Киднапирање на „извалкан“ политичар
Можно ли е во Република Македонија да се случи киднапирање на политичар? Досега не се случило, не е верно дека наскоро ќе се случи, но никогаш не се знае. Во моментов прашањето е дали тоа некој го заслужува, односно зошто некој би го сторил тоа. Најважно: киднапирањето е најчесто „поддржано“ со барање на поголема сума на пари за откуп. Тоа, пак, претпоставува и цена- вредност (различна) на македонските политичари. Која е цената- вредноста на актуелниве? Илјадници, милиони евра?
Она што е познато е дека врвните- на највисоките државни позиции (но и во опозицијата) вообичаено имаат „цврсто и широко“ лично обезбедување, вообичаено по неуспешниот атентат на Киро Глигоров на 3- ти октомври 1995- та година.

Не велам дека во нашево општество (па и држава) нема почит, туку постои веќе хроничен недостиг од него кога се работи за творештвото- делото, за нивните автори, за она што значи најголемо, може да се рече и единствено препознавање во светот. Нема потреба од приведување на недоброј примери како аргументација. Доволно е да се спомне „освестувањето“ дека имаме извонредни личности (творците се пред се тоа) што одвреме- навреме ни го приредува „странството“, кога ќе награди со своја награда- признание некој „наш“ кој успеал да му се претстави, да му се наметне со создаденото и/или создаваното.
Граѓаните на главните (најразвиените и, следствено, највлијателните) земји- членки на ЕУ не би требало да бидат загрижени, поточно уплашени од натамошно ширење на унијата, затоа што тоа (ќе) паѓа врз нивниот грб како даночни обврзници, туку сериозно да се замислат за преголемата и прескапа „бриселска“ бирократија. Пред се да се запрашаат и да се обидат да (си) одговорат за што, за каков конкретен секојдневен ангажман земаат енормно високи плати.
Делегатите на Собранието на Ракометната федерација на Македонија со мнозинство на гласови го избраа Михајло Михајловски за претседател, досегашен в.д. на оваа функција. Негов конкурент беше Минчо Јорданов. Како што е познато, тој е спонзор на Вардар Про и МРК Вардар, а пред оставката на Трифун Костовски беше еден од потпретседателите на РФМ.
Неспорно е дека Владата на Македонија е пред сериозен проблем: една навистина апсурдна законска одредба остава на улица илјадници професионални војници со наполнети само 38 години. Нешто итно мора да се стори, притоа имајќи ги предвид НАТО-стандардите, односно решенијата во земјите- членки на Алијансата.
Како што се очекуваше и најавуваше, без оглед што гласачите во Макдонија за првпат ќе бидат во „необична“ ситуација- едновремено ќе гласаат и за нов претседател на државата и за градоначалници на своите општини сосе советници, уште на стартот е јасно дека се ќе биде „стандардно“, што значи веќе видено, чуено, со „сигурна и проверена“ форма и содржина. Оние што барем малку повнимателно и поинтензивно ги следат севкупните состоби во земјава и нејзината позиција (проблеми) на меѓународен план, по денешните „промотивни“ митинзи немаат причина да продолжат да ја следат кампањата, особено не преку медиумите- и електронските и печатените.
И покрај заострените мерки на заштита пропишани од страна на власта по серијата несреќи во рудници за јаглен во Кина во текот на 2007 -ма година, се чини дека тие уште долго ќе се случуваат. Можеби и почесто, бидејќи безбедноста е на многу ниско, недозволиво ниво.
Резултатите што како занимливост ги презентираа сите големи и мали медиуми во светот (освен оние на кои не им се допаднале) наметнуваат една од „вечните теми“ (доколку се согласуваме дека постојат такви во животот и дејствувањето); се поактуелна во ова наше пресвртно време, кое со глобалната економска криза најавува нова страница во развојот на човековата цивилизација: политички лидер.
Да, крајно е време Владата, министерствата, медиумите и новинарските здруженија да седнат на една маса, да го постават и да почнат да го решаваат проблемот на заштита на македонските новинари при вршењето на нивната задача, но и на физичка и егзистенцијална- од закани, напади, претепувања, неплаќање на трудот, на авторството, загроза на достоинствената живеачка, од економско- политичка зависност. Се разбира, тоа е процес кој не може да трае кратко, но мора да се почне, да се „отвори“ час поскоро, доколку ни се важни опстојот на демократијата, на слободата на мислата, промислата и зборот, на индивидуалното и колективното единство на различностите.
Што значи резолуцијата за Косово што ја донесе Европскиот парламент, а со која се повикуваат членките на ЕУ кои не го признале да го сторат тоа? Се разбира, за властите на Косово значи многу, многу и за неговите најголеми поддржувачи (и во земјите на ЕУ), но за „прозваните“ не значи ништо. А големо прашање е дали воопшто значи нешто и за неговата иднина- перспектива.
Во најава на два настана е констатирана „политичка пролет“, но со сомнежи дека таа не е можна среде зима. И двата се однесуваат на претстојните претседателски и локални избори, а „симболиката“ е всушност оптимизам дека предизборната клима гарантира оти (конечно) во Република Македонија ќе бидат организирани регуларни, фер и демократски избори, но и стравување или сомнеж дека е тоа така, па и најава дека ќе се случат некои „репризи“. 

Светот како да очекуваше и се уште очекува „некаде“ да почне војна, поучен од таквото „ефикасно и брзо“ решавање на регионални и глобални економско- политички кризи. Сепак, судејќи според рамнодушноста, особено на најмоќните, оние во чии раце е судбината на светот (така е, без оглед дали тоа му се допаѓа некому или не), пред се едностраните поддршки, тоа „некаде“ не е појасот Газа и старо- новиот судир помеѓу Израел и Хамас. Допрва ќе се види каде, а во овој момент единствено е сигурно дека „решителниот удар“ на Израел против палестинските екстремисти ќе запре привремено кога за тоа ќе решат неговите поддржувачи, пред се САД.
По неколкунеделните протести кои никако не стивнуваат, а камо ли да запрат, јасно е дека убиството на 15- годишниот тинејџер беше само „иницијална каписла“ за социјален бунт на граѓаните во јужниот сосед. Предводен од левичари, студенти и средношколци, по Нова година се очекува во него да се вклучат и работниците организирани од нивните синдикални организации, социјално загрозените, пензионерите… сите оние што во изминатите месеци (почнувајќи од 2007- ма) демонстрираа против актуелната конзервативна Влада на Караманлис. Тоа ќе значи и нејзина неодложна оставка и принудни предвремени парламентарни избори.




