“, понекогаш ми доаѓало да се запрашам дали е можно нашиве „горни“ да напреднале до таа мера, та однапред го читаат она што сум го напишал, а не сум го објавил. (повеќе..)

Македонија- Бугарија: „стандардни“ добрососедски односи

декември 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Што е „стандарден“ добрососедски однос помеѓу две држави? Политичарите веднаш ќе ви одговорат: кога помеѓу нив нема нерешени прашања и проблеми. Но ќе ги ставите во небрано ако им поставите додатно прашање: можете да наведете такви во овие балкански, јужноевропски, па и пшироки простори? Од друга страна, без никаков проблем, не чекајќи од нив, сами лесно можете да најдете бројни пример на „одлични“ односи помеѓу две несоседски земји, без нерешени прашања и проблеми.

Значи, одговорот на политичарите на поставеното прашање, што често го слушаме при меѓусебни средби на високо политичко ниво, не е точен. Затоа што односите помеѓу сите соседни, особено балкански држави отсекогаш биле, се и уште долго ќе бидат оптоварени со отворени и тешко решливи прашања. Најчесто поврзани со правата на малцинствата. (повеќе..)

Чевли како куршуми

декември 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Една вест за настан на „високо ниво“ проследена со ТВ снимка го обиколи светот и предизвика најчесто „забавно- хумористични“ реакции. Малкумина се обидоа да го протолкуваат и оценат како обид за атентат (претерано?) или израз на револт поради погрешна, поточно погубна политика на агресија, насилство, војна, илјадници мртви, модерен колонијализам (во името на глобализмот): (повеќе..)

Бугарија стана членка на ЕУ, ама не и европска земја

ноември 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

По изминувањето на рокот кој Владата во Софија го имаше за да покаже конкретни резултати во борбара против корупцијата и организираниот криминал, ЕУ одлучи на Бугарија да и укине 220 милиони евра помош од претпристапните фондови на чие користење има право до 2013- та година, до кога би требало од Брисел да добие вкупно 11 милијарди евра помош.

Потсетувам, нашиот источен сосед стана полноправен член на ЕУ на 1- ви јануари 2007- ма, и покрај предупредувањата на стручњаците дека се уште не е подготвен за влез во Унијата, а во јули годинава беше под санкции на Брисел. Сè уште остануваат замрзнати 580 милиони евра. (повеќе..)

Страв од Путин или од „путинизмот“

ноември 19, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Руската Државна дума денеска го одобри траењето  на новиот мандат на шефот на државата на 6 години, наместо досегашните 5. За промените на Уставот гласаа 351 пратеник, додека против беа 57- мина.

Рускиот Устав ќе ја наведе одредбата дека граѓаните на Русија ќе избираат претседател на рок од 6 години (наместо досегашните 4), врз основа на општо, директно, тајно гласање, а пратениците на Државната дума на рок од 5 години (наместо досегашните исто така 4).

Измените на Уставот ги предложи претседателот Дмитриј Медведев на 11- ти ноември годинава.

(повеќе..)

Ф1: Шампионската титула за Хамилтон

ноември 02, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Во највозбудливот спорт(?)- автомобилските трки во Формула 1, и покрај огромните суми на пари што се „вртат“ во и околу него, ништо однапред не може да се предвиди. Од едноставна причина: многу, а некогаш и се зависи од машината, од нејзините перформанси, нејзината издржливост.

Човечкиот фактор решава малку (не дека не решава), најмногу оној „дел“ од него што значи рационалност, ладнокрвност, пресметливост и снаодливост. Може да се наредат низа возачи кои, по неколку години возење на „опашката“, штом седнале во болид на Ферари или МекКларен станувале фаворити, победувале, на патеките станувале неприкосновени. Во досегашната историја на Ф1 Михаел Шумахер е на врвот.

(повеќе..)

Непребол: една година од загинувањето на Тоше Проевски

октомври 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Точно пред една година на автопатот Загреб – Липковац, близу до гратчето Нова Градишка- Хрватска, во сообраќајна несреќа загина македонскиот поп пејач, еден од најдобрите на светот на сите времиња, Тоше Проевски. Веста беше шокантна за сите, а особено за младите во земјава на кои им беше не само музички идол. На плоштадот „Македонија“ во Скопје, во неговиот роден град Крушево, во цела Македонија, Хрватска, Балканот, во целиот свет телевизиите ги прекинуваа своите програми со вонредни вести, со веста за смртта на 26-годишниот пејач и хуманист.

(повеќе..)

Марсеј и Кошице европски престолнини на културата во 2013-та

септември 17, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Скопје европска престолникна на културата? Ниту на сон! Барем по 10 години? Ма, како што е сега, она што е денес, а нема шанса да биде подобро утре со сегашнава политичка и општинско- градоначалничка гарнитура, ни по 100!

Мошне скептично? Нихилизам? Знаете ли кои критериуми треба да се исполнат за да се истакне кандидатура?

(повеќе..)

Проблемите со малцинствата Грција не може уште долго да ги крие „под килим“

септември 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Веќе искажав став дека писмата што премиерот Никола Груевски ги испрати до европски и светски релевантни институции и политички личности, а со кои се актуелизираа проблемите на македонското малцинство во Грција, сигурно (ќе) имаат позитивен ефект. (Ги почитувам и во најголем дел ги споделувам ставовите на Проф. Билјана Ванковска во нејзиниот текст „Компетенциите на Баросо и ЕК“.) Без оглед што во меѓувреме некои , исплашени од сериозноста на проблемот за кој знаат одамна (како на пример претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо), се прогласија за ненадлежни односно одговорија дипломатски, штитејќи го својот сојузник.

Сепак, една организација според нејзината „природа“ и цел не можеше и не смееше да не реагира: ООН, конкретно Генералниот секретар Бан ки Мун.

(повеќе..)

63-то годишно заседание на Генералното собрание на ОН

септември 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Во седиштето на светската организација во Њујорк почна 63-тото заседание на Генералното собрание. Тоа е главниот советодавен орган на ОН, а се состои од претставници на сите држави- членки. На првото заседание во 1946-та година биле 51 држава, а денес се 192.

Собранието работи интензивно од септември до декември, а потоа се собира само доколку е неопходно.

За време на средбата се предвидува да бидат разгледани над 160 теми, помеѓу кои гарантирањето на мирот и стабилноста, борбата против тероризмот, почитувањето на човековите права и заштитата на животната средина, како и прашања поврзани со општествениот и економскиот развој. Ќе се разговара и за проблемот околу реформирањето на Советот за безбедност на ОН, за оптимизирање на работата на организацијата, како и за борбата против СИДА.

(повеќе..)

Злосторство и врз бебиња

септември 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Она што се случи со продажбата на затруено млеко, кое предизвика смрт на (засега) четири бебиња во Кина, не може да се оквалификува никако поинаку, освен како досега нечуено, невидено и неразбирливо злосторство. Кое сигурно ќе биде жестоко казнето бидејќи е пред се директен удар врз етиката, моралот, достоинството, врз хуманоста на кинеското општество. Злосторството е дотолку поголемо оти лекарите во Кина досега лечеле околу 53.000 деца, од кои речиси 13.000 се уште се наоѓаат в болница. Загриженост постои и во други земји, кои млеко во прав увезуваат од Кина, па е голема веројатноста да увезле и со отровниот меламин.

Загрижува официјалниот став дека Македонија нема да презема мерки поврзани со увоз на храна од Кина сè додека не добие податоци оти на пазарот има штетни производи. Такви стасуваат преку алерт- системот на Европската комисија. Министерството за здравство официјално засега не дава информации поврзани со спорното млеко од Кина, а Дирекцијата за храна, пак, нема информација за производи на пазарот во кои било користено спорното млеко. Затоа немало потреба од реакција.

(повеќе..)

Спас од одговорност: убиство (загинување) во сообраќајка

септември 13, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Мистериозната смрт на клучниот сведок во случајот на големата експлозија во Грдец, Албанија, воопшто не го изненадува оној што ги следел во минатото и ги следи во сегашноста судбините на клучните сведоци на Балканот и пошироко, во регионот. Поточно насекаде каде што се случуваат политичко- криминогени процеси и случувања. Тој ретко се изненадува кога нема да се успее трагите да бидат „завеани“, сведоците да останат живи, можеби и здрави, и да ја реализираат својата „херојска“ улога. Доволно е да потсетам на ликвидираните сведоци (сите до еден) против косовскиот „недокажан“ злосторник Рамуш Харадинај, па да нема потреба од никакво дообјаснување.

Сепак, во случајот на клучниот сведок на големата експлозија во Грдец некои работи се нејасни односно мистериозни. Мистериозното убиство, што се чини е неспорно, веќе се истражува, но е неразбирливо таков сведок да не биде заштитен или самиот да не преземе максимални мерки на сопствена заштита. Особено кога беше решил без никаков страв и воздршка да каже- обелодени се што видел и чул. Не е верно дека бил толку наивен, па и недоветен. (повеќе..)