Subscribe

Archive for the ‘Антрфиле’

Неминовно: Купот на фудбалските конфедерации ќе го надмине СП

јуни 28, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Сигурно дека моево тврдење (во насловот на овој текст) многумина начекува неподготвени (да му се спротивстават со противаргументи), кај многумина предизвикува недоверие, а можеби во најголем број се оние што му се смеат, му се потсмеваат, го отфрлаат како „ординарна глупост“. Таман работа Купот на конфедерациите, чиј финален турнир во Јужна Африка го следевме деновиве, да го замени Светското првенство!

Ама ај да потпрашам: што е „светско“, а што „конфедерациско“- интерконтинентално? Колку ги имаме предвид двете првенства а пред се во организациска (систем) и реализаторска смисла, за да можеме да ги компарираме и да ги (пре)оцениме, конечно да донесеме каков годе заклучок или тврдење (како што е моево)?

Ми доаѓа „случајов“ да го ставам во рамки на една друго мое тврдење (пак за многумина сигурно многу смело), всушност порака која сепак ќе ја одложам за не долго време (друг текст): заборавете на „мулти“, „интер“ и „интра“ се единствената перспектива!
(повеќе..)

Очекуван трансфер, но не и за „планина“ од долари

јуни 10, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Ништо не значи „нормалната“ реакција на Луис Фиго во врска со трансферот на моментно најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо за неверојатни 94,5 милиони евра, односно „расфрлањето“ на претседателот на неговиот клуб Реал Мадрид, Флорентино Перез (заедно со сумата за Кака- 65 милиони евра, вкупно 159,5 милиони евра!; а „трансфер летото“ штотуку започна):

„Тоа што го направи Перез во време на голема светска криза е срамота! Многу ги ценам Кака и Роналдо, но сметам дека парите потрошени за нив се премногу“.

А токму Луис Фиго е фудбалерот кој во 2000- та година ги помести границите на трансферот и за тогаш неверојатните 37 милиони фунти премина од Барцелона во Реал. Можеби не му е позната „сенародната“: „Кога ќе тргне колата прудолу…“ (повеќе..)

Познат новиот фудбалски шамипон на Македонија

јуни 01, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Mакедонија Ѓорче Петров е шампионот на Македонија во сезоната 2008/2009 -та. Сосема заслужено и очекувано, доколку се имаат предвид севкупните состојби во македонскиот фудбал што тлеат со години, децении, а никако да се разгорат за конечно да започне неминовното гаснење. Се разбира, тие не го намалуваат, ниту поради нив треба да се потцени успехот на овој тим, но останува „задршката“ за неговите вредности додека не се проверат на меѓународната сцена, во натпреварите во евро- лигата на шампионите. (повеќе..)

Односи и однесување

мај 16, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Не мислам на односите спрема стварите, нивната употреба и злоупотреба од страна на човекот-човештвото, туку на дневен ред ги ставам односите помеѓу луѓето. Поточно, нашиот-личниот и колективниот однос спрема човечката средина и околина. (повеќе..)

Очекуван состав на кабинетот на Иванов

мај 12, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

За оние што недоволно го познаваат новиот шеф на државата, односно не ги следеле неговите досегашни активности, постигања, круговите во кои се движел, личностите со кои бил во постојана комуникација, со кои соработувал, составот на неговиот кабинет претставува мало изненадување. Не е за оние што добро го познаваат или веќе се информирале за неговата биографија, пред се неговата научна и интелектуална дејност. Особено треба да се има предвид фактот дека Доктор Ѓорге Иванов е водечки експерт за граѓанското општество и политичкиот менаџмент, како и еден од најистакнатите македонски аналитичари на политичките и општествените движења во светот. Несомнено е неговото учество и влијание врз обликувањето на политичката сцена во Македонија. (повеќе..)

Единствена шанса за брз економски развој: производство на домашни иновации

април 14, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Ни се повторува истата „приказна“, многупати „раскажана“ од други, а ние никако да ја научиме и да почнеме, ако не на други,барем на самите себе си да да си ја „раскажуваме“. Човек помислува дека, кога би почнале да си ги признаваме сопствените вредни луѓе со нивните ведности- дела, творештва, би се нашле во уште понебрана ситуација- да не знаеме што да правиме со нив, па уште побрзо и понастојчиво да ги уриваме, да ги урнисуваме. Зашто, во спротивно ќе не урнат, ќе не урнисаат тие нас.

Па поарно е вака: светот нека ни ги признава, слободно може и да ги прибира, да ги присвојува, а нам ни е супер со „нашиве“, без оглед што не ги бидува, не знаат, никој не ги признава. Важно е дека си се „наши“, а не како тие- „ничии“.

(повеќе..)

Македонските тинејџери се по(не)европски од европските

април 02, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Независната истражувачка мрежа ЕСПАД, која опфаќа 40 земји во Европа, направи истражување на една важна проблематика: колку тинејџерите односно адолесцентите на возраст помеѓу 16 и 18 години (не) стојат „црвсто на земја“ или, конкретно, колку пушат, пијат алкохол и таблети за смирување. Во секоја земја, помеѓу нив и Република Македонија, е спроведено на примерок не помал од 2.500.

(повеќе..)

Мерките и стратегијата на Обама- пат за ЕУ кон пеколот?!

март 26, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

И на економскиот лаик му е јасно дека ќе биде тешко и долготрајно излегувањето од светската економска криза. Особено затоа што сценариото за неа долго се подготвуваше, а уште подолго траеше нејзиниот почеток (белким не мисли некој дека таа „падна од небо“). Во тој контекст е наивно, па дури и смешно убедувањето на некои странски експерти и политичари дека процесот на стабилизација односно совладување на кризата е веќе започнат, па дури се забележуваат и првите знаци на економски подем од „нулта точката“.

Две нешта во овој момент се најважни и мошне опасни, а имајќи ги предвид можните (реалните) последици: д0делените милијарди евра и долари за „спас“ на националните економии кои, наводно, „автоматски“ ќе ја извлечат од веќе длабоката рецесија и светската економија, и првите знаци на протекционизам кај некои од најмоќните земји. Поларизацијата на светот, а најнапред дезинтеграцијата на ЕУ (регионализација или „растурање“),  е веќе започната и тешко дека ќе биде запрена. Освен ако… (повеќе..)

Бурна реакција против папата кој се спротивстави на употребата на кондоми

март 23, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Неесфатливо и неприфатливо е „папското раководство“ во Ватикан и самиот папа да не ги предвиделе и пресметале реакциите поради негативната (остра) изјава во врска со користењето на кондоми во борбата против СИДА- та. Без оглед што ставот на Ватикан за безбедниот секс и воопшто сексуалниот однос, оплодувањето, раѓањето на нов живот, абортусот итн. (освен „општата збунетост“ поради бројни примери на педофилија помеѓу папското свештенство), е одамна познат.

Сепак, реакциите се сигурно „над очекувањата“, поради што веројатно во наредниот период ќе следи „затишје“, „премолк“, а можеби и мало „ретерирање“ колку „да се смират духовите“.

(повеќе..)

Македонија и нејзините „вундеркинзи“

март 20, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Македонија мора радикално да го промени односот спрема младите таленти- генијалци („вундеркинзи“) во сите области. И тоа не откако ќе се покажат- докажат самите во светот,  индивидиуално, најчесто единствено со сесрдна поддршка на родителите, туку да бидат забележани пред тоа, на кои ќе им бидат овозможени максимални (вонредни) услови за нивниот развој.

Не затоа што ги нема доволно (во спротивно не би биле тоа) и не поради тоа што тие најмногу и најбрзо можат да го придвижат севкупниот развој или на областа во која тие се „раѓаат“. Пред се и најмногу поради нив самите, нивниот непречен индивидуален напредок и се она што допрва ќе „излезе“ од нив.

(повеќе..)

Нова еколошка катастрофа

март 14, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Она што се случува на 60 километри долгото австралиско крајбрежје претставува уште едно од последните предупредувања на човековата „цивилизација“ (овојпат со полно право во наводници) од страна на планетата Земја: доколку се продолжи со вакви (не)природни катастрофи, живиот свет во планетарниот систем не ќе може да се одржи, ќе почне се поинтензивно да исчезнува. Природата одамна ја изгубила својата рамнотежа, па со драстичните климатски примени само се обидува да (си) го спаси (пре)останатото. (повеќе..)

И Македонија со нуклеарна централа

март 07, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Дали сте „за“ или „против“ нуклеарните централи?- е прашање кое постојано се поставува, се проверува во секоја земја штом ќе се спомне нејзина- нивна (можна) изградба. Одговорите се одамна познати: „за“ се главно енергетичарите кои ги потенцираат позитивните страни, а пред се производството на евтина електрична енергија, а „против“ најчесто еколозоите, но не само тие, поради нуклеарниот отпад кој претставува придружен и постојан проблем, но и од можните хаварии со катастрофални последици. Треба да се има предвид и укажувањето дека нивната изградба е многу скапа.

Се разбира, вистинскиот одговор е некаде на средината, но треба да се има предвид фактот дека сите земји што ги немаат веќе се соочуваат и допрва ќе се соочат со „горештиот“ проблем- недостиг на струја за чиј увоз (токму од „нуклеаризираните“) ќе плаќаат се поголема цена.

(повеќе..)

Неприфатлив „реципроцитет“

март 02, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Она што се случи синоќа во Охрид- испишување на навредливи графити на данајски (грчки) автобуси, е вандалски чин што секој добронамерник, просечно културен човек не го прифаќа, туку го осудува. Повеќе од јасно е дека се работи за „вратка“ на она што некои (се уште неоткриени) данајски (грчки) примитивци, заробени, идеолошки замрачени, наци- фашистички умови не така одамна на неколку наврати им го правеа на македонски граѓани (исто, слично и дури поварварско, поунижувачко). (повеќе..)

Една од најголемите последици на глобалната криза: распаѓање на ЕУ!

февруари 10, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле 2 Comments →

Се разбира, не мислам дека сум првиот, но знам дека сум еден од ретките кај нас и во светот кој со многу аргументи предвиде- предвидува скорешно распаѓање на ЕУ. Тие, арументите, од ден на ден се множат се повеќе, што ми дава за право да се корегирам во однос на времето: веројатно ќе биде „премногу“ брзо (во однос нa „прилагодувањето“ на оние во неа и оние надвор од неа). Всушност, може да се каже дека процесот е веќе интензивен, а „враќањето“ станува се потешко, дури невозможно.

Што се однесува на НАТО, неговото „растурање“ може да се случи буквално преку ноќ, исто или слично како Варшавскиот договор. Бидејќи е лабава и станува се полабава воена, особено не безбедносна алијанса. А сегашната воено- политичка „позиционираност“, со оглед на моќта и влијанието, е безначајна, освен кога се работи за трговијата со оружје во рамките на „НАТО- стандардите“. (повеќе..)

Виновникот за епидемијата на заушки мора да одговара!

февруари 05, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Епидемија на заушки во Република Македонија?! Можно ли е? Во 21-ов век?! А кој ја предизвикал, да се појави по цели 17 години? Кој не ја спречил со она што го прави редовно целиот здравствено нормален свет? Нема кој?! Никој не е одговорен, никој виновен?

Можен Марфиев закон (за мојата рубрика „Јас и Марфи“ во „Паноптикум“) : Кога нема лична- индивидуална одговорност, не може да има ниту колективна. Доколку колективот не е составен од индивидуалци, туку од колективни колективци.

Немало и нема колективна, туку само индивидуална? Не е точно! Секогаш ја имало и ја има кога нема индивидуална. (повеќе..)