Subscribe

Archive for the ‘Антрфиле’

Ново 64-то издание на Канскиот филмски фестивал

мај 11, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Годинашниов фестивал свечено го отвори италијанскиот синеаст, 70- годишниот Бернардо Бертолучи. На традиционалната церемонија надвор од натпреварувачката селекција беше прикажан новиот филм на Вуди Ален „Midnight in Paris“.

(повеќе..)

Грција во колапс

мај 11, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Нашиот јужен сосед веќе цела година се соочува со повремени штрајкови, откако Владата на Папандреу поради незапаметената економска и финансиска криза е принудена да воведува остри мерки на штедење.

Денешниот 24- часовен генерален штрајк, со засега 8-мина повредени, сигурно нема да биде последен. Реакциите и отпорот на народот од ден на ден се се поголеми.

(повеќе..)

Убиен или не?

мај 03, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Поентар, Антрфиле No Comments →

Најновите вести се повеќе го доведуваат под сомнеж успехот на САД. Најнапред дека фотографијата на убиениот Осама бин Ладен е фотомонтажа-проверено и потврдено. А се јавуваат и тврдења дека тој е жив!

Каква последна- претсмртна видео порака снимил Ладен?

Очекувано одговор на Ал Каеада: први жртви на одмазда

(повеќе..)

Несомнен успех: ликвидиран терористот број 1 на светот Осама Бин Ладен

мај 02, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Радост, восхит, еуфорија за едно убиство. Веста за ликвидација на најбараниот терорист ја соопшти лично американскиот претседател Барак Обама со оценка дека правдата е конечно задоволена. Смртта на лидерот на Ал Каеда сигурно ќе ја поттикне оваа организација на нови терористички акции. Осама Бин Ладен е убиен во операција на американската елитна противтерористичка единица.

(повеќе..)

Разурнувачки земјотрес и цунами во Јапонија

март 13, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Се уште нецелосните проценки говорат за повеќе од 10.000 загинати во префектурата Мијаги, а засега официјалната бројка на загинати е 1.300, а како резултат на земјотресот и цунамито кои во петокот ја погодија Јапонија.

(повеќе..)

Почина Гари Мур

февруари 06, 2011 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Од живите се пресели во мртвите музички легенди. Прерано, особено ако се има предвид генијалноста и творечката енергија кои сигурно ќе создадеа уште недоброј врвни остварувања.

Прочуениот гитарист почина денеска на одмор во Шпанија во 58. година од животот.

(повеќе..)

Според Буш, Македонија во НАТО

декември 21, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

(05.04.2008.)

Најголемата поддршка што во последно време САД и ја даваат на една земја е Република Македонија. Во подолг период, а вистинска кулминација доживеа на штотуку завршениот самит на НАТО во Букурешт- Романија. Тоа не значи никаква утеха за „поразот“ со недобивањето на покана за членство (во наводници зашто веќе го искажав и аргументирав ставот дека всушност е поразена, и тоа жестоко, Грција- удавена во сопственото примитивно националистичко мочуриште), туку нешто што веќе ги загрижува и нашиот јужен сосед (поради последиците од „Пировата победа“ која е пред се над најмоќната сила на светот), но и нејзините европски сојузници во НАТО (не сите). Ова особено се однесува на земјите од „стара Европа“.

(повеќе..)

Берлускони си го „окрка“

декември 15, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Не се работи за некаков политички реваншизам или казна за се она со што ја срамотеше и ја срамоти Италија: Берлускони е нападнат, удрен в лице со сувенир- скулптура од миланската катедрала фрлена од млад психички нестабилен човек кој во меѓувреме му се извини. Последиците се мошне непријатни за „имиџот“ на италијанскиот премиер: без два заба, скршен нос, повредена усна.

Дали инцидентот барем малку ќе го „вразуми“ Берлускони, да ја намали „дозата“ на забава и иритирање на јавноста? Тешко да се поверува.

(повеќе..)

Вообичаени во овој период од годината: поплави во Велика Британија

ноември 20, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Досега нјаизобилните врнежи од дожд, регистрирани во оваа земја во историјата на следењето на метеоролошките збиднувања, предизвикаа големи поплави на северот на Англиј со катастрофални последици.

Меѓутоа, во изминативе неколку години- минатата, предминатата (лани во септември, а во 2007. на крајот од јули) се случувало истото- поплави со големи последици и жртви (лани во Велс, југозападна и северните предели на Англија).

(повеќе..)

Масакр во американската воена база „Форт Худ“ во Тексас: 13 жртви на поулавен психијатар

ноември 06, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Освен 13- темина настрадани, ранети се уште 30- мина, а воениот психијатар мајор Малик Надал Хасан не е мртов, туку е тешко ранет и се наоѓа во болница во стабилна состојба.

Ова е една од најголемите загуби на војници на САД од војните во Ирак и Авганистан.

(повеќе..)

За што се доделува Нобеловата награда за мир

октомври 10, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Иако не е логично (како за што кога се доделува за мир?), прашањево е сосема на место. Го поставуваат многумина експерти, угледни светски аналитичари, а помеѓу нив и по некој домашен (не мислам само на мојата дребност).

Можеби е попрецизно (не поточно) тоа да се праша Нобеливот комитет што годинава му ја доделија на американскиот претседател Барак Обама: за што, односно за какво или какви дела (победа/победи) кои би можеле (требало) да ги именува? (повеќе..)

А кој очекува датум за преговори?

октомври 07, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

На А1 ТВ, пред се на новинарите од информативната редакција ,треба да и се признае очигледната предност во однос на другите електронски медиуми, а особено кога станува збор за професионалноста и ексклузивноста во нејзини рамки. Воопшто не изненадува тоа што единствено оваа македонска телевизија дојде „предвреме“ до нацрт- текст или работна верзија на најновиот извештај на Европската комисија, со „акцент“ дека во него нема препорака за почеток на преговори на Република Македонија за членство во ЕУ.

(повеќе..)

Уште една еколошка катастрофа

септември 23, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Светот со интерес, а пред се со љубопитство ја проследи пуситнската бура во Австралија, во најголемиот град Сиднеј. Меѓутоа, малкумина коментираат дека последиците од неа не се само моментни, туку допрва ќе следат. Не само за Австралијците. (повеќе..)

Не двојна формула, туку алтернатива- алтернативи

јули 31, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Ништо ново во разговорите и преговорите околу спорењето (не станува збор за спор, ниту за билатерален проблем) на Данајската република (Грција) на името на нашата држава. Оптимизмот на Метју Нимиц по најновата рунда разговори (околу проблемите што ги „оптоваруваат“ преговорите) е сигурно одново разнишан, ако не и „збришан“ по повторениот став на Груевски за двојна формула како „природна позиција на Македонија“, а особено по денешната закана на Бакојани дека нејзината земја ќе продолжи да ја блокира евро- атлантската интеграција на Република Македонија се до изнаоѓање, односно „прифаќање на сложено име со јасна географска одредница за севкупна употреба“.

Време е Македонија да го преземе неопходниот чекор: да ги прекине преговорите (има многу аргументи за тоа), а да продолжи многу посилно и позабрзано на достигнување, па и надминување на евро- атлантските стандарди. Со што на јужниот сосед и неговите сојузници нема да им се даде уште една шанса за покажување на сила и ароганција. Поточно, како што е се поевидентно, да ја продолжат специјалната војна против неа.

(повеќе..)

Охридско лето 2009- Се било, е и ќе биде…музика

јули 12, 2009 By: Димитровски Љупчо Category: Антрфиле No Comments →

Најголемата летна културна манифестација во Македонија по традиција и годинава започна со спектатуларен музички настан, иако таа одамна не е само музичка, туку, најконкретно, музичко- драмска. Можеби нејзиното 50- то издание ќе ја воспостави „нарушената рамнотежа“- да започне со исто така спектактуларна драмска или, можеби најдобро, мултимедијална претстава.

Како и да е, Енио Мориконе одамна требаше да гостува на „Охридско лето“, се разбира со посебно внимание и почит. Тоа го потврди и со вечерашниот концерт посветен на неговото богато музичко творештво во Античкиот театар во Охрид.

(повеќе..)