Subscribe

Archive for the ‘Акценти’

Кампања и/или спроведување на закон

декември 24, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Денеска започнува нова кампања на Владата на Република Македонија „Стоп за насилството на спортските терени“. Ја презентираа министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Драган Ѓурчевски и преттавници на 4- те најголеми национални федерации- фудбалската, кошаркарската, одбојкарската и ракометната. Таа има за цел преку едукација да ги спречи зачестените инциденти на спортските терени во Република Македонија.

(повеќе..)

Антивладин и социјален бунт во Данајската република (Грција)

декември 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Што се случува во Данајската република (Грција), во „лулката на демократијата“? Зарем е можно поради едно „несреќно“ убиство на тинејџер со денови и ноќи да се случуваат жестоки, протести, безредија, судири со полицијата, масовни апсења?

Нашиот јужен (не)добрососед е пред економски, социјален, политички, сеопшт колапс, а Г-нот Караманлис не ни помислува да поднесе оставка, односно да го прифати барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори. Очигледно дека ќе биде принуден. Само е прашање веќе не на ден, туку на час.

Уште поважно: зошто ЕУ- сојузниците на Атина (па и НАТО-вските) како ноеви ги пикнале главите в песок? Со кое право на кандидатите за членство во Унијата и Алијансата им поставуваат се нови и нови „бенџмаркови“ кога во своите „редови“ имаат ваков член?

(повеќе..)

ОКТА: загадувач со кого наместо да се казнува- се договара!

ноември 25, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти 1 Comment →

Tребаше да се кренат на нозе жителите на селата Бујковци и Миладиновци, да го блокираат влезот, да не дозволат нормално работење на ОКТА- редовен дотур на нафта и мазут, да измрзнуваат со денови, да протестираат цели 9 дена, за конечно Владата на Македонија и рафинеријата да се договорат дека таа повеќе нема да ја загадува околината, нема да ги труе, да им ги загрозува животите!

Вакво нешто не може да се случи во ниедна „нормална“ држава. Во „нормалните“ (читај: правни, функционални, сериозни, стабилни, со ред и поредок итн.) таков безобразен загадувач, кој дури лаже дека не труе, дека работи според нормите, дека ги исполнува „сите услови“, веднаш се казнува и се казнува и се казнува… и се „запечатува“ се додека не се „опамети“. (повеќе..)

Косово допрва европски проблем

ноември 19, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Всушност, Косово отсекогаш било, е и ќе биде пред се, а може да се рече и единствено европски проблем. Освен ако како „неевропски“ се третира геостратешкиот интерес на САД (реализиран преку НАТО). И тоа како дел од тн. Западен Балкан кој ЕУ не сакаше односно не сака да го интегрира, да го прими во „своите редови“, па до ден- денес си игра „дрн- дупка“ со поставување на се нови и нови, кој од кој поапсурдни и поступидни услови (драстичен „контра“ пример е Кипар). Косово и Западниот Балкан („топтан“) станува и допрва ќе стане голем- огромен проблем за Унијата, особено по политичката рецесија која неминовно ќе ја зафати како последица на економската. (повеќе..)

16-ти октомври- Светски ден на борбата против гладта и на храната

октомври 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Загрижувачки, дури стравични податоци:

На овој ден, денеска, повеќе од 850 милиони луѓе се на ивица на гладта или на гладуваат, иако правото на храна е едно од темелните човекови права. Тоа право се повеќе се интегрира во националните устави и законодавтсвото.

(повеќе..)

Специфичен и поучен пат на Турција кон ЕУ

септември 16, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Турција може да биде поучна за сите земји- аспиранти на членство во ЕУ: дека е добро и треба да се настојува да се чекори со што побрзи чекори кон европското семејство, но не и премногу брзо, особено не во корист на сопствената штета. Имено, оваа земја е несомнено најголемиот- повеќедецениски „чекач“ за влегување во Европската унија. Нема пример на толку „специфичен“ однос на Брисел, пред се на „главните“ во него. Многупати досега му покажувала „заби“, не отстапувала од своите принципи, ставови, заложби, дури и се заканувала со прекин, па и ги прекинувала преговорите постојано нагласувајќи дека на Турција и е потребна ЕУ, но многу повеќе на ЕУ и потребна Турција. (повеќе..)

Нова иницијатива на Србија во ОН за независноста на Косово

септември 15, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Интересни ставови и најави на српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ во интервју за грчкиот весник „Елефтеротипија“:

Белград нема да ја признае независноста на Јужна Осетија и Абхазија, и покрај руската поддршка во однос на прашањето за Косово.

Србија ќе побара одлука од Генералното собрание на ОН да се постави пред Меѓународниот суд прашањето за законитоста на едностраното прогласување на независноста на Косово.

(повеќе..)

Уште една авионска несреќа годинава

септември 14, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Нема ништо случајно?

Ако се направи хронолошки пеглед на најголемите авионски несреќи во светот  од 2000-та година до денес, ќе се утврди дека освен во 2003-та, кога се случиле 2 и во 2004-та една, годишно се случуваат 4- 5 несреќи со трагични последици (ретки преживеани). Рекордна е 2002-ра со 6 големи авионски несреќи:

2000- 4, 2001- 4, 2002- 6, 2003- 2, 2004- 1, 2005- 6, 2006- 4, 20007- 5 и годинава досега 3.

Статистиката е сурова, во неа „влегуваат“ и од неа „излегуваат“ само бројки и проценти, но со нејзина помош често се изведуваат мошне валидни заклучоци кои можат дури и да антиципираат некои нешта. Се разбира, не може да стане збор за „нечија“ намера, но аналитичарите би можеле да се позанимаваат со посочениот просе, особено во споредба со фреквенцијата во авиосообраќајот во одделни периоди во годината, во одделни региони и сл., па евентуално и да препорачаат превентивни мерки. Дотолку повеќе што најчеста причина за авионските несреќи не е човечкиот, туку техничкот фактор. (повеќе..)

„Еколошка главоболка“ на Владата на Груевски

септември 13, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Има во животот и работата, во индивидуалното и колективното дејствување некои нешта кои, ако навреме не се направат, извршат, реализираат, ако ги одолговлекувате од кои било причини, а особено од личен или „заеднички“ интерес (со на некој друг/ некои други), може да ве доведат во непријатна ситуација, да ви се удрат од глава. Па потоа да ви пука главата од болење, а ниедно „аспиринче“ или „кафетинче“ да не може да ви помогне. На пример, еколошката состојба во земјава.

Колку од домашните капацитети работат според европските еко стандарди и дали се спроведуваат законите? (повеќе..)

Од парно ни е преку глава, ама трпеж- крпеж: иде гасот!

септември 11, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Така е кога си имаш монопол, кога нема макар уште еден на пазарот, макар колку за „симболична“, мислам договорена, „заедничка“ конкуренција (претпоставувам дека знаете што е тоа картел и оти таа би можела да се случува и при повеќе „субјекти“): бараш нова цена од некаква си Регулаторна комисија која е, нели, пред се и над се независна, демек деполитизирана, експертска и слично на тоа; барањето го „пумпаш“ до небо според „економскиот“ принцип „Барај многу повеќе за да добиеш колку што сакаш“; ја добиваш „реалната“ цена и си тераш по своему. Ич мува не те лази, ко што рекол еднаш некој од градските селани.

(повеќе..)

Должно внимание спрема една предлог- резолуција

септември 10, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Иако се чини задоцнета, па и непотребна со оглед на барањата односно „последиците“, сепак власта и Парламентот (пред се мнозинството во него) треба сериозно да ја рагледаат иницијатвата на НСДП за донесување на резолуција за „решавање на спорот за името на Република Македонија. Пред се како „прилог“ во „развојот“ на политичкиот дијалог на кој постојано инсистира „меѓународниот фактор“, пред се ЕУ.

Зошто сметам дека е таа задоцнета односно непотребна? Од проста причина што ако нешто во последниве години е „максимално“ транспарентно, тоа се сигурно преговорите со нашиот јужен сосед. Познато е или брзо се дознава и за она што останува во „дипломатските ракавици“. А нема ништо ново во однос на бараните „обврски“ за државниот врв. И без резолуција стратегијата на Република Македонија е јасна и одамна единствена, заедничка на сите.

(повеќе..)

Во очекување на смртта на уште еден претседател

септември 10, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Може ли смрт на еден претседател да предизика такви потреси на меѓународната сцена што и опстанокот на земјата да биде доведен во опасност, но и да дојде до „почеток на нова историја“ кој, пак, едновремено значи бришење од меморијата на народот на се пред неа? Во блиското минато се покажа и докажа дека може, особено ако се работи за личност која „очите на демократијата“ ја гледаат како авторитарна, тиранска, па и злосторничка (спрема сопствениот народ), опкружена со верни и послушни поданици ,со чија помош цврсто држи се во своите раце.

Како најеклатантен пример за тоа често се наведува поранешната СФРЈ, која почна да се распаѓа „наредниот ден“ по смртта на Јосип Броз Тито. Макар што мнозина (помеѓу нив и мојата дребност) сметаат дека нејзиното распаѓање започна многу поодамна, а Тито никако не би можел да се „смести“ во групата на авторитани, тирански, па и злосторнички личности (дури ни „Голи оток“ не е негово непосредно злосторство). Напротив, несомнено е, и се повеќе се открива и потврдува, дека бил авторитетна, „обединувачка“ личност, но пред се еден од најголемите и највешти политичари и државници во светската историја.

(повеќе..)

Интересот и зависноста

септември 07, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Процесите на глобализација и регионализација, кои напоредно се одвиваат  на светската сцена, исфрлија на површина два основни „критериума“ за опстој и перспектива и на големите и на малите држави, и тоа со подеднаква важност: интерсот и зависноста. Нивното „функционирање“ едновремено ги маргинализира сите останати- слободата, самостојноста, еднаквост (во различностите), па и демократијата во суштинска смисла (како владеење на народот). Особено (из)губи од вредноста и значењето независноста на државите. Таа воопшто и не се спомнува, како да се подразбира со самото нивно постоење. А таму каде што се борат за неа (и со оружје в раце) се смета дека се работи за неизживеан национализам, анахронизам, „заблудување“ на народот од страна на освојувачи на власта или квазилидери итн.

(повеќе..)

Што се „тркала“ помеѓу Русија и САД преку Грузија

септември 06, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Некои аналитичари и експерти (пред се странски) сметаат дека помеѓу Русија и САД се уште не започнала нова Студена војна, туку односите се „само“ заладени до „крајни граници“. А доволно е да ги проучат почетокот, текот и  крајот односно целата содржина (суштина) на веќе дамнешната Студена војна, да им додадат сегашни, „современи елементи“, да ги поврзат „жиците“, па сигурно ќе заклучат дека  токму тоа- заладувањето до „крајни граници“ е нејзиниот почеток.

(повеќе..)

Две американски „несекојдневни“ топ теми

септември 04, 2008 By: Димитровски Љупчо Category: Акценти No Comments →

Има ли врска помеѓу конвенција и ураган? Ако ја има, која е , каква е, од каков „материјал“ се состои? Цврста ли е или мека, тенка ли е или дебела?

Не барајте во речници и енциклопедии. Можеби нешто што ќе ве задоволи ќе најдете во речници и толковници на симболи. На пример, таа е во масовноста: конвенцијата е „масовен“ договор или собир за поддршка (овојпат го оставаме настрана „главното“ значење- договор помеѓу две држави со кој се регулираат меѓусебните правни, политички и економски односи), a ураганот минува низ огромна територија во „договор“ помеѓу силните ветришта, молњите, темните облаци; во силата: договорот односно поддршката е мошне силна, цврста, „акламациска“, а за силата, па и „акламативноста“ на ураганот не треба да се трошат зборови; во последиците: конвенцијата или договорената поддршка ја „краси“ вербата, убеденоста, „светлата перспектива“, заборавајќи на евентуалните претходни „пустошења“ во некои „клучни области“ на животот, на изминатите години, а „слична“ пустош остава ураганот го остава кога ќе „удри“, откако ќе се „изнаработи“ нема зборови.

Можеби „најсилна“, „најцврста“ симболичка врска помеѓу конвенцијата и ураганот е навиката. И кога на конвенцијата се поддржува исто (иста програма, иста личност или партија) и кога ураганот дејствува во разурнувачка категорија, без оглед на името со кое е „крстен“.

(повеќе..)