Резултати далеку од катастрофални, но не и за (големо) задоволство
Надворешната политика на Македонија во 2009-та постигна забележителни и значајни резултати, но многу нешта останаа за сработување и доработка. Клучни се позитивниот извештај на Европската комисија, визната либерализација и децентрализираното управување со помош на ИПА фондовите, а не е остварена поширока дипломатска активност и поврзување со земји надвор од ЕУ, а кои воопшто не се оптоварени со проблемот на Грција во врска со името на нашата земја.
Од друга страна, оценките дека резултатите се „катастрофални“, ситуацијата е „безизлезна“ и е „изгубен угледот во меѓународната политика“ се паушални, дел од опозиционерскиот критизерски манир, во голема мера несериозни и не го поткрепуваат барањето на „доза на самокритичност“.

Германските избирачи го потврдија (поздравија) досегашното успешно раководење на Ангела Меркел со модерната и моќна Германија и и доверија уште еден мандат. На изборите во неделата (27.09.) тие и дадоа можност да формира нова влада на десниот центар.
Уривањето на двата авиона на „Ербас“, како и повеќе поранешни инциденти со мали последици или без нив (помал број на жртви, принудни слетувања поради дефекти и сл.), нема посериозно да го загрозат имиџот и бизнисот на оваа „паневропска“ авио- компанија, пред се во однос на безбедноста на летовите и продажбата на овој тип на патнички авиони.
Конференцијата на македонската дијаспора е од исклучително значење за Република Македонија, за Македонците во целиот свет. Таа потврдува подготвеност за организирано и засилено заедничко дејствување во одбраната и афирмацијата на македонскиот идентитет, особено во овие клучни моменти на негово оспорување. Клучни затоа што по дефинитивното паѓање на маската на данајското лице на јужниот сосед, на неговото политичко водство- дека не се работи за негов проблем со името на земјава (не уставното), туку со иадентитетот на македонскиот народ, може да се очекувам всушност веќе се случува „последната офанзива“. Имено, во наредниот период (недели, месеци) Данајската република (Грција) и нејзините сојузници во ЕУ и НАТО ќе вршат се пожесток притисок врз македонското државно раководство „проблемот“ да се реши што поброз со негова „флексибилност“ (а не со обостран разумен компромис). Зашто едноставно, времето никогаш не било, ниту може да биде на страната на таквите- со паднати маски.
Со потпишување на изјава во Собранието, Ѓорге Иванов ја презеде функцијата Претседател. На свечената инаугуративна седница на која, освен премиерот Никола Груевски и владиниот кабинет, претставници на други државни институции, на дипломатскиот кор, на судството, на верските заедници , присуствуваа досегашниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски и првиот на независна Македонија Киро Глигоров, како и претседателите на Хрватска, Србија, Албанија и Црна Гора, Иванов вети дека во наредните пет години совесно и одговорно ќе ја води земјата и ќе биде претседател на сите граѓани. Во кусиот, но мошне експлицитен и прецизен говор, тој уште еднаш ги потенцира главните заложби од политичката агенда што ја промовираше во предизборната кампања- внатрешна стабилност на државата, здрави меѓуетнички односи, економско закрепнување на земјата, влез во ЕУ и НАТО и тесна соработка со сите соседи, особено со Грција.
Судскиот процес на терористичката група во САД и самата пресуда на браќата родени во Дебар немаат никакво значење, а најмалку „товар“ кој би требало да предизвика некаков „специјален“ ангажман. Што ќе рече останува во доменот на „внатрешните работи“ и „мало камче“ во мозаикот наречен „Борба против светскиот тероризам“.
По повод почнувањето на „правната битка“ за Косово пред Меѓународниот суд на правдата, со предавањето на поднесоци на 17- ти овој месец од страна на правните тимови на Белград и Приштина, мошне широко во светот одекнаа две изјави односно два става на видни личности, со мошне цврсти аргументи за





